Глориа Марија Милагроса Фахардо Гарсија де Естефан, професионално позната како Глориа Естефан е родена на 1 септември 1957 година. Таа е кубанска пејачка и глумица. Позната и под името ,,кралица на латино поп-музиката,,, таа е во топ 100 најпродавани музички артисти[1][2] со продадени над 100 милиони албуми ширум светот, од кои дури 31.5 милиони се во САД. Има добиено 7 Греми награди и е најзначаен латино изведувач.

Глориа Естефан
Познат(а) и какоГлориа
Роден(а)1 септември 1957
Куба Хавана, Куба
ЖанровиПоп
ЗанимањаПејачка
ИнструментиВокал
Период на активност1977 -
Мреж. местоwww.gloriaestefan.com
Глорија Естефан во Белата куќа во 2009 година

Ран живот

уреди

Глориа Марија Милагроса Фахардо е родена на 1 септември 1957 година во Хавана, Куба. Семејството на Глориа се преселило во Индиана како резултат на кубанската револуција и се сместиле во Мајами, Флорида.[3] [4] [5] Кратко по оваа преселба, таткото на Глориа се придружил на Американската војска[6] и војувал во Виетнамската војна. По враќањето од Виетнам нејзиниот татко се раболил и Глориа и помагала на својата мајка. Нејзината мајка работела како учителка.[7] [8] Кога била на универзитет работела како англоско-шпанско-француски преведувач.

Брак

уреди

Глориа и нејзиниот сопруг Емилио Естефан се венчале на 2 септември 1978 година. Емилио Естефан бил познат музичар во еден бенд во Мајами. Тие имаат син, Најиб (роден на 2 септември 1980 година) и ќерка Емили Мари (роденан на 5 декември 1994 година). Живеат во Star Island, Мајами.

Музичка кариера

уреди

од средината на 1970-те и во текот на 1980-те

уреди

Почнувајќи од 1977, бендот Miami Sound machine со Глорија Естефан започнал со снимање и издавање неколку албуми. Првиот албум бил во 1977 година. Кога согледале дека нивната популарност непрестајно растела во САД, но и во други држави во светот, продолжиле да издаваат албуми со забрзано темпо. Песната ,,Жешки летни ноќи,, била издадена во 1984 година и беше дел од филмот ,,Топ ган,,.[9]

Нивниот следен албум е во 1987 година, мулти-платина, којшто бил продаден во 6 милиони примероци во САД.

Во 1988 годјна, името на бендот се смена од ,,Miami Sound Machine,, во ,,Глориа Естефан и Miami Sound Machine,,.[10]

Во 1989 година по огромниот светски успех на синглот ,,Нешто за тебе,,, бендот го издадоја првиот албум наменет за британскиот аудиториум, каде што беше распродаден во повеќе од 1 милион примероци. Беше најпродаван албум и во Холандија, задржувајќи се на првата позиција дури 22 седмици. Овој албум во огромен број примероци бил распродаден и во Австралија и Канада, давајќи и на Глориа Естефан статус на суперѕвезда.

1990-те

уреди

1990: Инцидент со автобус и операција

уреди

Во доцните 1989-те таа го издаде нејзиниот најпродаван албум Cuts Both Ways. Албумот вклучува голем број хит синглови. Додека траела турата за промоција на нејзиниот албум, на 20 март, 1990 година, близу Скрентон, Пенсилванија, Естефан била сериозно повредена во сообраќајка која ја предизвикало некое комбе.[11] Веднаш била префрлена во најблиската болница, а утредента со хеликоптер била префрлен во Њујорк каде што ѝ била направена операција. По 10 месеци од операцијата таа ја продолжила турата.[12]

2011-та

уреди

Естефан го објавила својот нов албум насловен како „Wepa“.

Награди

уреди

Покрај 7-те Греми награди, Естефан има добиено голем број други награди. Во 1993 година добила медал на честа, што е најзначајна награда што може да биде доделена на натурализиран американски државјанин.[13] Има добиено и награда на MTV музичките награди.[14] Има своја ѕвезда на патеката на славните во Холивуд.[15]

Во ноември 2008 година е прогласена за латино личност на годината и добива награда на латино греми наградите.[16] Таа е првиот женски изведувач што ја добива оваа награда.

Во април 2010 година, Глориа естефан и нејзинио сопруг Емило добиле свои ѕвезди на патеката на ѕвездите во Лас Вегас.

Дискографија

уреди
  • Cuts Both Ways (1989)
  • Into the Light (1991)
  • Mi Tierra (1993)
  • Christmas Through Your Eyes (1993)
  • Hold Me, Thrill Me, Kiss Me (1994)
  • Abriendo Puertas (1995)
  • Destiny (1996)
  • gloria! (1998)
  • Alma Caribeña (2000)
  • Unwrapped (2003)
  • 90 Millas (2007)
  • Miss Little Havana (2011)
  • The Standards (2013)
  • Brazil305 (2020)
  • Estefan Family Christmas (2022)

Наводи

уреди
  1. „Gloria Estefan on becoming the first Hispanic woman to be inducted into the Songwriters Hall of Fame: "Every song comes differently" - CBS News“. www.cbsnews.com (англиски). 2023-01-18. Посетено на 2023-07-07.
  2. Ratner-Arias, Sigal (2023-06-12). „20 Questions With Gloria Estefan Ahead of Her Induction to the Songwriters Hall of Fame“. Billboard (англиски). Посетено на 2023-08-13.
  3. „Rhythm of the Cuban kitchen star of new cookbook“. Sioux City Journal. Архивирано од изворникот на 10 October 2018. Посетено на 9 October 2018.
  4. „Domingo – El Universal – Revista semanal – La cubana milagrosa“. www.domingoeluniversal.mx. Архивирано од изворникот на 31 May 2019. Посетено на 9 October 2018.
  5. Lopetegui, Enrique (22 June 1993). „Q&A WITH GLORIA ESTEFAN : 'Mi Tierra': Paying Tribute to Her Roots“. Los Angeles Times. ISSN 0458-3035. Архивирано од изворникот на 23 October 2013. Посетено на 11 October 2018.
  6. „Gloria Estefan's mother, singer Gloria Fajardo, dies at 88“. miamiherald. Архивирано од изворникот на 10 October 2018. Посетено на 9 October 2018.
  7. McGrath, Nick (12 July 2013). „Gloria Estefan: My family values“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 10 October 2018. Посетено на 9 October 2018.
  8. Heller, Karen. „Gloria Estefan left Cuba as a young child, but the island defines her, and her music“. Washington Post. Архивирано од изворникот на 10 October 2018. Посетено на 9 October 2018.
  9. Inc, Nielsen Business Media (26 September 1998). Billboard. Nielsen Business Media, Inc.
  10. Nash, Alanna. „Latin Pop Icon Gloria Estefan and Emilio Estefan, Multilingual CD The ...“. AARP. Архивирано од изворникот на 9 October 2018. Посетено на 10 October 2018.
  11. Larkin, Colin, уред. (2006). „Estefan, Gloria“. Encyclopedia of Popular Music (4th. изд.). Oxford University Press. стр. 910. ISBN 978-0-19-531373-4. Архивирано од изворникот на 17 October 2017. Посетено на 16 October 2017.
  12. McShane, Larry. „10 Months Later, She's Ready to Dance // Gloria Estefan Battles to Comeback After Life-Threatening Crash“. Tulsa World. Посетено на 10 October 2018.
  13. „International Superstars Emilio and Gloria Estefan Named Recipients of the Library of Congress Gershwin Prize for Popular Song“. The Library of Congress. Архивирано од изворникот на 10 October 2018. Посетено на 10 October 2018.
  14. „VMA 1990 – MTV Video Music Awards – MTV“. MTV. Архивирано од изворникот на 2 October 2018. Посетено на 10 October 2018.
  15. „Gloria Estefan – Hollywood Star Walk – Los Angeles Times“. projects.latimes.com. Архивирано од изворникот на 5 October 2018. Посетено на 10 October 2018.
  16. Cepeda, Maria Elena (2010). Musical ImagiNation: U.S.-Colombian Identity and the Latin Music Boom. NYU Press. ISBN 978-0-8147-1692-2.