Мајли Rej Сајрус (англиски: Miley Ray Cyrus; родена како Дестини Хоуп Сајрус на 23 ноември 1992) ― американска пејачка, текстописец и глумица. Се смета за поп-икона и е нарекувана „тинејџерска кралица“ од 2000-тите. Исто така, се смета за еден од ретките примери на деца ѕвезди со успешна кариера како возрасни.[2]

Мајли Сајрус
Miley Cyrus
Мајли Сајрус 2017
Животописни податоци
Родено имеДестини Хоуп Сајрус
Познат(а) и какоДестини Сајрус
Роден(а)23 ноември 1992(1992-11-23)(32 г.)
Нешвил, Тенеси, САД
Жанровипоп[1]
Занимањапејачка, актерка, авторка, композиторка, музичарка
Инструментивокал, гитара, пијано
Период на активност2003–до денес
ИздавачиHollywood Records
Fascination Records (UK)
СоработнициБили Реј Сајрус, Jonas Brothers, Селена Гомес, Деми Ловато, Тимбаленд,Сиера
Мреж. местоwww.MileyCyrus.com

Малји Сајрус на 13-годишна возраст ја добила главната улога во тинејџерската ТВ-серија Хана Монтана (2006 ― 2011) и набрзо станала тинејџерски идол. Под името Хана Монтана објавила два саундтрак-албуми кои се искачиле на прво место на Билбордовите топ-листи. Соло кариерата ја започнала со издавањето на поп-рок албумите: Meet Miley Cyrus (2007) и Breakout (2008); „Party in the U.S.A.“, водечки сингл од нејзиното EP The Time of Our Lives (2009), станал еден од најпродаваните синглови на сите времиња во САД, а подоцна од RIAA бил сертифициран со тринаестеткратен платинест тираж. Во 2010 година го издала денс-поп албумот Can't Be Tamed. Значително го променила имиџот и музичкиот стил со објавувањето на хип-хоп и R&B-албумот Bangerz (2013), со кој по петти пат се искачила на прво место во САД, а кој ги содржел и сингловите „We Can't Stop“ и „Wrecking Ball“. „Wrecking Ball“ бил нејзин прв сингл на прво место на Billboard Hot 100. Потоа се впуштила во експерименталниот стил на Miley Cyrus & Her Dead Petz (2015), го прифатила кантри-попот на Younger Now (2017) и се впуштила во рок и синт-поп со Plastic Hearts (2020). Откако потпишала со Columbia Records во 2021 година, Сајрус го издала нејзиниот осми студиски албум Endless Summer Vacation (2023). Песната „Flowers“, водечки сингл од албумот се искачила на врвот на топ-листите на меѓународно ниво и поставила многу рекорди. Песната освоила две Греми награди меѓу кои и за „Запис на годината“, а албумот бил номиниран за албум на годината.

Таа глумеше во филмовите Молња (2008), Хана Монтана: Филм (2009), Последната песна (2010), LOL: Live It Up (2012) и Тинејџерски таен агент (2013), а потоа се појавила во филмовите Чувари на галаксијата 2 (2017) и Drive-Away Dolls (2024). На телевизија, го продуцирала и се појавила во документарниот филм Мајли: Движењето (2013), била ментор во натпреварот по пеење The Voice (2016–2017) и глумела во една епизода од Црно огледало (2019), ја води годишната специјална емисија Новогодишна забава на Мајли (2021–сега) и глумела и била извршен продуцент на документарната концертна емисија Бескраен летен одмор (2023). Во 2014 година, ја основала непрофитната организација Happy Hippie Foundation за чии потреби ја започнала веб-видео серијата Backyard Sessions (2012-2023).

Мајли Сајрус добила многу награди и признанија меѓу кои: две Греми-награди, една награда Брит, пет Билборд-награди, три MTV-видеонагради и поставила осум Гинисови рекорди. Таа се појавилa на листи како: Time 100 (2008 и 2014) и Forbes 30 Under 30 (2014 и 2021). Билборд ја ставил на деветто место на списокот од „Најдобри билборд 200 пејачки“ и на 62-ро место на списокот од „Најдобри пејачки на сите времиња“. Сајрус се наоѓа на осмо место меѓу пејачките со најмногу продадени дигитални синглови сертифицирани од RIAA,[3] а според Billboard е меѓу најуспешните пејачи во 2010-тите.[4]

Живот и кариера

уреди

Детство и почетоци на кариерата

уреди

Мајли Сајрус е родена во Френклин, Тенеси,[5] како ќерка на Летиција „Тиш“ Сајрус и кантри-пејачот Били Реј Сајрус.[5] Била родена со суправентрикуларна тахикардија, состојба која предизвикува абнормален пулс во мирување.[6] Нејзино родено име е Дестини Хоуп Сајрус (Destiny Hope Cyrus), но бидејќи како мала постојано била насмеана, нејзиниот татко Били Реј Сајрус (Billy Ray Cyrus) постојано ја викал smiley, а како рима на тоа е Мајли;[7] во 2008 година официјално си го сменила името во Мајли Реј Сајрус.[8] Кума на Сајрус била кантри-пејачката Доли Партон.[9]

И покрај противењето на издавачката куќа на нејзиниот татко,[10] родителите на Сајрус тајно се венчале на 28 декември 1993 година, една година по нејзиното раѓање.[11] Тие имале уште две деца, синот Брејсон и ќерката Ноа.[12] Нејзинот постар полубрат и постара полусестра се од претходната врска на нејзината мајка Тиш Сајрус.[13] Постариот брат Трејси е пејач во поп-групата Метро Стејшан (Metro Station).[14] Постарата полусестра, Бранди Сајрус, ѝ прави друштво на Мајли на скоро сите нејзини концерти како гитаристка. Исто така има уште еден полубрат од претходната врска на татко, Кристофер Коди кој бил роден во април 1992 година [11] и пораснал со неговата мајка, келнерката Кристин Лаки, во Јужна Каролина.[10][15]

Сајрус детството го поминала на фармата на нејзините родители во Томпсон Стејшн во Тенеси каде што учела во основното училиште.[16] Кога ѝ била доделена улогата на Хана Монтана, семејството се преселило во Лос Анџелес и таму имала приватен учител.[17] Во 2001 година, додека нејзиниот татко ја снимал телевизиската серија Док, таа и нејзиното семејство се преселиле во Торонто. Почнала да зема часови по пеење и глума во студио за глума во Торонто.[18][19]

Првата глумечка улога на Сајрус била улогата на Кајли во телевизиската серија на нејзиниот татко, Док.[7] Во 2003 година, ја глумела „младата Рути“ во Големата риба од Тим Бартон.[20] Нејзините родители, по совет од Доли Партон, потпишале договор со Morey Management Group за нејзината музичка кариера. Менаџерот на нејзиниот татко станал одговорен за финансиите на Мајли Сајрус, а нејзината мајка станала нејзин ко-менаџер.  

2006–2009: Хана Монтана и први музички изданија

уреди
 
Мајли во 2009 година

Сајрус била на аудиција за Дизниевата телевизиска серија Хана Монтана кога имала тринаесет години.[21] И покрај тоа што на почетокот била одбиена за улогата затоа што била „премала и премлада“,[22] подоцна ѝ била доделена главната улога поради нејзините пејачки и симпатично глупави глумечки способности.[23] Серијата била премиерно прикажана во март 2006 година и премиерата имала највисока гледаност на Дизни канал,[24] а за брзо серијата се вброила и меѓу највисоко оценетите серии.[25] Поради успехот на серијата Сајрус била прогласена за „тинејџерски идол“ и била наречена најголема светска детска ѕвезда и глобален феномен.[20][26] Таа, исто така, станала прва личност која склучила договори со Компанијата Волт Дизни за телевизија, филм, музика и други маркетиншки производи.[26]

Сајрус, која потпишала договор за снимање на четири албуми со Hollywood Records, издавачка куќа во сопственост на компанијата Волт Дизни, во јуни 2007 година издала двојно ЦД под наслов Hannah Montana 2: Meet Miley Cyrus. Првото ЦД, Хана Монтана 2, било саундтрак за втората сезона од серијата. Второто ЦД Meet Miley Cyrus всушност бил прв студиски албум на пејачката. Албумот бил подеднакво успешен како и неговиот претходник, а исто така се искачил и на првото место во САД.[27] По издавањето, Сајрус тргнала на турнеја.[28][29] Официјалните претставници од Ticketmaster навеле дека „немало толкава побарувачка за карти уште од времето на Битлси или Елвис “.[30] Успехот на турнејата довело до театрално објавување на 3Д концертниот филм Hannah Montana & Miley Cyrus: Best of Both Worlds Concert (2008).[31]

Исто така Мајли е позната пејачка која има 4 албуми: Meet Miley Cyrus (2007), Breakout (2008), The time of our lives (2009) и I Can't Be Tamed (2010). Таа исто така има и снимено филм "Хана Монтана". Има уште еден филм снимено "The last song".[32] Таа го има позајмено и гласот во цртанот "Bolt".[33] Taa исто така има песна наречена "Send it on" која ја пее со Селена Гомес, Деми Ловато и Џонас Брадерс. Со таа песна тие помогнаа во еден проект за чување на природата.

Спотови

уреди
Спот Година Режисер
Start All Over 2007 Марк Веб
7 Things 2008 Brett Ratner
Fly On The Wall 2008 Филип Анделман
The Climb 2009 Метју Ролстон
Party in the U.S.A 2009 Крис Ејплбаум
When I Look at You 2010 Адам Шанкман
Can't Be Tamed 2010 Роберт Хејлс
Who Owns My Heart 2010 Роберт Хејлс
You're Gonna Make Me Lonesome When You Go 2012 James Minchin III
We Can't Stop 2013 Дајан Мартел
Wrecking Ball 2013 Тери Ричардсон
23 2013 Хана Лукс-Дејвис
Real and True 2013 Rankin
Feelin' Myself 2013 Мајкл Јурковац,Паша Шапиро
Adore You 2013 Дајан Мартел
BB Talk 2015 Мајли Сајрус,Дајан Мартел
Malibu 2017 Дајан Мартел
Younger Now 2017 Дајан Мартел
Nothing Breaks Like a Heart 2018 We Are From LA
On A Roll 2019 Anne Sewitsky
Mother's Dauther 2019 Alexandre Moors
Slide Away 2019 Alexandre Moors
Don't Call Me Angel 2019 Хана Лукс-Дејвис
Midnight Sky 2020 Мајли Сајрус
Who Owns My Heart 2020
Prisoner 2020 Alana O’Herlihy,Мајли Сајрус
Angels Like You 2021 Alana O’Herlihy,Мајли Сајрус
Without You (Remix) 2021
Flowers 2023 Jacob Bixenman
River 2023
Jaded 2023
Used To Be Young 2023
Doctor (Work It Out) 2024 Jacob Bixenman

Наводи

уреди
  1. Deming, Mark. „allmusic ((( Miley Cyrus > Overview )))“. Allmusic. Macrovision Corporation. Посетено на 21 октомври 2009.
  2. Crucchiola, Jordan; Haylock, Zoe; Polk, Milan (June 14, 2019). „Disney and Nickelodeon Stars Gone Pop: A Ranking“. Vulture. Архивирано од изворникот на September 28, 2019. Посетено на October 25, 2019.
  3. „Gold & Platinum – Top Artists (Digital Singles)“. Recording Industry Association of America. Архивирано од изворникот на January 26, 2016. Посетено на February 6, 2024.
  4. Празен навод (help)
  5. 5,0 5,1 „Miley Cyrus Biography“. The Biography Channel. Архивирано од изворникот на May 12, 2015. Посетено на April 7, 2014.
  6. „Miley Cyrus Opens Up About Heart Condition“. mtv.com. MTV. Архивирано од изворникот на March 4, 2017. Посетено на March 4, 2017.
  7. 7,0 7,1 Hiltbrand, David (May 20, 2006). „Miley Cyrus braced for Disney stardom“. The San Diego Union-Tribune. Platinum Equity. Архивирано од изворникот на March 5, 2016. Посетено на May 30, 2010.
  8. France, Lisa Respers (August 25, 2009). 'Eraserhead' director inspired Billy Ray Cyrus“. CNN. Архивирано од изворникот на March 4, 2017. Посетено на July 21, 2013.
  9. Geller, Wendy (January 18, 2013). „Dolly Parton Has A Surprising Family Role–That You Just May Not Know About!“. Yahoo! Music. Архивирано од изворникот на September 7, 2014. Посетено на April 7, 2014.
  10. 10,0 10,1 „Once a Country Superstar, He Got Out of the Spotlight for Fatherhood“. ABC News. The Walt Disney Company. March 13, 2004. Архивирано од изворникот на October 15, 2013. Посетено на August 14, 2008.
  11. 11,0 11,1 Heath, Chris (March 2011). „Mr. Hannah Montana's Achy Broken Heart“. GQ. Архивирано од изворникот на October 6, 2014. Посетено на September 10, 2017.
  12. „Miley Cyrus' Brother Hospitalized With Serious Bleeding“. The Hollywood Reporter. July 15, 2012. Архивирано од изворникот на June 8, 2014. Посетено на April 7, 2014.
  13. Tan, Michelle (July 2, 2007). „My Girl“. People. Посетено на March 7, 2019.
  14. Graff, Gary (June 19, 2009). „Metro Station Ready To Roll With Miley“. Billboard. Detroit, Michigan. Посетено на August 4, 2009.
  15. „Instagram“. www.instagram.com. Посетено на February 9, 2024.
  16. „WCS Teacher Surprises Hannah Montana“. Williamson County Schools. Архивирано од изворникот на March 22, 2014. Посетено на May 30, 2010.
  17. Steinberg, Jacques (April 20, 2006). „Hannah Montana and Miley Cyrus: A Tale of Two Tweens“. The New York Times. Архивирано од изворникот на November 2, 2020. Посетено на June 9, 2010.
  18. Weisz, Marni (March 1, 2009). „Famous Teens: Miley Cyrus“. Cineplex Entertainment. Архивирано од изворникот на February 21, 2011. Посетено на April 13, 2009.
  19. Error on call to Template:Cite interview: Parameter subject (or last) must be specified
  20. 20,0 20,1 Hiscock, John (March 25, 2010). „Miley Cyrus interview: I'm going to hire an acting coach“. The Daily Telegraph. Архивирано од изворникот на January 10, 2022. Посетено на May 30, 2010.
  21. Cyrus, Miley (2009). Miles to Go. Disney Hyperion. стр. 7. ISBN 978-1-4231-1992-0.
  22. Oldenburg, Ann (March 23, 2006). „Lifelong work pays off, says Miley Cyrus, 13“. USA Today. Архивирано од изворникот на April 28, 2023. Посетено на October 1, 2006.
  23. {{{title}}}.
  24. „Miley Cyrus Biography“. TV Guide. Архивирано од изворникот на September 23, 2020. Посетено на May 30, 2010.
  25. Ostrow, Joanne (October 25, 2007). „Disney marketers making most of 'Hannah Montana'. The Dallas Morning News. Архивирано од изворникот на January 16, 2008. Посетено на May 30, 2010.
  26. 26,0 26,1 Празен навод (help)
  27. Празен навод (help)
  28. „Miley Cyrus is hottest concert ticket going“. Today. October 8, 2007. Архивирано од изворникот на October 5, 2015. Посетено на May 2, 2014.
  29. Грешка во повикувањето на Шаблон:Наведена изјава за печат: Параметарот title мора да се определи
  30. Boucher, Geoff; Lee, Chris (October 6, 2007). 'Hannah Montana' stirs a U.S. tizzy“. Los Angeles Times. Архивирано од изворникот на January 19, 2010. Посетено на October 7, 2007.
  31. „Hannah Montana/Miley Cyrus: Best of Both Worlds Concert Tour (2008)“. Box Office Mojo. Архивирано од изворникот на June 4, 2024. Посетено на August 7, 2011.
  32. Fleming, Michael (September 16, 2008). „Miley Cyrus to star in Disney film“. Variety. Архивирано од изворникот на April 5, 2010. Посетено на June 18, 2009.
  33. Vena, Jocelyn (January 5, 2009). „Miley Cyrus' Golden Globe Nomination Caps A Busy Year For 'Hannah Montana' Star“. MTV News. Viacom. Архивирано од изворникот на 2022-03-27. Посетено на April 7, 2014.