Гвинеја-Бисао

земја во Западна Африка
(Пренасочено од República da Guiné-Bissau)
Ова е статија за државата во Западна Африка. За останати значења на поимот видете ја страницата за појаснување.

Гвинеја-Бисао или „Гвинеја-Бисау“ (португалски: Guiné-Bissau) или официјално Република Гвинеја-Бисао или Република Гвинеја-Бисау (República da Guiné-Bissau) е држава во Западна Африка. Државата се граничи со Сенегал на север и со Гвинеја на југ и исток. На запад, Гвинеја-Бисао излегува на Атлантскиот Океан. Главен и најголем град во државата е Бисао и службен јазик е португалскиот јазик.

Република Гвинеја-Бисао
República da Guiné-Bissau  (португалски)
Знаме Грб на Гвинеја-Бисао
Геслопортугалски: "Unidade, Luta, Progresso"
"Единство, Борба, Прогрес"
Химна
Esta é a Nossa Pátria Bem Amada  (португалски)
Ова е нашата добро сакана татковина

Местоположба на Гвинеја-Бисао
Главен градБисао
11°52′N 15°36′W / 11.867° СГШ; 15.600° ЗГД / 11.867; -15.600
Најголем град главниот град
Службен јазик португалски
Признаени регионални јазици креолски
Демоним Бисаовец
Уредување полупретседателска република
 •  Претседател Малам Бакаи Сања
 •  Премиер Карлос Гомес Џуниор
Независност од Португалија 
 •  Објавена 24 септември 1973 
 •  Призната 10 септември 1974 
 •  Национален ден 24 септември 
Површина
 •  Вкупна 36,125 км2 (136-та)
 •  Вода (%) 22.4
Население
 •  проценка за 2009 г. 1.611.000[1] (148-ма)
 •  Попис 2002 1.345.479 
 •  Густина 44.1 жит/км2 (154-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $848 милиони[2] 
 •  По жител $486[2] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $461 милиони[2] 
 •  По жител $264[2] 
Џиниев коеф. (1993)47
висок
ИЧР (2013) 0.396[3]
низок · 177ма
Валута Франк (XOF)
Часовен појас GMT (UTC+0)
Се вози на десно
НДД .gw
Повик. бр. 245

Вкупната површина на Гвинеја-Бисао е 36.125 км2 со вкупно население од 1.611.000 жители. Порано државата била португалска колонија и била позната под името Португалска Гвинеја. Со независноста државата го прифатила името Гвинеја, но за да се разликува од соседната Гвинеја на своето име го додала името на главниот град. БНП по глава на жител на Гвинеја-Бисао е едно од најниските во светот.

Потекло на поимот

уреди

Името на државата потекнува од името на регионот Гвинеја и од поранешното колониско име Португалска Гвинеја, додека соседната Република Гвинеја била позната како Француска Гвинеја. Со независноста на двете држави, Француска Гвинеја го променила името само во Гвинеја, додека помалата Португалска Гвинеја се преименувала во Гвинеја-Бисао за да се разликува од останатата. Често и Република Гвинеја се нарекува како Гвинеја-Конакри.

Историја

уреди

За раната историја на Гвинеја-Бисао се знае многу малку, слично како и за историјата на Гвинеја. Она што е познато е дека кон 900 година, Гвинеја била вклулчена во составот на Ганската империја. Од 13 век до 16 век, Гвинеја била со составот на Царство Мали. Португалските трговци и истражувачи на нејзините брегови престигнале во периодот помеѓу 1460 и 1470 година. Нејзиното население главно било користено за трговија со робови, а земјата како подрачје за експлоатација на нејзините ресурси. Кон крајот на 19 век, Гвинеја била колонизирана од страна на Португалија, која тогаш била позната како Португалска Гвинеја, која административно припаѓала на Зелено’ртската република. Во текот на 1956 година, Амилкар Кабрал застанал на чело на народноослободителната војна. Во 1963 година војната продолжила под раководство на Африканската партија за независност на Гвинеја. Таа партија била силно поткрепена од страна на СССР, Кина и Куба. Земјата својата независност ја објавила на 24 септември 1973 година. Веќе следната година, Португалија ја признала независноста и ги повлекла својата војска. Во 1980 година бил извршен воен удар, и на чело на земјата застанал Жоао Бернардо Виера. Во 1984 година бил избран нов устав на земјата, а во 1991 година бил воведен повеќепартиски систем. Во 1999 година бил извршен повторно воен удар, и Виера бил отстранет од власта. Во следните неколку години се случиле повеќе вакви воени и државни удари, во кои Виера се враќал на васт, за последен пат во 2005 година. Во 2009 година тој бил убиен.

Географија и клима

уреди
 
Пејзаж од Гвинеја-Бисао.

Гвинеја-Бисао е држава која се наоѓа во Западна Африка со главен град Бисао. Вкупната површина на државата е 36.125 км2. Највисока точка во државата изнесува 300 метри. Внатрешноста на земјата е савана додека крајбрежјето има блата. Поради блискоста до екваторот, климата во Гвинеја-Бисао е тропска со топли ветрови од Сахара. Гвинеја-Бисао на север се граничи со Сенегал, а на југ и исток со Гвинеја. На запад државата излегува на Атлантскиот Океан.

Покрај главниот град во Гвинеја-Бисао поголеми градови се и:

Градови во Гвинеја-Бисао
Ранг Град Население
1979 2005
1 Бисао 109.214 388.028
2 Бафата 13.429 22.521
3 Gabú 7.803 14.430
4 Бисора н/п 12.688
5 Болама 9.100 10.769
6 Качеу 7.600 10.490
7 Бубаке 8.400 9.941
8 Катио 5.170 9.898
9 Мансоа 5.390 7.821
10 Буба н/п 7.779
11 Кебо н/п 7.072
12 Канчунго 4.965 6.853
13 Фарим 4.468 6.792
14 Кињамел н/п 3.128
15 Фулакунда н/п 1.327

Политички систем

уреди
 
Министерство за правда.

Гвинеја-Бисао е република. До 1991 година владата била централизирана, но со реформите се вовел полиберален повеќепартиски систем. Претседателот е шеф на државата, додека премиерот е шеф на владата на Гвинеја-Бисао. Законодавно тело е еднодомен парламент наречен Национално народно собрание на Гвинеја-Бисао кое е составено од 100 пратенички места. Пратениците се избираат на избори за четиригодишен мандат. Уставно, судската власт е независна. Моментален претседател на Гвинеја-Бисао е Малам Бакај Сања.

Административна поделба

уреди
 
Карта на Гвинеја-Бисао

Гвинеја-Бисао е поделена на 8 региони и еден автономен сектор. Овие се поделени на 37 сектори. Регионите се:

* автономен сектор

Стопанство

уреди
 
Бисао, центар на земјата.

БНП по глава на жител на Гвинеја-Бисао е едно од најниските во светот, како и индексот за човеков развој. Повеќе од две третини живеат во сиромаштија. Економијата зависи од земјоделството, рибиоловот. Најизвезувани производи се два видови на ореви. Поради долгиот нестабиле политички живот, економијата на Бисао е во незавидна положба.

Население, јазик и религија

уреди
Религија во Гвинеја-Бисао[4],[5]
Религија Процент
Ислам
  
50 %
Локални религии
  
40 %
Христијанство
  
10 %

Населението на Гвинеја-Бисао е доста разновидно, со повеќе етнички групи и јазици, обичаи и традиции. Истото може да биде поделено на три големи етнички групи: фула и мандинка кои сочинуваат поголем дел од населението и живеат во северниот дел од земјата, потоа следат Баланта и Папел кои живеат во приморскиот регион и Манџако и Манкања кои живеат во северниот крајбрежен регион. Остатокот од населението се мешани луѓе на Португалци и месни жители.

Службен јазик во Гвинеја-Бисао е портуагалскиот јазик кој како мајчин јазик го зборуваат само 14% од населението. 44% од населението зборува Гвинејско-Бисаоски креолски јазик. Исто така во училиштата се учи и француски јазик поради околните франкофонски држави.

Низ скоро целиот 20 век најголема религија била локална религија, но скоро 40 до 50% од населението се Муслимани. 10% се Христијани и остатокот се припадници на локални религии. Сепак и Исламот и Хрситијанството не се чисти, туку имаат големи примеси на локалните религии.[4][5]

Култура

уреди
 
Кабаса.

Музиката на Гвинеја-Бисао е поврзана со полиритничкиот гумбе стил на музика, најзастапен вид музика во земјата. Сепак поради нестабилноста на земјата, музиката не е толку често застапена во општествениот живот. Најзастапен музички инструмент е кабаса. Текстовите на песните се на португалски и креолски јазик. Еден од најпознатите уметници на Гвинеја-Бисао е Флора Гомес, филмски режисер.

Наводи

уреди
  1. Department of Economic and Social Affairs Population Division (2009). "World Population Prospects, Table A.1" (.PDF). 2008 revision. United Nations.  (консултирано на 2009-03-12)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Guinea-Bissau“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-10-01.
  3. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  4. 4,0 4,1 CIA the World Factbook
  5. 5,0 5,1 "Guinea-Bissau", Encyclopædia Britannica

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
Влада
Општо
Вести