Лилјана Ингилизова-Ристова

Лилјана Ингилизова-Ристова (2 декември 1946 во Скопје) — македонски правник и судија, еден од претседателите на Уставниот суд на Македонија.[1]

Лилјана Ингилизова-Ристова
Родена Лилјана Ингилизова
2 декември 1946(1946-12-02)(78 г.)
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонка
Народност Македонка
Занимање судија

Животопис

уреди

Дипломирала на Правниот факултет при Скопскиот универзитет во 1969 година, а правосудниот испит го положила во 1973 година.

Се насочила во судството, започнувајќи како приправник и стручен соработник во Окружниот суд во Скопје во периодот 1970-1976 година. Во овој суд останала до 1995 година, кога станала дел од Врховниот суд на Македонија.

Во периодот 1995-1999 била претседател на Државната изборна комисија, кога биле спроведени локалните избори во 1996 година и парламентарните избори во 1998 година.

Од 31 мај 2003 година е судија во Уставниот суд на Македонија, а истата година станала и негов претседател.

Членува и учествува во работата на стручните здруженија на судиите и правниците. Има објавено стручни трудови од областа на кривичното право во стручните списанија „Судиска ревија“ и „Македонска ревија за казнено право и криминологија“.

Наводи

уреди
  1. „Лилјана Ингилизова – Ристова – UstavenSudMK“. Посетено на 2019-05-17.