Ендокринологија
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Ендокринологија е наука за изучување на болестите на жлездите со внатрешна секреција. Ендокрините жлезди оделуваат во крвта состојки, кои своето биолошко дејство го пројавуваат на растојание од нив. Тие состојки се нарекуваат хормони и играат значителна улога во одржувањето на постојанството на внатрешната средина или т.н. хомеостаза - задолжителен услов за нормалното одвивање на физиолошките процеси во организмот, независно од надворешната средина.
Ендокринологијата е важен и многу обемен дел од интерната медицина така што воглавно за да се добие една убава претстава за сè што изучува ендокринологијата темата ќе биде само најопштите делови од болестите на жлездите со внатрешна секреција. Тие жлезди се : хипоталамус, хипофиза, надбубрежна жлезда, панкреас, штитна жлезда, метаболитските заболувања на коските.
Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |