Халмахерско Море
Халмахерско Море — море во Тихиот Океан сместено на подрачјето на Индонезија. Лежи помеѓу 1° ЈГШ и 129° ИГД и се граничи со ширта на Тихиот Океан на север, островот Халмахера на запад, островот Вајгео и покраината Папуа на исток, и Серамското Море на југ. Зафаќа површина од 95.000 км и топографски опфаќа повеќе одделни подводни котлини и сртови, од кои најголема е Халмахерската Котлина, со длабочина од 2.039 м.
Опфат
уредиСпоред Меѓународната хидрографска организација, Халмахерското Море ги има следниве граници:[1]
На север Линија од Ваџабула (Моротај) до ’ртот Џоџефа, северниот крај на Халмахера.
На исток. Линија од ’ртот Горанго, североисточниот крај на островот Моротај, преку островите Саџанг и Каве до западните крајности на островите Вајгео и Батанта, па преку водата до северозападниот крај на островот Самавати, долж брегот до ’ртот Менонкет (југозападниот крај), а оттаму до ’ртот Селе, Нова Гвинеја (1°26′S 130°56′E / 1.433° ЈГШ; 130.933° ИГД).
На југ. Северната граница на Серамското Море помеѓу Голем Оби и Нова Гвинеја [Линија од ... Голем Оби ... ’ртот Серанмалолео (неговиот источен крај), а оттаму низ островите Тобалај, Кекек, Писанг и Кофијау до ’ртот Селе (1°26′S 130°55′E / 1.433° ЈГШ; 130.917° ИГД), западниот крај на Нова Гвинеја].
На запад. Јужната граница на Молучкото Море помеѓу Халмахера и Голем Оби [Линија од јужниот крај на Халмахера со северниот крај на островот Биса (Сетиле), а оттаму до северниот крај на Голем Оби].
Наводи
уреди- ↑ „Граници на океаните и морињата, III изд“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 7 февруари 2010. (англиски)
Надворешни врски
уреди- Халмахерско Море на Ризницата ?
- Халмахерско Море Архивирано на 2 август 2001 г. — „Поимник на физичката океанографија“ (англиски)