Сенки (филм)

македонски филм од 2007 г.
(Пренасочено од Сенки (филм од 2007))

Сенки (англиски: Shadows) — македонски филм од 2007 година, режиран, продуциран и напишан од страна на Милчо Манчевски.[1] Сниман е на повеќе места во Скопје, Охрид и неколку други места низ Македонија. Сенки беше македонски кандидат за номинација за Оскар на 80-тото доделување на наградите на Академијата, но истиот не влезе меѓу петте номинирани.[3][4]

„Сенки“
Филмски постер на македонски јазик
РежисерМилчо Манчевски
ПродуцентМилчо Манчевски
Амедео Пагани
Корина Мехнер
Нермин Гладерс
Мартин Хусман
Димитар Гочев
Герардо Хереро
Мариела Бесуиевски
Томас Вудро
СценаристМилчо Манчевски
Главни улогиБорче Начев
Салаетин Билал
Весна Станојевска
Сабина Ајрула-Тозија
Диме Илиев
Ратка Радмановиќ
Петар Мирчевски
Илко Стефановски
Владимир Јачев
Гоце Влахов
Васил Шишков
Филарета Здравковиќ
Борис Чоревски
Бранко Бенинов
Изабела Новотни
Лазе Манасковски
МузикаРајан Шор
КинематографијаФабио Чанкети
МонтажаДејвид Реј
Мартин Левенстин
ДистрибутерBavaria Film International
ПремиераКанада 9 септември 2007
Македонија 2 ноември 2007
Времетраење120 мин[1]
129 мин[2]
ЗемјаМакедонија Македонија
ЈазикМакедонски
Буџет4.600.000


Содржина

уреди

Успешен млад доктор, Лазар Перков, оженет за прекрасна жена со која има дете. Тој има сè – дури и неговите пријатели и роднини го нарекуваат „Лаки“. Но, изгледот некогаш залажува; и покрај сите земски задоволства, Лазар константно се обидува да ги задоволи своите мајка, татко и незаинтересирана сопруга. Секој ден му е ист, сè додека еден ден едвај преживува тешка сообраќајна несреќа.

По закрепнувањето, Лазар се соочува со луѓе кои наизглед умираат повеќепати, и секогаш ја носат истата порака: „Врати го она што не е твое. Имај почит.“ Откако Лазар сфаќа дека овие негови привидувања не се само соништа, туку дел од секојдневниот живот, тој доаѓа до заклучок дека тие се изгубени души кои сè уште не нашле мир во другиот свет, и успева да открие што всушност треба да врати.

Улоги

уреди
Глумец/ка Улога
Борче Начев Д-р Лазар Перков
Салаетин Билал Герасим
Весна Станојевска Менка
Сабина Ајрула-Тозија Д-р Вера Перкова
Ратка Радмановиќ Калина
Петар Мирчевски Благојче
Илко Стефановски Д-р Карпузовски
Владимир Јачев Д-р Шишкин
Гоце Влахов проф. Кокале
Филарета Здравковиќ Гордана
Диме Илиев Игњат Перков
Борис Чоревски Стамат
Благоја Спиркоски-Џумерко
Владо Дојчиновски Борче
Лазе Манасковски Таксист
Милица Стојанова
Васил Шишков Монахот
Јоана Поповска Славка
Бранко Бенинов Болничар
Зора Ѓоргиева Тетка Јерусалимка
Нино Леви Михо
Мустафа Јашар Трајче
Љупчо Бреслиски Ефтим
Петар Димоски Тасе
Катерина Коцевска
Наџи Шабан Методи
Абдурахман Рахман Љузлим
Антонио Димитриевски Келнер

Реакции и рецензии

уреди

Филмот своја премиера доживува на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, а прикажан е и на уште неколку други познати фестивали. Во основа, истиот е добро прифатен, при што еден филмски критичар има изјавено дека истиот е „најамбициозниот филм на Манчевски до денес“. Патрик Мек Гевин од Screen Daily вели дека Сенки е „гламурозен и уредно среден [и дека Манчевски…] има добро око за композиција, водено од сензуалната, убава фотографија на италијанскиот кинематограф Фабио Чанкети.” Како особен квалитет на филмот Мек Гевин ја издвојува и „заводливата, откривачка улога на живата, особено привлечна млада глумица Весна Станојевска, професионален музичар во своето филмско деби. Таа на филмот му вбгризува особен еротски интензитет”.[4] За режисерот на филмот, пак, Милчо Манчевски, Сенки „е приказна за односот кон ближниот свој“[5]. Заедно со Балкан-кан, Сенки е најгледаниот филм во македонските кина.

Надворешни врски

уреди



  1. 1,0 1,1 „Сенки“. Семрежна филмска база на податоци. Посетено на 2008-09-16.
  2. „Shadows: Film Info (Информации за „Сенки" на официјната страница)“. Bavaria Film International. Посетено на 2008-09-16.
  3. „Рекордни 63 земји се надеваат на номинација за Оскар за најдобар филм“. Yahoo! Movies. 2007-10-17. Архивирано од изворникот на 2008-09-26. Посетено на 2008-07-04. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. 4,0 4,1 Стивен Гајдос; Либи Мекарти (2008-01-15). „Трката за Оскар за најдобар странски филм се пожешка“. Variety. Посетено на 2008-07-04. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. Александра Бубевска. „Гламурозна премиера на „Сенки". А1 телевизија. Посетено на 2008-09-16.