Кени Џи
Кенет Брус Горелик (англиски: Kenneth Bruce Gorelick; роден на 5 јуни 1956 година), професионално познат како Кени Џи (англиски: Kenny G) ― американски сопран-саксофонист, композитор и продуцент.[1] Кени Џи со продадени над 75 милиони плочи се вбројува во музичарите со најголема продажба на сите времиња.[2]
Кени Џи | |
---|---|
Кени Џи во 2013 | |
Роден(а) | Кенет Брус Горелик 5 јуни 1956 Сиетл, Вашингтон, САД |
Алма матер | Вашингтонов универзитет |
Занимање |
|
Активен период | 1973–1982 (во група) 1982–денес (соло) |
Сопружник |
|
Деца | 2 |
Потпис |
Живот и кариера
уредиКенет Брус Горелик е роден во Сиетл во еврејско семејство. Започнал да свири на саксофон на 10 годишна возраст.[3]
Почетоци на кариерата
уредиНа 17 години станал помошник во Оркестарот на Бери Вајт Love Unlimited.[4][5] Продолжил да свири професионално додека студирал сметководство на Вашингтоновиот универзитет во Сиетл.
Во текот на 1975-1976 година под името Кени Горелик свирел флејта и саксофони со фанк-групата од Сиетл Cold, Bold & Together.[6][7] Во 1980 година станал член на групата Fusion.[5] Подоцна ја напуштил групата под изговор дека ја надраснал.[8]
1980-ти: Соло кариера и албуми
уредиВо 1982 година, Кени Џи како солист потпишал договор со Arista Records, откако претседателот на издавачката куќа Клајв Дејвис ја слушнал неговата изведба на „Dancing Queen“ од ABBA.[5] Тој го усвоил естрадното име Кени Џи.[9] Неговиот прв студиски албум, Kenny G, бил објавен во 1982 година.
Кени Џи се пробил на музичката сцена во 1986 година со неговиот четврти албум Duotones. Албумот бил објавен во септември 1986 година и ја содржи оригиналната инструментална песна, „Songbird“, инспирирана од неговата одлука да се пресели од Сиетл во Лос Анџелес.[8]
Кени Џи од средината до крајот на 1980-тите работел со џез и R&B уметници како Џорџ Бенсон, Пети ЛаБел и Арета Френклин. Хит-синглот „Love Power“ од 1987 година, дует на Дион Ворвик со Џефри Озборн во кој Кени Џи се појавува како гостин-саксофонист, се искачил на 12-то место на Billboard Hot 100 и бр. 5 на R&B/Hip-Hop листата.
Кени Џи соработувал со многу музичари, како: Андреа Бочели,[10] Арон Невил, Тони Брекстон, Натали Кол,[11] Стив Милер,[12] Визер, Дадли Мур, Ли Ритенур, The Rippingtons, Мајкл Болтон, Селин Дион, Френк Синатра, Бебел Жилберто и Смоки Робинсон.[10] Под влијание на саксофонистот Гровер Вашингтон Џуниор, неговите албуми обично се класифицираат како смут-џез.
1990-ти
уредиКени Џи има работено на неколку филмски саундтракови, како: Да се умре млад (Dying Young) и Телохранител (The Bodyguard). Песната „Theme for Dying Young “, напишана за тој филм, била номинирана за Греми за најдобра поп-инструментална изведба. Кени Џи учествува во саундтракот за Телохранителот, со Кевин Костнер и Витни Хјустон во главните улоги, со изведба на песните „Waiting for You“ и „Even If My Heart Would Break“. Придонел со негова музика и во филмовите Сенка и Чудо на 34-та улица (Miracle on 34th Street).
Неговиот шести студиски албум, Breathless, бил објавен во 1992 година и со продадени над 15 милиони примероци ширум светот е најпродаван инструментален албум досега. Албумот содржел многу хитови како „ Forever in Love“, за кој ја добил наградата Греми за најдобра инструментална композиција и кој се нашол на топ-листата на Billboard Year-End Hot 100.
Кени Џи влегол во Гинисовата книга на рекорди во 1997 година за свирење на најдолгата нота на саксофон воопшто. Кени Џи држел E-flat 45 минути и 47 секунди.[13]
2000-сега
уредиВо 2006 година Кени Џи го објавил единаесеттиот студиски албум на Кени Џи, I'm in the Mood for Love... he Most Romantic Melodies of All Time со препеви на песните од Битлси, љубовна песна од Шекспировите Ромео и Јулија, хит песната од Secret Garden „You Raise Me Up“ и „You're Beautiful“ на Џејмс Блант, како и кинеската балада „Месечината го претставува моето срце“.
Кени Џи бил прогласен за 25-ти најпродаван изведувач во Америка од страна на RIAA, со 48 милиони продадени албуми во САД до 31 јули 2006 година [14]
Тој се појавил во музичкото видео за песната од Кети Пери „Last Friday Night (TGIF)“ како чичко Кени.
Во октомври 2020 година, Weeknd објавил ремикс на популарната песна In Your Eyes со Кени Џи.[15]
Кени Џи придонел за саундтракот на филмот Сунѓерот Боб во 2021 година со неговите преработки на „My Heart Will Go On“, како и „Gary's Song“.[16] Серијата Никелодеон прави пародија од музичарот со ликот Келпи Џи.[17]
Дискографија
уредиСтудиски албуми
- Kenny G (1982)
- G Force (1983)
- Gravity (1985)
- Duotones (1986)
- Silhouette (1988)
- Breathless (1992)
- Miracles: The Holiday Album (1994)
- The Moment (1996)
- Classics in the Key of G (1999)
- Faith: A Holiday Album (1999)
- Paradise (2002)
- At Last...The Duets Album (2004)
- I'm in the Mood for Love...The Most Romantic Melodies of All Time (2006)
- Rhythm and Romance (2008)
- Heart and Soul (2010)
- Namaste with Rahul Sharma (2012)
- Brazilian Nights (2015)
- New Standards (2021)
- Innocence (2023)
Наводи
уреди- ↑ „Kenny G Is Still the Smooth Jazz King“. Barnes & Noble.com. October 2002. Архивирано од изворникот на April 21, 2007. Посетено на April 7, 2007.
- ↑ Hwang, Kellie (July 2, 2013). „7/5: Kenny G performing at Wild Horse Pass Casino“. The Arizona Republic. Посетено на September 23, 2013.
- ↑ Kenny G (June 19, 2009). „Some more Q&A“. Kenny G Rhythm and Romance. Архивирано од изворникот на March 24, 2010. Посетено на April 1, 2010.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Yanow, Scott. „Kenny G Biography“. AllMusic. Посетено на April 7, 2007. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „allmusic“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Zimmerman, Kevin (September 30, 2002). „Kenny G Has Time on his Side“. BMI.com. Посетено на April 7, 2007.
- ↑ Wheedle's Groove: Seattle's Finest in Funk & Soul, 1965–75. Light in the Attic Records. 2009.
- ↑ 8,0 8,1 Johnson, Connie (June 12, 1987). „Kenny G's hit broke all the rules“. Los Angeles Times. Посетено на 25 October 2021. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „LAT87“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ „Kenny G Seeking New Directions in His Life and Music“. Los Angeles Times. September 7, 1990. Посетено на October 11, 2019.
- ↑ 10,0 10,1 Празен навод (help)
- ↑ „Everlasting – Credits“. AllMusic. Посетено на May 7, 2007.
- ↑ „Living in the 20th Century – Credits“. AllMusic. Посетено на May 7, 2007.
- ↑ „Kenny G. Blows“. Yahoo!. December 2, 1997. Архивирано од изворникот на May 17, 2012. Посетено на January 8, 2012.
- ↑ „Top Artists“. RIAA.com. July 31, 2006. Архивирано од изворникот на March 4, 2007. Посетено на April 7, 2007.
- ↑ „Kenny G Talks Working with the Weeknd, and Becoming Cool, 40 Years into His Career“. October 21, 2020.
- ↑ „Soundtracks“. IMDB.com. Посетено на 5 March 2021.
- ↑ „Who is kelpy g.?“. Alexa Answers. Посетено на 5 March 2021.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Kenny G на Allmusic
- Кени Џи на Семрежната филмска база на податоци (англиски)