Парацелзус

Швајцарски физичар и алхемичар

Парацелзус, со вистинско име Теофраст Филип Авреол Бомбаст фон Хоенхајм (гер. Theophrastus Philippus Aureolus Bombastus von Hohenheim) бил алхемичар физичар, астролог се занимавал и со окултното. Своето право име подоцна во животот во голема мерка престанал да го употребува служејќи се со името Парацелзус, што во превод знаци „преку, над Целзус“. Тој е роден во Швајцарија но таму релативно кратко останал. По краток период од својата младост која ја минал работејќи како аналитичар во блискиот рудник, Парацелзус почнува да студира медицина во Базел, набрзо се префрла во Виена, а докторатот конечно го стекнува на универзитетот Ферари во Италија. Набрзо по докторирањето Парацелзус ја напушта Европа и во Египет, Арабија и Цариград бара алхемичари од кои би можел да учи. Парацелзусовото алхемиско учење ја означуваат епохата во која алхемијата полека почнува да одумира. Парацелзус ги отфрлил магиските традиции кои неговите претходници ги практикувале во алхемијата, за разлика од нив тој во потполност ги одбил гностистичките традиции и практикување на алхемијата цврсто врзани за окултното претпочитајќи херметички учења. Сепак за Парацелзус како и за повеќето универзитетски образувани луѓе од тоа време, астрологијата ја имала важната улога и тој одел толку далеку што препишува и одговарачки астролошки амајлии за поедини болести. Своите сфаќања за алхемијата ги резимирал со реченицата „Многумина зборуваа за алхемијата, дека служи за правење на сребро и злато. За мене тоа не е целта, туку само да разгледам какви предности и моќ можат да лежат во лековите“. Сепак Парацелзус во практикувањето на медицината вовел и некои револуционарни третмани. Праксата во тоа време била раните да се каутеризираат со врело масло и гангренизараните делови да се ампутираат. Парацелзус сепак открил дека доколку раните редовно се дренираат и се држат чисти шансите сами да се лечат се многу поголеми отколку кај стандардните процедури. Ваквиот третман му донел слава во круговите на западната медицина. Исто така тој прв ја вовел употребата на разни хемикалии и минерали во лечењето. Му го дал името на цинкот. Сепак верувал дека здравјето е можно само да се оствари само преку хармонија на човекот на микрокосмосот и макрокосмосот. Едно време бил и професор на универзитетот во Базел но многу извори говорат дека имал големи несогласувања со колегите, дури има и гласини дека ги палел традиционалните учебници кои ги сметал за погрешни. Базел морал да го напушти поради некои тужби. Крајот од животот го минал во денешна Австрија каде што умрел и е закопан во Салцбург. После неговата смрт се јавува движењето Парацелзусијанизам благодарејќи на кое останал запаметен во историјата на медицината.

Парацелзус
Роден 1493
Ајнзиделн, Швајцарија
Починал 24 септември 1541
Салцбург, Австрија

Придонеси во токсикологијата

уреди

Парацелзус често се спомнува како татко на токсикологијата. Во таа смисла посебно е значајна неговата реченица: Сите работи се отровни и ништо не е без отров; само дозата е она што прави некоја работа да не е отров. гер. Alle Ding' sind Gift und nichts ohn' Gift; allein die Dosis macht, das ein Ding kein Gift ist. Ова останува принцип на токсикологијата. Количината на супстанција е многу важна при нејзината примена. Малите количини имаат позитивен ефект, додека при големи количини можат да бидат и смртоносни. На слична тема напишал и студија за болести и ризици врзани за работа во рудници.

Парацелзус како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Хорхе Луис Борхес, Сеќавањето на Шекспир. Скопје: Бегемот, 2016, стр. 40-48.