Јазици во Индонезија

Во Индонезија се говорат над 700 јазици.[1] Најголемиот дел од нив припаѓаат на австронезиското семејство, но има и неколку папуански јазици. Службен јазик е индонезискиот, кој претставува варијанта на малајскиот.[2] Иако индонезискиот се користи во стопанисувањето, администрацијата, образованието и медиумите, највеќето Индонезијци говорат локални јазици како јаванскиот како мајчин.[1] Во градовите луѓето имаат познавања и од англискиот, кој се изучува уште од основно училиште.

Јазици и говорници

уреди
Најзастапени јазици во Индонезија[3]
(податоците се однесуваат на носители на јазиците како мајчини, освен за индонезискиот како државен јазик)
Јазик Говорници
(милиони)
Година на
податокот
Подрачје кајшто се говори
индонезиски/малајски 210 2010 цела Индонезија
јавански 84,3 2000 [4] северен Бантен, северна Западна Јава, Јогјакарта, Централна Јава и Источна Јава
сундски 34,0 2000 [4] Западна Јава, Бантен
мадурски 13,6 2000 [4] Мадура (Источна Јава)
минангкабајански 5,5 2007 Западна Суматра
палембаншки [5] 3,9 2000 [4] Јужна Суматра
бугиски 3,5 1991 Јужен Сулавеси
банџарски 3,5 2000 [4] Јужен Калимантан, Источен Калимантан, Централен Калимантан
ачешки 3,5 2000 [4] Ачех
балиски 3,3 2000 [4] Бали и Ломбок
бетавски 2,7 1993 Џакарта
сасачки јазик 2,1 1989 Ломбок (Западни Мали Сундски Острови)
тобански 2,0 1991 Северна Суматра
макасарски 1,6 1989 Јужен Сулавеси
пакпак 1,2 1991 Северна Суматра
сималунгуншки 1,2 2000 [4] Северна Суматра
мандајлиншки 1,1 2000 [4] Северна Суматра
џамбиски малајски 1,0 2000 [4] Џамби
монгондоу 0,9 1989 Северен Сулавеси
горонталски 0,9 1989 Горонтало
нгаџуански 0,9 2003 Јужен Калимантан
лампуншки 0,8 2000 [4] Лампунг
нијаски 0,8 2000 [4] Нијас, Северна Суматра
ангкола 0,7 1991 Северна Суматра
северномолучки малајски 0,7 2001 Северно Малуку
јужномински (хокиен) 0,7 1982 Северна Суматра, Острови Ријау и Западен Калимантан
кинески (хака) 0,6 1982 Бангка Белитунг, Острови Ријау и Западен Калимантан
кароански 0,6 1991 Северна Суматра
уаб мето 0,6 1997 Западен Тимор (Источни Мали Сундски Острови)
бимански 0,5 1989 Сумбава (Западни Мали Сундски Острови)
мангарајски 0,5 1989 Флорес (Источни Мали Сундски Острови)
јужнотораџански 0,5 1990 Јужен Сулавеси, Западен Сулавеси
комериншки 0,5 2000 [4] Јужна Суматра
тетум 0,4 2004 Западен Тимор (Источни Мали Сундски Острови)
реџаншки 0,4 2000 [4] Бенкулу
мунски 0,3 1989 Југоисточен Сулавеси
сумбавски 0,3 1989 Сумбава (Западни Мали Сундски Острови)
банкански 0,3 2000 [4] Банка (Бангка Белитунг)
осиншки 0,3 2000 [4] Источна Јава
гајски 0,3 2000 [4] Ачех
бунгку–толаки 0,3 1991 Југоисточен Сулавеси
левотопски јазик 0,3 2000 Флорес (Источни Мали Сундски Острови)
источнотораџански 0,3 1992 Јужен Сулавеси
амбонски малајски 0,2 1987 Молучки Острови

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Lewis, M. Paul (2009). „Ethnologue: Languages of the World, Sixteenth edition“. SIL International. Посетено на 17 ноември 2009.
  2. Sneddon, James (2003). The Indonesian Language: Its history and role in modern society. Sydney: University of South Wales Press Ltd.
  3. http://www.ethnologue.com/show_country.asp?name=IDJ
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 4,12 4,13 4,14 4,15 4,16 Податоци од попис. Останатите се проценки.
  5. Muhadjir. 2000. Bahasa Betawi:sejarah dan perkembangannya. Yayasan Obor Indonesia. стр. 13.

Надворешни врски

уреди