Шведска академија
Шведска академија (шведски: Svenska Akademien) — една од кралските академии во Шведска, одговорна за јазикот и книжевноста. Сместена е во зградата позната како „Стокхолмска берза“.
Зградата на Шведската академија во Стокхолм | |
Гесло | Snille och Smak („Дарба и вкус“) |
---|---|
Основана | 1786 |
Седиште | Стокхолм, Шведска |
Членство | 18 |
Постојан секретар | Петер Енглунд |
Мреж. место | svenskaakademien.se |
Историја
уредиАкадемијата е основана во 1786 г. со повелба на кралот Густав III. Заснована е на Француската академија и брои 18 члена. Нејзиното гесло гласи „Дарба и вкус“ (Snille och Smak). Главна задача на академијата е да ја зачува „чистотата, силата и возвишеноста на шведскиот јазик“ [1]. За таа цел академијата издава два речника.[2]
Првиот е еднотомен речник наречен „Поимик на Шведската академија“ (Svenska Akademiens ordlista, SAOL). Вториот е повеќетомен речник, чие уредување се врши во духот на Оксфордскиот речник, и го носи насловот „Речник на Шведската академија“ (Svenska Akademiens ordbok, SAOB). „Поимникот“ е веќе во XIII издание, а „Речникот“ постојано се издава од 1898 г. наваму.
Почнувајќи од 1901 г. академијата ја доделува Нобеловата награда за литература, во спомен на нејзиниот покровител Алфред Нобел. Покрај ова, установата ја доделува и Доблоуговата награда за шведска и норвешка белетристика.[3][4]
Тековни членови
уредиМоментален постојан секретар на академијата е Петер Енглунд. Членовите се наведени по број на место (седиште):
Место | Член | Род. | Избр. | Белешки |
---|---|---|---|---|
1. | Лота Лотас | 1964 | 2009 | |
2. | Бу Ралф | 1945 | 1999 | |
3. | Стуре Ален | 1928 | 1980 | постојан секретар од 1986 до 1999 |
4. | Андерс Олсон | 1949 | 2008 | |
5. | Јеран Малмквист | 1924 | 1985 | |
6. | Томас Ријад | 1959 | 2011 | активен од 20 декември 2011 |
7. | Кнут Анлунд | 1923 | 1983 | неактивен |
8. | Јеспер Свенбро | 1944 | 2006 | |
9. | Торгни Линдгрен | 1938 | 1991 | |
10. | Петер Енглунд | 1957 | 2002 | тековен постојан секретар 2009- |
11. | Улф Линде | 1929 | 1977 | |
12. | Пер Вестберг | 1933 | 1997 | |
13. | Гунел Валквист | 1918 | 1982 | |
14. | Кристина Лугн | 1948 | 2006 | |
15. | Керстин Екман | 1933 | 1978 | неактивна |
16. | Шел Еспмарк | 1930 | 1981 | |
17. | Хурасе Енгдал | 1948 | 1997 | постојан секретар од 1999 до 2009 |
18. | Катарина Фростенсон | 1953 | 1992 |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ "Svenska Språkets renhet, styrka och höghet" (Walshe, 1965)
- ↑ Шведска академија - Голем норвешки лексикон (норвешки)
- ↑ Доблоугова награда Архивирано на 16 октомври 2008 г. - Шведска академија (шведски)
- ↑ Доблоугова награда - Голем норвешки лексикон (норвешки)
Литература
уреди- Walshe, Maurice O'Connell (1965). "Introduction to the Scandinavian Languages", Andre Deutsch Ltd., I изд, стр. 57
Надворешни врски
уреди- Шведска академија (шведски) (англиски)