Милан Недков

македонски правник, универзитетски професор и поранешен уставен судија

Милан Недков (роден во Кавадарци, 9 ноември 1931 година - 17 април 2018 година) — македонски правник, универзитетски професор и поранешен уставен судија.

Животопис

уреди

Завршил Правен факултет во Скопје во 1957 година. Бил на специјализација во Институтот за општествени науки во Белград.

Во 1960 година бил избран за асистент на Правниот факултет во Скопје. Докторирал на тема од областа на правото во 1965 година. Во 1974 година бил избран за редовен професор на Правниот факултет.

Повеќе години бил раководител на Одделението за политиколошки истражувања на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје, а четири години бил директор на овој Институт. Учествувал како раководител и истражувач во реализацијата на повеќе проекти, особено посветени на истражување на изборните процеси и јавното мислење.

Повеќе години бил главен и одговорен уредник на списанието „Погледи“.

Од 1994 до 2003 година е судија на Уставниот суд на Република Македонија, а во времето од 1997 до 2000 година бил и негов претседател.[1]

Творештво

уреди

Објавил над 25 студии и учебници, како и над 200 статии и есеи. Позначајни објавени научни и стручни трудови се следните:[2]

  • Студентската 1968 година, (во соавторство со Димитар Мирчев), Скопје, 1970.
  • Санација на организациите на здружениот труд, Скопје, 1988.
  • Преоден период на претворање на организациите на здружениот труд во претпријатија, Скопје, 1989.
  • Работниот однос и неговото правно уредување, Скопје, 1990.
  • Организирањето на општественото претпријатије како акционерско друштво односно друштво со ограничена одговорност во мешовита сопственост, Скопје, 1990.
  • Акционерско друштво, Скопје, 1990.
  • Коментар на Законот за претпријатијата и Законот за општествениот капитал, (монографија), Скопје, 1990.
  • Приватизација на општествениот капитал во Република Македонија, (студија), соавтор, Скопје, 1991.
  • Статутот и неговото место во уредувањето на односите во акционерското друштво, Скопје, 1991.
  • Уредување и раководење со претпријатијата, Скопје, 1991.
  • Настанување на холдинг претпријатието, Скопје, 1991.
  • Судбината на интерните акции, Скопје, 1992.
  • Коментар на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, (монографија), соавтор, Скопје, 1993.
  • Коментар на преодните и завршните одредби на Законот за трговските друштва, (монографија), Скопје, 1996.
  • Основање на трговското друштво, (монографија), Скопје, 1996.
  • Одлучување и управување со друштвата на капиталот, (монографија), Скопје, 1997.
  • Намалување на основната главнина на акционерското друштво, Скопје, 1999.

Наводи

уреди
  1. Биографија на Уставниот суд на РМ[мртва врска]
  2. „Биографија на Правниот факултет во Скопје“. Архивирано од изворникот на 2011-05-10. Посетено на 2017-01-17.

Надворешни врски

уреди