Отвори го главното мени

Мали Сундски Острови

архипелаг во југоисточна Азија

Мали Сундски Острови (индонезиски: Kepulauan Nusa Tenggara „југоисточен архипелаг“[1] или Kepulauan Sunda Kecil „мал сундски архипелаг“[2]) — архипелаг во Југоисточна Азија, северно од Австралија. Заедно со Големите Сундски Острови (на запад) на образуваат поголемата група на Сундските Острови. Островите се дел од вулканскиот лак наречен Сундски Лак, настанат по пат на субдукција долж Сундскиот Ров во Јаванското Море.

Мали Сундски Острови
Kepulauan Nusa Tenggara
Kepulauan Sunda Kecil
LocationLesserSundaIslands.svg
Lesser Sunda Islands en.png
Географија
МестоЈугоисточна Азија
Југозападен Тихи Океан
Координати9°00′S 120°00′E / 9.000° ЈГШ; 120.000° ИГД / -9.000; 120.000
АрипелагСундски Острови
Највисоко издигнување3.726 м
Управување
ПокраиниБали
Западни Мали Сундски Острови
Источни Мали Сундски Острови
Малуку (само островите Барат Даја и Танимбар)
Карта на Малите Сундски Острови.

Најголеми острови во архипелагот (од запад кон исток) се: Бали, Ломбок, Сумбава, Флорес, Сумба, Тимор, Алорските Острови, Барат Даја и Танимбар.

УправаУреди

Највеќето острови се во состав на Индонезија, и тоа покраините Бали, Западни Мали Сундски Острови, Источни Мали Сундски Острови и јужниот дел на Малуку. Источната половина на Тимор му припаѓа на Источен Тимор.

ГеологијаУреди

Малите Сундски острови во геолошки поглед се делат на два архипелага.[3] Северниот архипелаг, во кој влегуваат Бали, Ломбок, Сумбава, Флорес и Ветар е од вулканско потекло. Некои вулкани се активни и денес, а други се згаснати веќе подолго време. Пример за првите е Ринџани на Ломбок, а пример за вторите е Келимуту на Флорес, со трите разнобојни кратерски езера. Северниот архипелаг настанал за време на плиоценот пред околу 15 милиони години како последица од судирот помеѓу Австралиската и Азиската Плоча.[3] Островите на јужниот архипелаг како што се Сумба, Тимор и Бабарските Острови се невулкански, и ѝ припаѓаат на Австралиската Плоча.[4] Геологијата и екологијата на северниот архипелаг дели доста сличности со јужните Молучки Острови, кои го продолжуваат истиот островски лак кон исток.

ЕкологијаУреди

Групата се состои од поголем број мали острови, напати поделени со длабоки океански ровови. Размената на растителниот и животинскиот свет помеѓу нив е ограничена, што довело до висок степен на автохтоност на видовите, меѓу кои најпознат е комодскиот варан (Varanus komodoensis).[5] Според Алфред Волес (Малајскиот Архипелаг), меѓу Бали и Ломбок минува т.н. Волесова Линија, која се протега по длабоките води на Ломбочкиот Проток, образувајќи водна препрека дури и во далечното минато, кога островите биле копнено поврзани поради пониското морско ниво. Островите источно од протокот се дел од биогеографското подрачје Волесија, и имаат флора и фауна од азиско и австралазиско потекло.[6] На Малите Сундски Острови преовладуваат азиските видови; источно од групата се протега Веберовата Линија, која ја отцртува границата помеѓу деловите од Волесија со претежно азиски и претежно австралазиски видови. Овие острови се одликуваат со најсува клима во Индонезија.

ГалеријаУреди

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Bijdragen tot de taal-, land- en volkenkunde / Journal of the Humanities and Social Sciences of Southeast Asia. Brill Publishers. 2011. ISBN 9789790644175. http://blogs.unimelb.edu.au/libraryintelligencer/2011/05/09/journal-of-the-humanities-and-social-sciences-of-southeast-asia-and-oceania/. 
  2. „Badak Sunda dan Harimau Sunda.“. "[...] Mr. M. Yamin yang pada 1950-an ketika menjadi Menteri P.P. dan K. mengganti istilah Kepulauan Sunda Kecil menjadi Kepulauan Nusa Tenggara. Sebab, istilah Kepulauan Sunda Kecil diganti dengan Kepulauan Nusa Tenggara, maka istilah Kepulauan Sunda Besar juga tidak lagi digunakan dalam ilmu bumi dan perpetaan nasional Indonesia – meskipun dalam perpetaan Internasional istilah Greater Sunda Islands dan Lesser Sunda Islands masih tetap digunakan." - Ajip Rosidi: Penulis, budayawan. Pikiran Rakyat, 21 August 2010. конс. 7 July 2015. 
  3. 3,0 3,1 Audley-Charles, M.G. (1987) "Dispersal of Gondwanaland: relevance to evolution of the Angiosperms" In: Whitmore, T.C. (ed.) (1987) Biogeographical Evolution of the Malay Archipelago Oxford Monographs on Biogeography 4, Clarendon Press, Oxford, pp. 5–25,
  4. Veevers, J.J. (1991) "Phanerozoic Australia in the changing configuration of ProtoPangea through Gondwanaland and Pangea to the present dispersed continents" Australian Systematic Botany 4: pp. 1–11
  5. Monk,, K.A.; Fretes, Y.; Reksodiharjo-Lilley, G. (1996). The Ecology of Nusa Tenggara and Maluku. Hong Kong: Periplus Editions Ltd.. стр. 9. ISBN 962-593-076-0. 
  6. Monk (1996), page 4

ЛитератураУреди

  • Monk, K.A.; Fretes, Y.; Reksodiharjo-Lilley, G. (1996). The Ecology of Nusa Tenggara and Maluku. Hong Kong: Periplus Editions Ltd.. ISBN 962-593-076-0. 

Надворешни врскиУреди