Атанасиј Александриски

светец и Александриски патријарх
(Пренасочено од Атанасиј Велики)

Атанасиј Александриски познат и како Свети Атанасиј Велики (народно: Свети Атанас; грчки: Αθανάσιος) — христијански светец, Александриски патријарх во периодот од 328 до 373 година.

Свети Атанасиј Александриски
Αθανάσιος
Икона на Свети Атанасиј
Александриски патријарх
Роден(а) 293, Александрија
Починал(а) 2 мај 373, Александрија
Почитуван(а) во древноисточни цркви, православие, католицизам, лутеранство, англиканство
Главно светилиште Сан Захарија, Венеција, Италија
Коптска катедрала, Каиро, Египет
Слава 15 мај коптска православна црква
18 јануари (православие)
2 мај (западно христијанство)
Обележја Епископ heretic

Атанасиј се родил во Александрија во 296 година. Од детство бил наклонет кон духовниот призив. Откако го завршил своето образованието, епископот Александар го прифатил како свое духовно чедо, и го поставил и за свој ѓакон и истиот го придружувал на Првиот вселенски собор во Никеја, каде биле разрешени редица на црковни проблеми, како определување на датата за славење на Велигден, дејствата против Мелетиј Ликополски и дејствијата против Ариј, во кој се ставил како водич против аријанството.

Атанасиј го напишал Симболот на Верата кој на соборот бил усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј бил избран за архиепископ на Александрија. Во архиепископскиот чин останал над четириесет години, иако не бил цело време на архиепископскиот престол. Во текот на своето делување, на неколкупати бил прогонуван од страна на римските цареви како Констанциј, Јулијан и Валент, како и од архиепископит Евсевиј Никомидиски.

Во 326 година, кога починалепископот Александар, Атанасиј бил избран на неговото место. Непријателите на св. Атанасиј, аријаните, покренале обвиненија против него за наводно користољубие и грубости над клириците. Поради тоа бил свикан собор во Трир, кој независно од изложените докази во прилог на невиноста на архиепископот на Александрија — сепак, го осудил. Откако видел дека на тој начин нема да ја добие правдата, Свети Атанасиј се сретнал во Цариград со императорот Константин Велики и му ја претставил вистината.

Императорт ги повикал учесниците на Трирскиот собор повторно да го разгледаат делото, но непријателите на св. Атанасиј успеале да го измамат императорот со нова клевета. Гледајќи дека не може да ги помири Атанасиј и неговите противници, а плашејќи се од бунт во Александрија, императорот решил да го жртвува нејзиниот архиепископ и да го испрати на заточение во Галија. Таму Атанасиј поминал две години. По смртта на Константин Велики, неговите наследници со указ го вратиле за епископ на Александрија. Тоа дало нов повод на непријателите на Атанасиј да го прогласат за незаконски епископ, веќе врз основа на тоа што бил вратен на катедрата од светската власт.

Од вкупно 47 години епископско служење, тој 15 години поминал во прогонство[1].

Уште во своите први дела: „Слово кон паганите” и „Слово за воплотувањето на Бог Слово и за Неговото јавување во плот меѓу нас”, била посочена главната тема на неговото богословие. Основни негови догматски дела се: „Четири слова против аријаните” (околу 356–359), посветени на потврдувањето на божественоста на Спасителот. Нему му го припишуваат и „Житието на св. Антониј“, како и многу трактати, коментари на Светото Писмо, книги со наравоучителен карактер и проповеди.

Во 373 година починал во Александрија на 76-годишна возраст. Црквата го чествува неговиот спомен на 2 мај и на 18 јануари (заедно со св. Кирил Александриски).

Наводи

уреди
  1. „Свети Атанасиј Александриски“. Посетено на 4 јануари 2011.