Уставниот суд на Македонија — орган што ја штити уставноста и законитоста во Македонија. Составен е од девет судии избрани од Собранието на Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Мандатот на судиите трае девет години без право на повторен избор. Судиите на Уставниот суд се избираат од редот на истакнати правници. Уставниот суд избира претседател од своите редови за време од три години и без право на повторен избор.

Уставен суд на Македонија
Карта
Основан15 март 1964
НадлежностМакедонија
МестоположбаСкопје, Македонија
Мрежно местоwww.ustavensud.mk
Претседател на Уставен суд
МоменталноДарко Костадиновски
Од4 јуни 2024
Генерален секретар на Уставен суд
СегашенВиолета Ѓорѓиевска
Од26 септември 2024
Портпарол на Уставен суд
СегашенХристина Беловска
Од27 Декември 2021
Зградата на Уставниот суд на РМ во која воедно е сместен и Археолошкиот музеј

Надлежности

уреди

Уставниот суд на Република Македонија ги има следните надлежности:

  • одлучува за согласноста на законите со Уставот;
  • одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите;
  • ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност;
  • решава за судирот на надлежностите меѓу носителите на законодавната, извршната и судската власт;
  • решава за судирот на надлежностите меѓу органите на Републиката и единиците на локалната самоуправа;
  • одлучува за одговорноста на претседателот на Републиката;
  • одлучува за уставноста на програмите и статутите на политичките партии и на здруженијата на граѓаните и
  • одлучува и за други прашања утврдени со Уставот.

Историја

уреди

Уставното судство во Македонија за првпат се востановува со Уставот на Социјалистичка Република Македонија од 1963 година, а започнува со работа на 15 февруари 1964 година.

Претседатели на Уставниот суд на Република Македонија

уреди
# Име
(роден–починал)
Слика Мандат
1 Перо Коробар
(1916–2004)
1963 1974
2 Асен Групче
(1919–2002)
1974 1979
3 Гога Николовски
(?)
1979 1984
4 Владимир Митков
(1931–2024)
1984 1986
5 Димче Козаров
(?)
1986 1987
6 Фиданчо Стоев
(?)
1987 1989
7 Јордан Арсов
(?)
1989 1994
8 Јован Проевски
(?)
1994 1997
9 Милан Недков
(1931–2018)
1997 2000
10 Тодор Џунов
(1931–2014)
2000 2003
11 Лилјана Ингилизова – Ристова
(1946-)
2003 2006
12 Махмут Јусуфи
(?)
2006 2007
13 Трендафил Ивановски
(?)
2007 2010
14 Бранко Наумоски
(1951-)
2010 2013
15 Елена Гошева
(?)
2013 2016
16 Никола Ивановски
(?)
2016 2019
17 Сали Мурати
(1966-)
2019 2021
18 Добрила Кацарска
(1957–)
2021 2024
19 Дарко Костадиновски
(1974–)
2024 Во служба

Прва жена уставен судија била Бранка Циривири - Антоновска, избрана за уставен судија во 1984 година, а прва жена претседател на Уставниот суд - Лилјана Ингилизова – Ристова, избрана за претседател во 2003 година.[1]

Состав

уреди

Уставниот суд го сочинуваат девет судии. Претседателот го избира Судот од редот на судиите за време од три години, без право на повторен избор. Судиите ги избира Собранието на Република Македонија за време од девет години без право на повторен избор. Судиите на Уставниот суд се избираат од редот на истакнати правници.

Функцијата судија на Уставниот суд е неспојлива со вршењето друга јавна функција, професија или членување во политичка партија. Судиите уживаат имунитет како и пратениците во Собранието на Република Македонија. За имунитетот на судиите одлучува Судот во постапка предвидена со Деловникот на Судот. Суди­ите не подлежат на обврска во вооружените сили.

Обезбедувањето независност на уставното судство е основното барање што се поставува при решавањето на прашањата за составот и начинот на избор на судиите на Уставниот суд, што е нужно надополнување на начелната независност на уставното судство од принципите на организацијата на власта. Меѓутоа, токму на планот на составот, односно преку изборот на судиите на Уставниот суд, покрај на планот на неговото финансирање, органите на политичкото одлучување можат да имаат најголемо влијание врз вршењето на уставносудската функција. Неспорно е дека законодавниот орган преку изборот односно определувањето на персоналниот состав на Уставниот суд, на индиректен начин е во улога да влијае и на остварувањето на улогата на овој уставен орган. Можноста од таквото влијание со Уставот е мошне ограничено имајќи предвид дека мандатот на судиите изнесува девет години што не се совпаѓа со мандатот на претставничкиот орган, дека функцијата судија е неспојлива со членување во политичка партија, дека Уставниот суд сам одлучува кога на судијата под услови утврдени со Уставот ќе му престане функцијата. Според Уставот, двајца судии на Уставниот суд предлага Претседателот на Републиката. Судскиот совет на Републиката предлага двајца судии на Уставниот суд од редот на судиите. Согласно уставната определба со Амандманот XV од Уставот Собранието избира тројца судии со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заед­ниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

Нужно дополнување на основите за независноста на Уставниот суд кои произлегуваат од неговата положба во уставниот систем и од начинот на изборот на судиите, е обезбедувањето на материјална независност на Судот од органите на државната власт кои го утврдуваат и извршуваат буџетот на државата. Во таа смисла, за одбележување е дека прашањата од материјален карактер, имаат неповолно влијание кон поцелосното остварување на улогата на Уставниот суд. Имено, самостојната и независна позиција на Судот, утврдена со Уставот би била уште поцелосна и реално остварлива, доколку тој има и поголема материјална самостојност. Засега, средствата за работа на Уставниот суд се обезбедуваат во Буџетот на Републиката без некое поголемо влијание на Судот.

Уставниот суд работите од својата надлежност ги врши на седница во полн состав, а одлуките ги донесува со мнозинство гласови од вкупниот број.

Пред одлучувањето на редовните седници, Судот може да одржува подготвителни седници и консултативни разговори. Судот организира јавни расправи доколку оцени дека е тоа потребно, освен во случаите на одлучување за барање за заштита на поединечните права, кога одлуката ја донесува по правило врз основа на јавна расправа. За прашања од доменот на внатрешната организација и начинот на работа, Судот образува постојани и повремени комисии.

Сегашни Членови

уреди

Во моментов има девет судии во Уставниот суд: Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и осум членови.

Актуелни судии на Уставниот суд
Судии/
датум на раѓање и место
Назначен од Датум на почеток / стаж
(Претседател)
Костадиновски, ДаркоДарко Костадиновски
27 ноември 1974
Скопје, С.Р Македонија
Ѓорге Иванов
(ВМРО-ДПМНЕ)
11 јануари 2018(2018-01-11)(6 г.) 1
Ајдари, НасерНасер Ајдари
10 март 1960
Скопје, С.Р Македонија
Седница преку

Собрание
(ДУИ)

5 март 2018(2018-03-05)(6 г.) 2
Кадриу, ОсманОсман Кадриу
15 декември 1967
Кичево, С.Р Македонија
Ѓорге Иванов
(ВМРО-ДПМНЕ)
11 јануари 2018(2018-01-11)(6 г.) 3
Кацарска, ДобрилаДобрила Кацарска
23 ноември 1957
Ресен, С.Р Македонија
Седница преку

Собрание
(СДСМ)

26 ноември 2020(2020-11-26)(4 г.) 4
Скендер, ФатмирФатмир Скендер
26 јули 1966
Дебар, С.Р Македонија
Стево Пендаровски
(СДСМ)
28 октомври 2022(2022-10-28)(2 г.) 5
Татјана Васиќ-

Бозаџиева
27 јули 1973
Скопје, С.Р Македонија

Стево Пендаровски
(СДСМ)
28 октомври 2022(2022-10-28)(2 г.) 6
Дуковска, ЕлизабетаЕлизабета Дуковска
18 септември 1961
Скопје, С.Р Македонија
Седница преку

Собрание
(СДСМ)

10 април 2023(2023-04-10)(1 г.) 7
Јадранка Дабовиќ-

Анастасовска
28 април 1963
Скопје, С.Р Македонија

Седница преку

Собрание
(СДСМ)

12 декември 2023(2023-12-12)(1 г.) 8
Ана Павловска-

Данева
17 април 1973
Скопје, С.Р Македонија

Седница преку

Собрание
(СДСМ)

8 февруари 2024(2024-02-08)(0 г.) 9

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди