Бранко Наумоски
Бранко Наумоски ( 1951, Букојчани, Кичевско) — претседател на Уставниот суд на Македонија[1] и прв народен правобранител на Македонија.
Животопис
уредиВо 1969 година завршил средно образование во гимназијата „Кочо Рацин” во Скопје. Во 1975 година дипломирал на Правниот факултет во Скопје, а во 1976 година положил правосуден испит.
Од 1975 до 1981 година работел најпрво како приправник, а потоа како стручен соработник во основното јавно обвинителство во Скопје. Во 1981 година бил избран за заменик-јавен обвинител во основното јавно обвинителство Скопје. Во 1987 година станал помошник на министерот за правда задолжен во секторот за извршување на кривични санкции, што подразбира надзор, увид и следење на уставноста и законитоста во спроведување на правата на осудените лица. Бил избран за главен републички управен инспектор во републичкиот управен инспекторат во 1995 година.
На 3 јуни 1997 година е избран за народен правобранител и ја врши таа функција од јули 1997 година до декември 2004 година. На 6 декември 2004 е избран за судија во Уставниот суд на Република Македонија, а од 2010 година е и негов претседател.
Наводи
уреди- ↑ Арсова, Славица (29 октомври 2010). „Бранко Наумоски нов претседател на Уставниот суд“. Сител. Посетено на 2011-11-12.
Надворешни врски
уреди- Биографија на Бранко Наумоски Архивирано на 5 март 2016 г.
Претходник — |
Народен Правобранител на Македонија 1997-2004 |
Наследник Иџет Мемети |