Декадни вулкани

(Пренасочено од Декаден вулкан)

Декадни вулкани — 16 вулкани прогласени од страна на Меѓународното здружение за вулканологија и хемија на Земјината внатрешност (IAVCEI) како достојни за одредено нивно проучување и следење, главно поради нивната историја на големи и деструктивни ерупции и поради нивната близина до населените места. Овој проект има за цел да ги поттикне студиите и активностите за подигнување на јавната свест кај овие вулкани, со цел да се постигне подобро разбирање на вулканите и опасностите што тие можат да ги предизвикат, а со тоа и да ја намалат сериозноста на природните катастрофи.

Тие се наречени Декадни вулкани, бидејќи проектот бил покренат како дел од програмата на ООН за намалување на природните катастрофи во 1990-тите.

Вулканот може да биде назначен за декаден вулкан доколку:

  • Вулканот има повеќе од една вулканска опасност (луѓето што живеат во близина на вулканите може да почувствуваат пад на тефра, пирокластични текови, лавини текови, лахари, нестабилност на вулкански градби и колапс на лавината купола)
  • покажува неодамнешна геолошка активност
  • се наоѓа во населено место (ерупција на било кој од декадните вулкани може да загрозат десетици или стотици илјади луѓе, а со тоа и решенијата за ублажување на опасностите од ерупција на овие вулкани е од клучно значење)
  • политички и физички да е достапен за проучување
  • да постои локална поддршка за работата.

Цел на програмата уреди

 
Градба уништена од ерупција во Унзен, Јапонија
 
Вулканот Колима во декември 2016 година

Општ пристап на проектите за Декадните вулкани е да се основат работилници за планирање, да се идентификуваат главните предности и слабости за намалување на ризикот на секој вулкан и да се планира како да се намалат или отстранат идентификуваните слабости. Една од тешкотиите со кои се соочуваат овие опасности кај вулканите е да се осигури дека геолозите и оние кои ќе ги донесат мерките за ублажување соодветно ќе комуницираат, а програмата да се обиде да го обезбеди ова со тоа што двете групи се добро застапени во работилниците на Декадните вулкани[1].

Финансирање уреди

Финансирањето на проектот за Декадните вулкани главно се одвива преку ООН, но освен тоа организацијата постојано бара финансирање од различни извори. На пример, мексиканските научни и цивилни одбранбени тела финансирале работа во Колима, главно за мексикански научници, но исто така и за неколку странски колеги. Големи билатерални француско-индонезиски и германско-индонезиски програми биле покренати во Мерапи, а Европската Унија обезбедила средства за многу студии спроведени на европските вулкани.

Една посебна активност која не е финансирана е размена на научници и водачи на цивилната одбрана помеѓу различните проекти за Декадните вулкани кои се однесуваат на земјите во развој, на пример, меѓу Филипините и Индонезија, или меѓу Мексико, Гватемала и Колумбија, или преку Тихиот Океан и Атлантикот. Често научниците и водачите на граѓанската одбрана од земјите во развој можат подобро да се однесуваат на искуствата на другите, отколку што можат за искуството на колеги од индустријализираните земји. Исто така, водачите на цивилната одбрана кои доживеале вулканска криза се веродостојни сведоци, во очите на локалните водачи на цивилната одбрана, отколку што би можеле да бидат локални или во посета научници.

Достигнувања уреди

 
Големата ерупција на Етна

Откако била покрената, програмата за вулкани постигнала голем број успеси изразени во предвидување на вулкански настани и ублажување на катастрофите. Еден од најзначајните било успешното пренасочување на лавиниот проток на планината Етна во 1992 година. Протокот му се заканувл на градот Заферана Етнеја и ги прегазил неколкуте бариери поставени на нејзиниот проток по долината. Научниците и водачите на граѓанската одбрана одлучиле да се обидат да го одбранат протокот повисоко, и тоа го направиле со додавање на големи бетонски блокови.

Програмата значително ги зголемила познавањата за Декадните вулкани бидејќи дел од нив претходно биле многу слабо изучувани пред да бидат назначени. Еруптивната историја на вулканот Галерас сега е многу подобро позната од претходно.

Мерките кои се преземени за ублажување на катастрофите кои би можеле да бидат предизвикани од идните ерупции вклучуваат нови прописи за пристап во близина на планината Рејнир, кој бара проценка на геолошките опасности пред какви било нови случувања, ограничувања за изградба на нови домови околу купата Тал, и развој на планот за евакуација на делови од Неапол, кои би можеле да бидат засегнати во случај на ерупција на Везув.

Проблеми уреди

Иако студиите на многу вулкани довеле до јасно намалување на ризикот со кои се соочуваат околните населби, ерупциите кај некои од Декадните вулкани покажале потешкотии со кои се соочува програмата. Ерупциите на планината Унзен, кои започнале непосредно пред да биде прогласен за декаден вулкан, биле силно следени, но и покрај тоа, голем пирокластичен проток убил 43 лица, меѓу кои и три вулканолози[2].

Подоцна, конференцијата за Декадни вулкани во градот Пасто, Колумбија, во 1993 година завршила со катастрофа, кога неколку научници претставиле импровизирана експедиција во кратерот на Галерас. Ерупцијата се случила неочекувано додека истите биле на врвот, што резултирало со смрт на шест научници и тројца туристи.[3].

Друг проблем со кој се соочува програмата е граѓанските нереди кои се случуваат во близина на неколку вулкани. Граѓанската војна во Гватемала ги зафатила и самите студии на вулканот Санта Марија до прекинот на огнот во 1996 година, додека тековната граѓанска војна во Демократска Република Конго ги попречува студиите на вулканот Њирагонго.

Декадни вулкани уреди

 
Теиде, Шпанија).
 
Галерас, Колумбија).

Следниве вулкани [4] се избрани како декадни вулкани, и нивниот број е 16:

Вулкан Регион Земја
Авачински-Корјакски Камчатски крај Русија
Колима Халиско Мексико
Галерас Нарињо Колумбија
Мауна Лоа Хаваи САД
Етна Сицилија Италија
Мерапи Централна Јава Индонезија
Њирагонго Северен Киву Демократска Република Конго
Рејнир Вашингтон САД
Везув Кампанија Италија
Унзен Нагасаки/Кумамото Јапонија
Сакураџима Кагошима Јапонија
Санта Марија Кецалтенанго Гватемала
Санторини Јужен Егеј Грција
Тал Калабарсон Филипини
Теиде Канарски Острови Шпанија
Улавун Источна Нова Британија/Западна Нова Британија Папуа Нова Гвинеја

Проектот за дегасизација на јаглеродни длабочини на Земјата, иницијатива на Deep Carbon Observatory, надгледува 9 вулкани, од кои 2 се Декадни вулкани. Фокусот на проектот за отстранување на јаглеродот е да се користат инструменти за повеќе компонентни гасни анализатори за мерење на односите CO2 / SO2 во реално време и во висока резолуција за да се овозможи откривање на пред-еруптивно дегасирање на зголемувањето на магмите, подобрување на предвидувањата на вулканска активност[5]

Наводи уреди

  1. Newhall, Christopher G. (1996); IAVCEI/International Council of Scientific Unions' Decade Volcano Projects: Reducing Volcanic Disaster, Status Report, United States Geological Survey, Washington, D.C. [1] Архивирано на 15 ноември 2004 г.
  2. Yamamoto, Takahiro; Takarada, Shinji; Suto, Shigeru (1993). „Pyroclastic flows from the 1991 eruption of Unzen volcano, Japan“. Bulletin of Volcanology. 55 (3): 166–175. doi:10.1007/BF00301514.
  3. Baxter, Peter J.; Gresham, Austin (1997). „Deaths and injuries in the eruption of Galeras Volcano, Colombia, 14 January 1993“. Journal of Volcanology and Geothermal Research. 77 (1–4): 325–338. doi:10.1016/S0377-0273(96)00103-5.
  4. „IAVCEI NEWS 1/2 1996“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-13. Посетено на 2017-12-26.
  5. Aiuppa, Alessandro; Moretti, Roberto; Federico, Cinzia; Giudice, Gaetano; Gurrieri, Sergio; Liuzzo, Marco; Papale, Paolo; Shinohara, Hiroshi; Valenza, Mariano (2007). „Forecasting Etna eruptions by real-time observation of volcanic gas composition“. Geology. 35 (12): 1115–1118. doi:10.1130/G24149A.1.

Надворешни врски уреди