Тамборастратовулкан на островот Сумбава во Индонезија највисока планина на островот Сумбава во Индонезија. Височина на Тамбора била околу 4,300 метри во 18 век, што го прави еден од највисоките врвови во индонезискиот архипелаг во тоа време.

Тамбора
Воздушен поглед на купата на планината Тамбора, формирана во текот на огромната ерупција во 1815.
Највисока точка
Надм. вис.2722 м [1][2]
Истакнатост2722 м [1][2]
Координати8°14′48″S 117°57′30″E / 8.24667° ЈГШ; 117.95833° ИГД / -8.24667; 117.95833[1]
Географија
Тамбора на карта

Карта

МестоСумбава, Мали Сундски Острови, Индонезија
Геологија
Старост на карпата57,000 години
ВидСтратовулкан/Купа
Последен избув1967 ± 20 години

Вулканот станал познат по ерупцијата во 1815 година, која предизвикала климатски аномалии во 1816 година, заради што годината била наречена „Година без лето“. Тоа било една од најголемите вулкански ерупции во историјата налик на онаа на островот Санторини во Грција, во 1610 п.н.е и онаа на вулканот Таупо, Нов Зеланд, во 230.

Опис

уреди

Кратерот на вулканот е висок 2,722 метри. Висината на вулканот во минатото достигнала и до 4.300 метри, што го прави еден од најголемите врвови во Малајскиот архипелаг. Големи слоеви магма биле акумулирани во вулканот, така што бил исполнет долго време сè додека вулканската активност не го достигнала својот врв и прераснала во колосална ерупција во април 1815 година.[3] Ерупцијата во 1815 се слушала на далечина до 2000 километри, додека столбот на вулканската пепел бил видлив до островите Борнео, Сулавеси, Јава и Молучките острови. Поради тоа што дошло до исфрлање на вулканската пепел, настапилa глад и дошло до појава на разни болести. Според проценките, вкупниот број на жртви бил околу 70.000 луѓе, додека бројот на настрадани директно од ерупцијата изнесува околу 11,000-12,000.[4] Во август 2011 година нивото на ризик од ерупција на вулканот се подигнало со ниво I (нормално ниво на ризик) на ниво II (поголем ризик), поради зголемување на вулканската активност. Во септември 2011 нивото на ризик е повторно подигнато и достигнало ниво III (можност за ерупција).

Географска поставеност

уреди
 
Топографска мапа на Тамбора и Сумбава
 
Тамбора видена од вселената

Тамбора се наоѓа на полуостровот Сангар на островот Сумбава, кој е дел од Малите Сундски Острови. Тие се сегмент од Сундскиот Лак, низа на вулкански острови во јужниот дел на синџирот на индонезискиот архипелаг.[5] На северниот дел од полуостровот е Флореското Море и на југ е заливот Салех, долг 86 километри и широк 36 километри. Планината Тамбора е интересна на сеизмолозите, вулканолозите, археолозите и биолозите. Таа исто така привлекува туристи за пешачење и набљудување на дивиот свет.[6][7] Најблиски градови се Домпу и Бима. Околу падината на планината сконцентрирани се неколку села. На исток е селото Сангар, на северозапад се Доро Пети и Песанграхан, и на запад е селото Калабај. Во заливот е 30.000 хектарско островче наречено Моџо (или Пулау Моџо во Индонезија), кое има луксузно одморалиште.[8]

Пристапност до вулканот

уреди

Три правци на искачување се користат за да се стигне до купата на вулканот. Првиот почнува од селото Доро Мбоха, јужно од планината, и го следи патот низ една плантажа за кешу до 1,150 метри висина. На крајот на овој пат е јужниот дел на купата на 1,950 метри, каде се стигнува низ планинарска патека. Оваа локација обично се користи како базен камп за следење на вулканска активност, бидејќи потребно е само еден час за да стигне до купата. Втората патека е на југозападниот дел на планината, почнувајќи од селото Доро Пети, локација на вулканската набљудувачка станица. Третата патека започнува од селото Панкасила на северозападниот дел на планината и поминува низ плантажа за кафе. На третата патека, до купата се стигнува само пеш.[9]

Геолошка историја

уреди
 
Поглед кон вуланот.

Формирање

уреди

Планината Тамбора е формирана пред околу 57.000 години. Таа е 340 километри северно од Јаванскиот Ров и 180–190 километри над горната површина на северната подвлекувачка зона. Островот Сумбава е потиснат на север и на југ од двете плочи на океанската кора.[10] Тие конвергираат просечно по 7.8 сантиметри годишно.[11] Слоеви таложење исцедиле големо магматско огниште под планината. Островчето Моџо е формирано како дел од геолошки процес во кој Салехскиот Залив, пропаѓајќи во купата на исцеденото магматско огниште, прво се појавил како морски басен пред околу 25.000 години.

Според геолошко истражување, пред ерупцијата во 1815 ерупција, Тамбора имала облик на типичен стратовулкан, со симетричен вулкански конус кој се издигал на 4,300 метри и имал само еден централен вентил.[12] Пречникот на основата бил 60 километри.

 
Врвот на купата на вулканот

Еруптивна историја

уреди

Пред 1815

уреди

Со радиојаглеродно датирање биле утврдени датуми на три ерупции на Тамбора пред ерупцијата во 1815, иако нивните магнитуди се непознати.[13] Датумите се проценуваат меѓу 4110 и 3700 п.н.е., околу 3050 п.н.е., и некаде помеѓу 590 и 890 година.

 
Ерупција на Тамбора во 1815 и приказ на густина на паднатиот вулкански пепел

Ерупцијата во 1815 и потоа

уреди
 
Кратерот на Тамбора

Во 1812, вулканот Тамбора покажал голема активна која кулминирала со катастрофална и експлозивна ерупција (VEI-7) во април 1815 година. Оваа ерупција исфрлила 160 км3 тефра од централниот вулкански вентил. Тоа предизвикало пирокластични текови, пропаднала купата а ерупцијата предизвикала цунами кое направило огромни штети. Иако оваа активност престанала на 15 јули 1815 година, ерупцијата имала долготраен ефект врз глобалната клима. Ова било меѓу најголемите и најпознатите силни ерупции во последните 5000 години, заедно со Хатепе ерупцијата на езерото Таупо околу 180 година и Тианчи ерупција на Бајту Шан околу 1000 година.

Дополнителна активност се случила во август 1819, која се состоела од мала ерупција (VEI-2) со пламен и потреси. Се смета дека е дел од секвенцата на ерупцијата од 1815 ерупција.

Тамбора останала активна и по завршување на ерупцијата во 1815 година. Помали лавини текови биле исфрлени во текот на XIX и XX век.[14] Некаде помеѓу 1850 и 1910 година, Тамбора избила уште еднаш, но само во внатрешноста на купата.[15] Многу мала (VEI-0) и неексплозивна ерупција се случила во 1967 година; Уште една многу мала ерупција била објавена во 2011 година. Во август 2011 година[16] нивото на опасност од ерупција на вулканот се зголемило од ниво I на ниво II по зголемената активност во купата, вклучувајќи земјотреси и чад[17]

Археологија

уреди
 
Дното на купата на Тамбора со поглед накај северната страна

Археолошки докази покажуваат дека при ерупцијата во 1815 на планината Тамбора била збришана културата на островот Сумбава.[18] Во тек на археолошките ископувања во 2004, археолозите откриле културни остатоци закопани од ерупцијата во 1815.[19] Артефактите на локацијата биле зачувани во нивната позиција во 1815.[20]

Екосистем

уреди

Научниот тим предводен од швајцарскиот ботаничар Хајнрих Цолингер пристигнал на Сумбава во 1847[21] и се искачил на источниот раб на купата со помош на месните жители[22]. Мисијата на Цолингер била да ја проучи зоната на ерупција и ефектите врз локалниот екосистем. Тој беше првиот човек кој се искачил до врвот по ерупцијата. Местото уште било покриено со чад. Некоја растителност веќе почнувала да се обновува и тој видел неколку дрвја на долната падина и пресличникова шума на 2.200-2.550 метри и биле пронајдени и неколку тревни површини.

 
Кратерот на вулканот Тамбора

Обновата на растителноста на планината започнала во 1907. Плантажа за кафе била посадена во 1930-тите на северозападната падина на планината во селото Пекат.[23] Густа дождовна шума пораснала на 1000 до 2800 метри надморска височина.[23] Шумата покрива 80.000 хектари површина. Дождовните шуми и растителност на повисоките надморски височини биле истражени во 1933 година од страна на холандскиот тим, предводен од Костер и Де Вугд. Според нивните белешки, тие го започнале своето патување во една "прилично јалова, сува и жешка земја" пред да влезат во "моќната џунглата" со "огромна величествена шума". Во 1896 година, 56 видови на птици биле пронајдени,[24] Дванаесет дополнителни видови биле пронајдени во 1981 година. Неконтролираниот лов на птиците придонел нивниот број да биде денес во опаѓање а на некои од видовите им се заканува и исчезнување.

Од 1972 година, дрвната индустрија имала подем. Компанијата која се занимава со оваа гранка добила концесија за сечење дрва за 25% од областа односно 20 хектари покриеност.[23] Друг дел од шумите се користи како ловиште. Во резерватот за лов на дивиот свет има елени, биволи, диви свињи, лилјаци како и различни видови на влекачи и птици.

Во 2015 година, заради заштита на екосистемот областа била прогласена за национален парк.[25][26]

Набљудување на Тамбора

уреди
 
Инфрацрвена слика на планината тамбора (северот е лево)

Населението на Индонезија рапидно се зголемува после ерупцијата во 1815, достигнувајќи 222 милиони во 2006 година[27], од кои 130 милиони живеат на Јава. Нова вулканска ерупција голема како онаа во 1815 година би предизвикала фатални последици. Сеизмичка активност во Индонезија се следи од страна на Дирекцијата за вулканологија и геолошките опасности која се наоѓа со селото Доро Пети. Тие користат сеизмографско мерење на сеизмичките и тектонските активности. По ерупцијата во 1880 ерупција не се случила некаква поголема зголемување на сеизмичка активност.[28] Набљудувањето се врши континуирано во внатрешноста на купата, особено околу Доро Апи Тои паразитскиот конус.

Опасни и зони

уреди

Дирекцијата прогласила две опасни зони кои би биле директно засегнати од пирокластичен тек, лавин проток, и други пирокластични паѓања при евентуална силна ерупција. Оваа област ја вклучува купата и нејзината околина и покрива до 58.7 км2. Забрането е да се живее во опасната зона. Претпазливите зони вклучуваат области кои би можеле да бидат индиректно засегнати од лахарски текови и други ерупциски камења. Големината на оваа област опфаќа 185 км2 и опфаќа неколку села. Реката Гуву исто така е вклучена во претпазливата зона.[29]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Mountains of the Indonesian Archipelago“. PeakList. Архивирано од изворникот на 17 јули 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  2. 2,0 2,1 „Gunung Tambora“. Peakbagger.com. Посетено на 1 May 2009. (англиски)
  3. Degens, E. T.; Buch, B. (1989). „Sedimentological events in Saleh Bay, off Mount Tambora“. Netherlands Journal of Sea Research. 24 (4): 399–404. doi:10.1016/0077-7579(89)90117-8.
  4. Jane J. Lee (10 April 2015). „Volcanic Eruption That Changed World Marks 200th Anniversary“. National Geographic. Посетено на 21 January 2017.
  5. Foden, J. (1986). „The petrology of Tambora volcano, Indonesia: A model for the 1815 eruption“. Journal of Volcanology and Geothermal Research. 27 (1–2): 1–41. Bibcode:1986JVGR...27....1F. doi:10.1016/0377-0273(86)90079-X.
  6. „Hobi Mendaki Gunung – Menyambangi Kawah Raksasa Gunung Tambora“ (индонезиски). Sinar Harapan. 2003. Посетено на 14 November 2006.
  7. West and East Nusa Tenggara Local Governments. "Potential Tourism as Factor of Economic Development in the Districts of Bima and Dompu" (PDF). Соопштение за печат.  посет. 14 ноември 2006 г
  8. „Sumbawa“. Архивирано од изворникот на 15 ноември 2011. Посетено на 23 април 2012.
  9. Aswanir Nasution. „Tambora, Nusa Tenggara Barat“ (индонезиски). Directorate of Volcanology and Geological Hazard Mitigation, Indonesia. Архивирано од изворникот на 29 September 2007. Посетено на 13 November 2006.
  10. Foden, J.; Varne, R. (1980). „The petrology and tectonic setting of Quaternary—Recent volcanic centres of Lombok and Sumbawa, Sunda arc“. Chemical Geology. 30 (3): 201–206. doi:10.1016/0009-2541(80)90106-0.
  11. Sigurdsson, H.; S. Carey (1983). „Plinian and co-ignimbrite tephra fall from the 1815 eruption of Tambora volcano“. Bulletin of Volcanology. 51 (4 I): 243–270. Bibcode:1989BVol...51..243S. doi:10.1007/BF01073515.
  12. „Geology of Tambora Volcano“. Vulcanological Survey of Indonesia. Архивирано од изворникот на 16 November 2006. Посетено на 10 October 2006.
  13. „Tambora – Eruptive History“. Global Volcanism Program. Smithsonian Institution. Архивирано од изворникот на 26 август 2014. Посетено на 13 ноември 2006.
  14. „Tambora“. Global Volcanism Program. Smithsonian Institution. Архивирано од изворникот на 30 септември 2017.
  15. „Tambora Historic Eruptions and Recent Activities“. Vulcanological Survey of Indonesia. Архивирано од изворникот на 27 September 2007. Посетено на 13 November 2006.
  16. D'Arcy Wood, Gillen:Tambora: The Eruption That Changed the World; Princeton University Press, 2014
  17. Peningkatan Status G. Tambora dari Normal ke Waspada. Portal.vsi.esdm.go.id (30 August 2011). Retrieved 26 April 2012.
  18. 'Pompeii of the East' discovered“. BBC News. 28 февруари 2006. Архивирано од изворникот на 30 септември 2017.
  19. University of Rhode Island (27 февруари 2006). "URI volcanologist discovers lost kingdom of Tambora". Соопштение за печат.  посет. 6 октомври 2006 г
  20. Wirakusumah, Achmad Djumarma; Rachmat, Heryadi (2017). „Impact of the 1815 Tambora Eruption to global climate change“. IOP Conference Series: Earth and Environmental Science (англиски). 71 (1): 6. doi:10.1088/1755-1315/71/1/012007. ISSN 1755-1315.
  21. „Heinrich Zollinger“. Zollinger Family History Research. Посетено на 14 November 2006.
  22. Heinrich Zollinger: Besteigung des Vulkans Tambora auf der Insel Sumbawa und Schilderung der Erupzion desselben im Jahr 1815. Winterthur 1855.
  23. 23,0 23,1 23,2 de Jong Boers, Bernice (1995). „Mount Tambora in 1815: A Volcanic Eruption in Indonesia and its Aftermath“. Indonesia. 60: 37–59. doi:10.2307/3351140. JSTOR 3351140.
  24. Trainor, C. R. (2002). „Birds of Gunung Tambora, Sumbawa, Indonesia: effects of altitude, the 1815 cataclysmic volcanic eruption and trade“ (PDF). Forktail. 18: 49–61. Архивирано од изворникот (PDF) на 26 октомври 2016.
  25. "Mount Tambora National Park Transformed Into New Ecotourism Destination", in Antara News, 15 April 2015
  26. Rahmad, Rahmadi: "Geckos, moths and spider-scorpions: Six new species on Mount Tambora, say Indonesian researchers", in Mongabay, 14 May 2015
  27. Indonesian Central Statistics Bureau (1 септември 2006). "Tingkat Kemiskinan di Indonesia Tahun 2005–2006" (PDF) (на id). Соопштение за печат.  посет. 26 септември 2006 г
  28. „Tambora Geophysics“ (индонезиски). Directorate of Volcanology and Geological Hazard Mitigation, Indonesia. Архивирано од изворникот на 29 September 2007. Посетено на 13 November 2006.
  29. „Tambora Hazard Mitigation“ (индонезиски). Directorate of Volcanology and Geological Hazard Mitigation. Архивирано од изворникот на 29 September 2007. Посетено на 13 November 2006.

Библиографија

уреди
  • C. R. Harrington, уред. (1992). The year without a summer? World climate in 1816. Ottawa: Canadian Museum of Nature.
  • Henry and Elizabeth Stommel, Volcano Weather: The Story of 1816, the Year without a Summer, Newport, Rhode Island, 1983. ISBN. 0-915160-71-4
  • Gillen D'Arcy Wood, Tambora: The Eruption That Changed the World (Princeton, NJ: Princeton University Press, 2014). ISBN.978-0-691-15054-3

Надворешни врски

уреди