Горно Фалише
Горно Фалише — историско село, сместено во срцето на Горни Полог на територијата на денешните граници на Општина Брвеница.
Горно Фалише | |
Поглед кон црквата „Св. Атанасиј“, единствен преостанат објект од селото. | |
Координати 41°52′20″N 20°58′19″E / 41.87222° СГШ; 20.97194° ИГДКоординати: 41°52′20″N 20°58′19″E / 41.87222° СГШ; 20.97194° ИГД | |
Регион | Полошки |
Општина | ![]() |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
![]() |
Историја Уреди
Селото се споменува во XV век под името Горно Хвалишта. Во 1461 или 1462 година се споменува селото за патот кој „поминува од Горно Фалише за Пиргос (денешен Пирок).[2] К`нчов во последната деценија на XIX век кога ја посетил Македонија, опишал дека селото Горно Фалише до 1860 година броело 30 македонски семејства, а веќе во 1890 опустело, како и селата Палатица, Корито, Форино и Чајле, кои иста така останале опустени и празни [3] Последните жители кои го напуштиле селото се пресиле во соседното Радиовце, и од тамошната црква го донеле сребрениот крст, со кој денес се осветуваат водите за Водици и поради тоа селото има 2 крста.
Денес од селото нема никакви остатоци, освен Црква „Св. Атанасиј“, која денес ја одржуваат луѓе од селото Стенче, а додека стариот селски атар целосно е вметнат во стенчанскиот.
Наводи Уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Г. Елезовић, Турски извори за нашу историју, бр.11, срт. 130, 132
- ↑ "Новини", год. II бр. 12, 13./ Васил К’нчов, "Македонија. Етнографија и статистика", Част п'рва.Народи в Македонија. Арнаути., стр. 83-100
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |