Кратерско езеро — езеро кое се формира во вулкански кратер, купа или маар. Понекогаш езерата кои се формираат во купите се нарекуваат купански езера, но често оваа разлика не се прави. Кратерските езера што ги покриваат активните (фумаролошки) вулкански отвори понекогаш се познати како вулкански езера, а водата во нив често е кисела, заситена со вулкански гасови и со силна зеленикава боја. На пример, кратерското езеро Иџен во Индонезија има pH од 0,5[1]. Езерата сместени во замрзнати или исчезнати вулкани имаат тенденција да содржат свежа вода, а чистотата на вода во таквите езера може да биде исклучителна поради недостатокот на влезни струи и седименти.

Тоба е најголемо кратерско езеро во светот

Формирање уреди

Кратерските езера се формираат најчесто со акумулација на вода во кратерот поради силни врнежи од дожд. Вулканските езера се формираат на кратерот на активен вулкан. Водата во нив се одликува со висока киселост и висока содржина на вулкански гас. Поретко може да се формираат кратерски езера во кратерите на метеорити.

Добро познато кратерско езеро, кое го носи истото име како геолошка одлика, е Кратерско Езеро во Орегон. Се наоѓа во купата на планината Мазама. Тоа е најдлабокото езеро во САД со длабочина од 594 метри. Кратерското Езеро се храни само со паѓање дожд и снег, без прилив или одлив на површината, а со тоа е едно од најасните езера во светот.

Највисокиот вулкан во светот, Охос дел Саладо во Чиле од 6.893 метри, има постојано кратерско езеро со пречник од околу 100 метри на надморска височина од 6,390 метри на неговата источна страна[2]. Ова е најверојатно највисокото езеро од секаков вид во светот.

Поради нивната нестабилна околина, некои кратерски езера постојат само повремено. Тие може да бидат доста големи и долготрајни. На пример, езерото Тоба (Индонезија) формирано по ерупцијата пред околу 75.000 години. Со големина од околу 100 км и длабочина од 505 метри во најдлабоката точка, езерото Тоба е најголемо кратерско езеро во светот[3]. Додека многу кратерски езера се живописни, тие исто така можат да бидат смртоносни. Испуштањата на гас од езерото Ниос (Камерун) во 1986 година задушило 1.800 луѓе, а кратерските езера како што е планината Руапеху (Нов Зеланд) честопати придонесува за создавање на деструктивни лахари.

Наводи уреди

  1. Measuring the acidity of Kawah Ijen crater lake
  2. Andes Website - Information about Ojos del Salado volcano, a high mountain in South America and the World's highest volcano Архивирано на 27 април 2007 г.
  3. Glenday, Craig (2010). Guinness World Record 2011. ISBN 9781904994572.

Надворешни врски уреди