Шкрилец

вид метаморфна карпа

Шкрилецот е среднозрнеста до крупнозрнеста метаморфна карпа со среден до висок кристалитет и со одлично изразена шкрилавост, по која и го добиле името. Од минералите, во нив доминираат мусковит, талк, хлорит, биотит и други. Името го добиваат по водечкиот минерал или минералите што доминираат: микашисти (ако доминира лискунот), хлоритски шкрилци, талкотни шкрилци итн. Кварцот како редовна состојка некогаш може и да доминира (кварц-микашисти, кварц-хлоритски шкрилци итн.).

Шкрилец
Менхетнски шкрилец, од југоисточен Њујорк