Список на вулкани во Индонезија
Во географијата на Индонезија доминираат вулканите кои се формираат заради подвлекувачите зони помеѓу Евроазиската плоча и Индоавстралиската плоча. Дел од вулканите се значајни заради нивните ерупции, на пример, Кракатау заради неговиот глобален ефект во 1883 година,[1] Езерото Тоба заради неговата супервулканска ерупција која се проценува дека се случила пред 74,000 години која предизвикала шестгодишна вулканска зима,[2] и Планината Тамбора заради најсилната ерупција во пишаната историја на човештвото која се случила во 1815 година.[3]
Вулканите во Индонезија се дел од Тихоокеанскиот Огнен Прстен. 150 записи во списокот подолу се групирани во шест географски региони, од кои четири припаѓаат на вулканите на системот во Сундскиот Лак. Останатите две групи се вулканите на Халмахера, вклучувајќи ги околните вулкански острови и вулканите на Сулавеси и Сангихе. Последната група е во еден вулкански лак заедно со филипинските вулкани.
Најактивните вулкани се Келуд и Мерапи на островот Јава кои предизвикале илјадници смртни случаи во регионот. Од 1000 п.н.е, Келуд избил повеќе од 30 пати, од кои најголемата ерупција била со јачина 5 на Скалата на вулкански избув (VEI),[4] додека Планината Мерапи избила повеќе од 80 пати.[5] Меѓународната асоцијација за вулканологија и хемија на Земјината внатрешност Планината Мерапи ја прогласи за декаден вулкан од 1995 година, поради нејзината висока вулканска активност.
Во 2012 година, Индонезија има 127 активни вулкани со околу 5 милиони активни луѓе во рамките на опасната зона. Земјотресот и цунамито на 26 декември 2004 година се смета дека довеле до нарушување на моделот на ерупција на вулканите. Ерупцијата во 2010 на Синабунг, кој немал заведено избув од 1600-тите е претставен како можен пример на таквата хипотеза.[6]
Зборот за Планина на индонезиски и на многу регионални јазици на земјата (како што е јаванскиот) — Гунунг. Оттука, Планината Мерапи на пример е позната како Гунунг Мерапи во Индонезија а воедно и на некои сајтови на англиски јазик.
Опсег
уредиНе постои една стандардна дефиниција за вулкан. Тој може да биде дефиниран како поединечни отвори, вулкански зданија или вулкански области. Внатрешноста на старите вулкани може да биде еродирана, создавајќи ново подземно магматско огниште како посебен вулкан. Многу современи активни вулкани пораснале како млади паразитски конуси од странични отвори или во централниот кратер. Некои вулкански конуси се групирани во едно вулканско име, на пример, Тенгерскиот комплекс, иако поединечните отвори се именувани од страна на локалните луѓе. Статусот на вулкан, било тој да е активен или пак во хибернација, не може прецизно да биде дефиниран. Индикацијата вулкан е утврдена од историски записи, со радиојаглеродно датирање или преку геотермални активности.
Примарниот извор на списокот подолу е преземен од книгата Вулканите на Светот, напишана од два вулканолога Том Симкин и Ли Сиберт,[б 1] во која се наведени активните вулкани во последните 10,000 години (холоцен).[7] Особено за Индонезија, Симкин и Сиберт користеле каталог на активни вулкани од објавената серија на Меѓународната Асоцијација за вулканологија и хемија на Земјината внатрешност.[б 2] Списокот на Симкин и Сиберт е најкомплетниот список на вулкани во Индонезија, но точноста на записите се разликува од еден регион до друг во однос на современите активности и фатални случаи во последните ерупции. Дополнителен извор за најновите вулкански податоци се земени од Вулканолошката мерна станица на Индонезија, владина институција која е одговорна за вулканските активности и геолошките опасности во Индонезија,[8] и некои други академски ресурси.
Географски групи
уредиСуматра
уредиВо географијата на Суматра доминира планински венец наречен Букит Барисан (буквално: "ред на брда"). Планинскиот масив се протега речиси 1700 километри од север кон југ на островот и бил формиран од движењето на Австралиската тектонска плоча.[9] Плочата се движи со конвергенциска стапка од 5.5 см/годишно и има создадено големи земјотреси на западната страна на Суматра, вклучувајќи го Суматра–Андаманскиот земјотрес во 2004.[10][11] Тектонското движење освен за земјотреси, одговорно е и за формирање на магматски огништа под островот.
Само еден од 35 активни вулкани, Вех, е одвоен од суматранското копно. Одделувањето било предизвикано од голема ерупција која ги исполнила низините помеѓу Вех и остатокот од копното со морска вода во плеистоценската епоха. Најголемиот вулкан на Суматра е супервулканот Тоба во рамки на 100х30 километри Езерото Тоба се формирало по колапс на купа (пред 74,000). Ерупцијата се проценува дека била со јачина 8 на VEI скалата, највисоката возможна вулканска ерупција. Највисокиот врв на планинскиот венец е Планината Керинчи со надморска височина од 3,800 метри.
-
Езерото Тоба
-
Таланг
-
Марапи на Суматра
-
Вулканот Синабунг
Сундски теснец и Јава
уредиСундскиот Теснец ги одделува островите Суматра и Јава со вулканскиот остров Кракатау кој лежи помеѓу нив. Кракатау силно избувнал во 1883 година, уништувајќи две третини од островот и оставајќи голема купа под морето. Оваа катастрофална експлозија се слушнала далеку дури до островот Родригес во близина на Маврициус (приближно на 4800 км. оддалеченост). Нов паразитски конус, наречен Анак Кракатау (или Детето на Кракатау) пораснал од морето во центарот на купата во 1930 година.[12] Другите Кракатау островчиња од ерупцијата во 1883 година се познати како Сертунг, Панјанг и Раката.
Јава е релативно мал остров во споредба со Суматра, но има повисока концентрација на активни вулкани. Постојат 45 активни вулкани на островот со исклучок на 20 мали кратери и конуси во вулканскиот комплекс Диенг и младите конуси во Тенгерскиот комплекс. Некои вулкани се групирани заедно во списокот подолу, поради нивните блиски локации. Планината Мерапи, Семеру и Келуд се најактивните вулкани на Јава. Планината Семеру постојано еруптира од 1967 година.[13] Планината Мерапи е прогласена за декаден вулкан од 1995 година.[14] Иџен има уникатно купесто езеро со исклучително кисел природен резервоар (pH<0.3).[15]
Забелешка: Висината на Кракатау е онаа на Раката, а не на активниот Анак Кракатау
-
Гунунг Танкгкубан Параху
-
Ерупцијата на Галунгунг во 1982
-
Мерапи,најактивниот вулкан во Индонезија
-
Тиркизното сулфурно езеро во купата на вулканот Илџен
Мали Сундски Острови
уредиМалите Сундски Острови се мал архипелаг на кој од запад кон исток се наоѓаат островите Бали, Ломбок, Сумбава, Флорес, Сумба и Тимор - сите поставени на работ на континенталниот праг. Вулканите во областа се формираат поради океанската кора и движењето на самиот гребен.[17] Некои вулкани целосно формирале остров, на пример, островот Сангеанг Апи. Планината Тамбора, на островот Сумбава, изби на 5 април 1815 година, со скала 7 на VEI и тоа се смета за најнасилната ерупција во пишаната историја.
Бандско Море
уредиБандското Море во јужниот дел на Молучкиот архипелаг вклучува мала група на острови. Три големи тектонски плочи под морето, Евроазиската, Тихоокеанската и Индоавстралиската плоча, биле во конвергенција од Мезозоикот.[18] Вулканите во Бандското Море главно се острови, но некои се подводни вулкани.
Име | облик | Височина | Последна ерупција (VEI) | Местоположба |
---|---|---|---|---|
Кинески цар | подводен | -2,850 метри | непознато | 6°37′S 124°13′E / 6.62° ЈГШ; 124.22° ИГД |
Ниеверкерк | подводен | -2285 метри | непознато | 6°36′00″S 124°40′30″E / 6.60° ЈГШ; 124.675° ИГД |
Гунунгапи Ветар | стратовулкан | 282 м | 1699 (3) | 6°38′31″S 126°39′00″E / 6.642° ЈГШ; 126.65° ИГД |
Вурлали | стратовулкан | 868 м | 3 јуни 1892 (2) | 7°07′30″S 128°40′30″E / 7.125° ЈГШ; 128.675° ИГД |
Теон | стратовулкан | 655 м | 3 јуни 1904 (2) | 6°55′12″S 129°07′30″E / 6.92° ЈГШ; 129.125° ИГД |
Нила | стратовулкан | 781 м | 7 мај 1968 (1) | 6°44′S 129°30′E / 6.73° ЈГШ; 129.50° ИГД |
Серуа | стратовулкан | 641 м | 18 септември 1922 (2) | 6°18′S 130°00′E / 6.30° ЈГШ; 130.00° ИГД |
Манук | стратовулкан | 282 м | непознато | 5°31′48″S 130°17′31″E / 5.53° ЈГШ; 130.292° ИГД |
Банда Апи | купа | 640 м | 9 мај 1988 (3) | 4°31′30″S 129°52′16″E / 4.525° ЈГШ; 129.871° ИГД |
Островите Сулавеси и Сангихе
уредиЧетири полуострови доминираат во формата на Сулавеси островот (порано позната како Челебес). Централниот дел е висока планинска област, но најчесто невулканска. Активните вулкани се наоѓаат на северниот полуостров и континуирано се шират кон север кон Островите Сангихе. Сангихе ја обележуваат границата со Филипини.
Халмахера
уредиОстровот Халмахера во северниот дел на Молучкиот архипелаг се формирал со движење на три тектонски плочи, што резултирало во два пресечени планински венци, кои формираат четири карпести полуострови одделени со три длабоки заливи. Вулкански лак се протега од север кон југ во западната страна на Халмахера, од кои некои се вулкански острови, на пример, Гамалама и Тидоре. Островското име на Гамалама е Тернате и тој бил центар за тргувијата со зачин откако Португалската империја ја отворила тврдината во 1512. Поради својата местоположба како центар за трговија со зачин во текот на големите географски откритија, денес постојат историски записи за вулкански ерупции во Халмахера уште од почетокот на 16 век.
Поголемите ерупции на вулканите во Индонезија
уредиПодолу е списокот на избрани големи ерупции на вулкани во Индонезија, подредени хронолошки од датумот на отпочнување на ерупција. Само ерупции со размер 3 или погоре на VEI се дадени со познати извори и фатални случаи, освен ако помали ерупции не резултирале со фатални случаи.
Датум на ерупција | Вулкан | Прекин | VEI | Одлики | Цунами | Тефра (волумен) | Смртни случаи | Извори |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
3 ноември 2010 | Мерапи | 8 ноември 2010 | 4 | це,пт,илк,лкт | не | N/A | 353 | [19] |
10 февруари 1990 | Келут | март 1990 | 4 | це,ке,пт,фе,илк,лкт | не | 0.13 км³ | 35 | [20] |
18 јули 1983 | Коло | декември 1983 | 4 | це,пт,фе | не | N/A | 0 | [21] |
5 април 1982 | Галунгунг | 8 јануари 1983 | 4 | це,пт,лт,лкт | не | 0.37 км³ + | 68 | [22][23] |
6 ноември 1972 | Мерапи | март 1985 | 2 | це,пт,лт,илк,лкт | не | 0.021 км³ | 29 | [5] |
26 април 1966 | Келут | 27 април 1966 | 4 | це,ке,пт,лкт | не | 0.089 км³ | 212 | [20] |
17 март 1963 | Агунг | 27 јануари 1964 | 5 | це,пт,лт,лкт | не | 1 км³ | 1,148 | [24] |
31 август 1951 | Келут | 31 август 1951 | 4 | це,ке,пт,лкт | не | 0.2 км³ | 7 | [21] |
25 ноември 1930 | Мерапи | септември 1931 | 3 | це,рп,пт,лт,илк,лкт | не | 0.0017 км³ | 1,369 | [5] |
19 мај 1919 | Келут | 20 мај 1919 | 4 | це,ке,пт,лкт | не | 0.19 км³ | 5,110 | [20] |
7 јуни 1892 | Аву | 12 јуни 1892 | 3 | це,пт,лкт | не | N/A | 1,532 | [25] |
26 август 1883 | Кракатау | февруари 1884 | 6 | це,пе,пт,ф,лкт,кк | 15–42 м | 5–8.5 км³ | 36,600 | [1][24][26] |
15 април 1872 | Мерапи | 21 април 1872 | 4 | це,пт | не | 0.33 км³ | 200 | [5] |
2 март 1856 | Аву | 17 март 1856 | 3 | це,пт,лкт | да | 0.51±0.50 км³ | 2,806 | [25] |
8 октомври 1822 | Галунгунг | декември 1822 | 5 | це,пт,илк,лкт | не | 1 км³ + | 4,011 | [20] |
10 април 1815 | Тамбора | 15 јули 1815 | 7 | це,пт,кк | 1–2 м | 160 км³ | 71,000+ | [3][27] |
6 август 1812 | Аву | 8 август 1812 | 4 | це,пт,лкт | не | 0.55±0.50 км³ | 963 | [25] |
12 август 1772 | Папандајан | 12 август 1772 | 3 | це,фе | не | N/A | 2,957 | [28] |
4 август 1672 | Мерапи | непознато | 3 | це,пт,лкт | не | N/A | 3,000 | [5] |
1586 | Келут | непознато | 5 | це,ке,лкт | не | 1 км³ + | 10,000 | [20] |
BP | ≈ 74,000Тоба | непознато | 8 | пт,лт,кк | веројатно | 2,800 км³ | скоро до уништување на цела човечка популација | [2] |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Winchester, Simon (2003). Krakatoa: The Day the World Exploded: August 27, 1883. HarperCollins. ISBN 0-06-621285-5.
- ↑ 2,0 2,1 Oppenheimer, C. (2002). „Limited global change due to the largest known Quaternary eruption, Toba ≈74 kyr BP?“. Quaternary Science Reviews. 21 (14–15): 1593–1609. Bibcode:2002QSRv...21.1593O. doi:10.1016/S0277-3791(01)00154-8.
- ↑ 3,0 3,1 Stothers, Richard B. (1984). „The Great Tambora Eruption in 1815 and Its Aftermath“. Science. 224 (4654): 1191–1198. Bibcode:1984Sci...224.1191S. doi:10.1126/science.224.4654.1191. PMID 17819476.
- ↑ „Kelut Eruptive History“. Global Volcanism Program. Smithsonian Institution. Архивирано од изворникот на 2009-03-02. Посетено на 19 December 2006.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 „Merapi Eruptive History“. Global Volcanism Program. Smithsonian Institution. Архивирано од изворникот на 2007-08-20. Посетено на 19 December 2006.
- ↑ „Indonesia Miliki 127 Gunung Api Aktif“. 2 May 2012. Архивирано од изворникот на 2018-11-17. Посетено на 2017-12-22.
- ↑ „Volcano Data Criteria“. Global Volcanism Program. Smithsonian Institution. Посетено на 14 June 2015.
- ↑ „Centre of Volcanology & Geological Hazard Mitigation“. Volcanological Survey of Indonesia. Архивирано од изворникот на 16 December 2006. Посетено на 31 December 2006.
- ↑ Simoes, M., Avouac, J.P., Cattin, R., Henry, P. (2004). „The Sumatra subduction zone: A case for a locked fault zone extending into the mantle“ (PDF). Journal of Geophysical Research. 109: B10402. Bibcode:2004JGRB..10910402S. doi:10.1029/2003JB002958.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Subarya, C., Chlieh, M., Prawirodirdjo, L., Avouac, J.P., Bock, Y., Sieh, K., Meltzner, A., Natawidjaja, D.H., McCaffrey, R. (2006). „Plate-boundary deformation associated with the great Sumatra-Andaman earthquake“ (PDF). Nature (journal). 440 (7080): 46–51. Bibcode:2006Natur.440...46S. doi:10.1038/nature04522. PMID 16511486.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Lay, T., Kanamori, H., Ammon, C., Nettles, M., Ward, S., Aster, R., Beck, S., Bilek, S., Brudzinski, M., Butler, R., DeShon, H., Ekstrom, G. (2005). „The Great Sumatra-Andaman Earthquake of 26 December 2004“ (PDF). Science. 308 (5725): 1127–1133. Bibcode:2005Sci...308.1127L. doi:10.1126/science.1112250. PMID 15905392.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Whittaker, R. J.; Bush, M. B. (1993). „Anak Krakatau and old Krakatau: a reply“. GeoJournal. 29 (4): 417–420. doi:10.1007/BF00807545.
- ↑ „Semeru Weekly Reports“. Global Volcanism Program. Smithsonian Institution. Архивирано од изворникот на 2007-08-20. Посетено на 7 December 2006.
- ↑ International Association of Volcanology and Chemistry of the Earth's Interior (1995). „Decade Volcano Update“. Bulletin of Volcanology. 57 (1): 82–83. Bibcode:1995BVol...57...76.. doi:10.1007/BF00298711.
- ↑ Ansje Löhr; Thom Bogaard; Alex Heikens; Martin Hendriks; Sri Sumarti; Manfred van Bergen; Kees C.A.M. van Gestel; Nico van Straalen & Pieter Vroonand (2005). „Natural Pollution Caused by the Extremely Acid Crater Lake Kawah Ijen, East Java, Indonesia“. Environmental Science and Pollution Research. 12 (2): 89–95. doi:10.1065/espr2004.09.118.
- ↑ „Mount Merapi Erupts“. ANTARA. 26 October 2010. Посетено на 19 November 2013.
- ↑ H. A. Brouwer (July 1939). „Exploration in the Lesser Sunda Islands“. The Geographical Journal. Blackwell Publishing. 94 (1): 1–10. doi:10.2307/1788584. JSTOR 1788584.
- ↑ Christian Honthaasa; Jean-Pierre Réhaulta; René C. Maurya; Hervé Bellona; Christophe Hémonda; Jacques-André Maloda; Jean-Jacques Cornéeb; Michel Villeneuveb; Joseph Cottena (1998). „A Neogene back-arc origin for the Banda Sea basins: geochemical and geochronological constraints from the Banda ridges (East Indonesia)“. Tectonophysics. 298 (4): 297–317. Bibcode:1998Tectp.298..297H. doi:10.1016/S0040-1951(98)00190-5.
- ↑ "Merapi Eruptive History". Global Volcanism Program. Smithsonian Institution.
- ↑ 20,0 20,1 20,2 20,3 20,4 „Large Holocene Eruptions“. Global Volcanism Program. Smithsonian Institution. Архивирано од изворникот на 2012-01-17. Посетено на 18 December 2006.
- ↑ 21,0 21,1 "Large Holocene Eruptions". Global Volcanism Program. Smithsonian Institution.
- ↑ Katili, J.A. & Sudradjat, A. (1984). „Galunggung: the 1982-1983 eruption“. Volcanology Survei Indonesia: 102.
- ↑ „Galunggung, Java, Indonesia“. Volcano World. Department of Geosciences at Oregon State University. Архивирано од изворникот на 16 June 2008. Посетено на 30 December 2006.
- ↑ 24,0 24,1 Michael R. Rampino & Stephen Self (1982). „Historic eruptions of Tambora (1815), Krakatau (1883), and Agung (1963), their stratospheric aerosols, and climatic impact“. Quaternary Research. 18 (2): 127–143. Bibcode:1982QuRes..18..127R. doi:10.1016/0033-5894(82)90065-5.
- ↑ 25,0 25,1 25,2 „Awu's Eruptive History“. Global Volcanism Program. Smithsonian Institution. Архивирано од изворникот на 2007-07-07. Посетено на 31 December 2006.
- ↑ B.H. Choi; E. Pelinovsky; K.O. Kim; J.S. Lee (2003). „Simulation of the trans-oceanic tsunami propagation due to the 1883 Krakatau volcanic eruption“ (PDF). Natural Hazards and Earth System Sciences. 3 (5): 321–332. doi:10.5194/nhess-3-321-2003. Архивирано од изворникот (PDF) на 12 September 2006.
- ↑ Oppenheimer, Clive (2003). „Climatic, environmental and human consequences of the largest known historic eruption: Tambora volcano (Indonesia) 1815“. Progress in Physical Geography. 27 (2): 230–259. doi:10.1191/0309133303pp379ra.
- ↑ „The Deadliest Eruptions“. Volcano World. Department of Geosciences at Oregon State University. Архивирано од изворникот на 25 January 2009. Посетено на 15 March 2009.
Општи препораки
уреди- ↑ Tom Simkin & Lee Siebert (1994). Volcanoes of the World: A Regional Directory, Gazetteer, and Chronology of Volcanism During the Last 10,000 Years (2. изд.). Geoscience Press. ISBN 0-945005-12-1.
- ↑ M. Neumann van Padang (1951). „Indonesia“. Catalog of Active Volcanoes of the World and Solfatara Fields (1. изд.). Rome: IAVCEI. стр. 1–271.