Историја на Гвинеја-Бисао

За раната историја на Гвинеја-Бисао се знае многу малку, слично како и за историјата на Гвинеја. Она што е познато е дека кон 900 година, Гвинеја била вклулчена во составот на Ганското царство. Од XIII до XVI век, Гвинеја била со составот на Малиското царство. Португалските трговци и истражувачи на нејзините брегови престигнале во периодот помеѓу 1460 и 1470 година. Нејзиното население главно било користено за трговија со робови, а земјата како подрачје за експлоатација на нејзините ресурси. Кон крајот на XIX век, Гвинеја била колонизирана од Португалија, која тогаш била позната како Португалска Гвинеја, која административно припаѓала на Зелено’ртската република. Во текот на 1956 година, Амилкар Кабрал застанал на чело на народноослободителната војна. Во 1963 година војната продолжила под раководство на Африканската партија за независност на Гвинеја. Таа партија била силно поткрепена од страна на СССР, Кина и Куба. Земјата својата независност ја објавила на 24 септември 1973 година. Веќе следната година, Португалија ја признала независноста и ги повлекла својата војска. Во 1980 година бил извршен воен удар, и на чело на земјата застанал Жоао Бернардо Виера. Во 1984 година бил избран нов устав на земјата, а во 1991 година бил воведен повеќепартиски систем. Во 1999 година бил извршен повторно воен удар, и Виера бил отстранет од власта. Во следните неколку години се случиле повеќе вакви воени и државни удари, во кои Виера се враќал на власт, за последен пат во 2005 година. Во 2009 година тој бил убиен.

Дел од темата Гвинеја-Бисао

Историја на Гвинеја-Бисао

Рана историја
Колонизација
Португалска Гвинеја
Независност
Гвинеја-Бисао

Портал:Гвинеја-Бисао

Поврзано уреди