Демографија на Гвинеја-Бисао
Според последниот попис одржан во 2006 година, населението на Гвинеја-Бисао изнесува 1 285 715 луѓе.
Старосна структура
уреди(2000)
Коефициент на плодност
уреди- 2000-5.27
Етнички состав
уредиНаселението на Гвинеја-Бисао е доста разновидно, со повеќе етнички групи и јазици, обичаи и традиции. Истото може да биде поделено на три големи етнички групи: Фула и Мандинка кои сочинуваат поголем дел од населението и живеат во северниот дел од земјата, потоа следат Баланта и Папел кои живеат во приморскиот регион и Манџако и Манкања кои живеат во северниот крајбрежен регион. Остатокот од населението се мешани луѓе на Португалци и месни жители.
Религија
уредиНиз скоро целиот 20 век најголема религија била локална религија, но скоро 40 до 50% од населението се Муслимани. 10% се Христијани и остатокот се припадници на локални религии. Сепак и Исламот и Хрситијанството не се чисти, туку имаат големи примеси на локалните религии.[1][2]
Јазици
уредиСлужбен јазик во Гвинеја-Бисао е портуагалскиот јазик кој како мајчин јазик го зборуваат само 14% од населението. 44% од населението зборува Гвинеобисајски креолски јазик. Исто така во училиштата се учи и француски јазик поради околните франкофонски држави.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 CIA the World Factbook
- ↑ 2,0 2,1 "Guinea-Bissau", Encyclopædia Britannica
Надворешни врски
уреди„Демографија на Гвинеја-Бисао“ на Ризницата ? |