ФК Лабуништа
ФК Лабуништа 2011 е македонски фудбалски клуб од истоименото село Лабуништа, струшко. Клубот во моментов се натпреварува во Втората македонска лига - Запад.
Целосно име | Фудбалски клуб Лабуништа 2011 | ||
---|---|---|---|
Основан | 2011 | ||
Стадион | Градски стадион Тетово (Капацитет: 15,000) | ||
Лига | Втора македонска лига - Запад | ||
2019/20 (недовршена) | Втора лига - Запад, 3. од 10 места | ||
|
ИсторијаУреди
Клубот бил основан во 2011 година. Боите на клубот како Лабуништа 2011 биле црно-бели. Додека екипата се натпреварувала во Општинската лига и во Третата лига, домашните натпревари ги играле на теренот Калишта во Лабуништа. Во првите три сезони кога биле второлигаши (2017/18, 2018/19 и 2019/20), како домаќини настапувале на Стадионот Градска Плажа во Струга.
На крајот на мај 2020 година, управата на клубот, и со тоа неговиот спонзор, се изјаснила дека се повлекува од управувањето на клубот. Сите моментални играчи станале слободни агенти.[1][2] Кризата на клубот ја искористила управата на Тетекс и го преселила клубот во Тетово.[3] Според преселбата, клубот во сезоната 2020/21 треба да го носи името Лабуништа 2011 во првата полусезона, а Тетекс 1953 во втората полусезона.[4][5]
НаводиУреди
- ↑ „Лабуништа се расформира, сопственикот се повлекува, цело раководство со оставка, фудбалерите слободни“. ekipa.mk преку web.archive.org. 29 мај 2020. Посетено на 7 јуни 2020.
- ↑ „Лабуништа остана без сопственик: „Во клубот вложив повеќе од возможното, но..."“. gol.mk преку web.archive.org. 29 мај 2020. Посетено на 7 јуни 2020.
- ↑ „Макфудбал 2020 - број 15“ (PDF). Фудбалска федерација на Македонија преку web.archive.org. 22 јули 2020. Посетено на 15 август 2020.
- ↑ „Тетекс се фузираше со Лабуништа, се враќа во Втора лига“. ekipa.mk преку web.archive.org. 22 јули 2020. Посетено на 28 јули 2020.
- ↑ „Тетекс се враќа во ВМФЛ, договори фузија со Лабуништа"“. gol.mk преку web.archive.org. 22 јули 2020. Посетено на 28 јули 2020.