Дарко Костадиновски
Дарко Костадиновски (роден на 27 ноември 1974 година во Скопје) — македонски правник и тековен претседател на Уставниот суд на Македонија . Дипломира на Правниот Факултет Јустинијан Први во Скопје 1997 година. Во 2008 година, тој станал магистер на правни науки, а во 2012 година и доктор на правни науки. Магистрира на темата „Меѓународната арбитража во современите меѓународно политички односи (на граница помеѓу правото и политиката)”, а докторирал на темата „Советодавната надлежност на Меѓународниот суд на правдата: правни последици на советодавните мислења на судот”.[1]
Дарко Костадиновски | |
---|---|
Претседател на Уставниот суд на Македонија | |
На должноста | |
Стапил 4 јуни 2024 | |
Претходник | Добрила Кацарска |
Член на Уставниот суд на Македонија | |
На должноста 11 јануари 2018 – 4 јуни 2024 | |
Назначен(а) од | Ѓорге Иванов |
Лични податоци | |
Роден(а) | Дарко Костадиновски 27 ноември 1974 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
Народност | Македонец |
Образование | Правен факултет „Јустинијан I“ - Скопје |
Вероисповед | Православен Христијанин |
Од 2001 година до јануари 2018 година, работел во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија. До 2010 година работи како асистент на советникот за надворешна политика, и Раководител на одделението за ЕУ и НАТО.Од 2010 до 2018 година е државен советник за надворешна политика. Од 2015 до јануари 2018 година, ја извршува должноста Пратеник на Република Македонија во Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации. На 11.01.2018 година е избран за судија на Уставниот суд на Република Македонија.[2]
Има земено учество на бројни меѓународни и регионални Самити, Конференции и Форуми , од областа на меѓународното право особено во рамките на Обединетите нации и Советот на Европа, како и дипломатска академија и обука во рамките на “World learning”, во САД.[3]
Книжевност
уредиАвтор е на книгите:
- „Меѓународна арбитража”, 2008 година
- „Меѓународниот суд на правдата – неопходност од реформи и промени (Советодавните мислења и нивните импликации)” 2015 година
- „Сведоштва од три претседателски Кабинети”, 2019 година
- „Лојалност кон Уставот – Издвоени мислења на судијата д-р Дарко Костадиновски“, 2021 година
- „Лојалност кон Уставот- 2 „Дилемите на конституционализмот, Толкување на Уставот, 2023 година
- „Лојалност кон Уставот- 3 „Теоријата на живиот конституционализам, Толкување на Уставот (во подготовка) 2023 година
Наводи
уреди- ↑ „Дарко Костадиновски е избран за претседател на Уставен суд“. ВОА. 2024-06-04. Посетено на 2024-09-15.
- ↑ Veljanoski, Milчo (2017-11-20). „Претседателот Иванов ги предлага Дарко Костадиновски и Осман Кадриу за нови уставни судии“. Академик. Посетено на 2024-09-15.
- ↑ „Дарко Костадиновски“. PEP. 2024-03-16. Посетено на 2024-09-15.