Скопскоцрногорски дијалект

Скопскоцрногорски дијалектдијалект на македонскиот јазик. Дијалектот спаѓа во групата на западни дијалекти од северното наречје. Дијалектот е сличен со вратничкиот дијалект, а негова главна одлика е зачестената употреба на предлогот у, замена на самогласката а со самогласката у и користење на меѓусамогласно в.[1]

  Скопскоцрногорскиот дијалект на картата на македонските дијалекти

Територија

уреди

Скопскоцрногорскиот дијалект се зборува во 20-тина села што се наоѓаат на полите и во подножjето на планината Скопска Црна Гора. Тука спаѓаат селата: Кучково, Орман, Волково (Ву­чи Дол), Ново Село, Бразда, Глуво, Чучер, Горњане, Бањане, Мирковци, Кучевиште, Побожје, Бродец, Љубанци, Љуботен, Раштак, Г. Оризаре, Радишани, Булачани, Црешево и Стајковци.

Фонолошки одлики

уреди
  • Старословенската носовка ѫ е заменета со у: пут, рука, зуп, мука...
  • Старото самогласно л овде е заменето со групите у/лу/лă: куне, слăза...
  • Непрегласено а на местото на самогласката е: трава.
  • Вредност ă за секундарниот полуглас ъ: лажелăже
  • Согласната група мн се употребува како мл: многу – млого.
  • Непчаното ј пред е на почетокот на зборот: јазик – језик.
  • Губење на в кога е во меѓусамогласна положба: главу, човек...
  • Промена на местата на самогласките а и о во завршетоците кај лексемите татко и мајка: Кад сам бил мал, јас сам не слушал татка ми и мајко ми.[2]      

Морфолошки одлики

уреди
  • Формата на личната заменка за прво лице е ја.           
  • Стариот предлог въ добил вредност у: у град.
  • Наставка -мо кај глаголите во прво лице множина: украдимо, одимо, гледамо, видимо, јадемо...
  • Продуктивно образување на минатите неопределени времиња.
  • Глаголската форма се менува по истата самогласка што ја определува групата на глаголот во трето лице еднина кој се префрла и во прво лице, притоа додавајќи ја наставката : вика-викам, гледа-гледам, носи-носим, живи-живим, везе-везем, јаде-јадем...
  • Помошниот глагол сум се јавува како сам.
  • Множинска наставка кај именките од женски род со завршеток на а: жене, године...
  • Наставка -ше за образување на имперфектот: мучеше, тепаше, јаваше, идеше.      
  • Акузативната заменска форма за машки род еднина е њега.
  • Кратката акузативна заменска форма за машки род еднина е га.
  • Предлогот со се реализира како сӑс.[2]      

Глаголи

уреди
викаше носеше береше
викаше носеше береше
викаше носеше береше
викашемо носешемо берешемо
викашете носешете берешете
викашеу носешеу берешеу

Наводи

уреди
  1. Бојковска, Стојка; и др. (2001). Македонски јазик за средното образование (V изменето. изд.). Скопје: Просветно дело. стр. 252. ISBN 9989-0-0021-2.
  2. 2,0 2,1 Дијалектите на македонскиот јазик, Божидар Видоески, том 2, 1998, Скопје

Надворешни врски

уреди