Северен Повратник

(Пренасочено од Северен повратник)

23°26′16″N 0°0′0″W / 23.43778° СГШ; -0.00000° ИГД / 23.43778; -0.00000 (Нулти меридијан)

Северниот Повратник на карта на светот.

Северен Повратник (наречен и Раков Повратник) — замислена кружница на најсеверната географска должина на Земјата на која Сонцето може да дојде нормално на Земјината површина, во зенитот. Оваа појава се јавува при јунскиот сонцестој, кога северната полутопка е во најголема мера наклонета кон Сонцето. На јужната полутопка кружницата што доаѓа нормално на површината се нарекува Јужен Повратник.

Овие кружници се две од петте напоредници што стојат на картите на светот (другите се Северниот Поларник, Јужниот Поларник и екваторот). Положбата на овие напоредници (освен екваторот) зависи од осниот наклон во однос на орбиталната рамнина.

Повратникот се нарекува и „Раков Повратник“ поради фактот што во времето на неговото именување Сонцето било во соѕвездието Рак за време на јунскиот сонцестој. Денес сонцето во ова време од годината се јавува во соѕвездието Бик. Промената се должи на појавата наречена прецесија на рамнодениците.

Географија

уреди
 
Знаци на автопатот Сарагоса-Викторија во Мексико што ја означуваат положбата на Северниот Повратник за секоја година од 2005 до 2010.

Моментално (епоха 2011) Северниот Повратник лежи 23° 26′ 16″ северно од екваторот.[1] Положбата на повратникот не е постојана, туку се поместува на југ со стапка од речиси половина секунда (0,47″ или 15 метри) годишно. Во 1917 г. повратникот се наоѓал точно на 23° 27' СГШ.[2]

На север од повратникот се наоѓаат суптропите и северниот умерен појас. Еквивалентната замислена кружница јужно од екваторот се нарекува Јужен Повратник, а подрачјето помеѓу нив (со екваторот во средина) се нарекува тропски појас.

Места

уреди

Почнувајќи од нултиот меридијан, па на исток, Јужниот Повратник минува низ следниве места:

Координати Земја, територија, море Белешки
23°26′N 0°0′E / 23.433° СГШ; 0.000° ИГД / 23.433; 0.000 (Нулти меридијан)   Алжир
23°26′N 11°51′E / 23.433° СГШ; 11.850° ИГД / 23.433; 11.850 (Нигер)   Нигер
23°26′N 12°17′E / 23.433° СГШ; 12.283° ИГД / 23.433; 12.283 (Либија)   Либија повратникот го допира најсверната точка на Чад во 23°26′N 15°59′E / 23.433° СГШ; 15.983° ИГД / 23.433; 15.983 (Најсеверна точка на Чад)
23°26′N 25°0′E / 23.433° СГШ; 25.000° ИГД / 23.433; 25.000 (Египет)   Египет
23°26′N 35°30′E / 23.433° СГШ; 35.500° ИГД / 23.433; 35.500 (Црвено Море) Црвено Море
23°26′N 38°38′E / 23.433° СГШ; 38.633° ИГД / 23.433; 38.633 (Саудиска Арабија)   Саудиска Арабија
23°26′N 52°8′E / 23.433° СГШ; 52.133° ИГД / 23.433; 52.133 (Обединети Арапски Емирати)   ОАР само емиратот Абу Даби
23°26′N 55°24′E / 23.433° СГШ; 55.400° ИГД / 23.433; 55.400 (Оман)   Оман
23°26′N 58°46′E / 23.433° СГШ; 58.767° ИГД / 23.433; 58.767 (Индиски Океан) Индиски Океан Арапско Море
23°26′N 68°23′E / 23.433° СГШ; 68.383° ИГД / 23.433; 68.383 (Индија)   Индија сојузните држави Гуџарат, Раџастан, Мадја Прадеш, Чатисгар, Џарканд и Западен Бенгал
23°26′N 88°47′E / 23.433° СГШ; 88.783° ИГД / 23.433; 88.783 (Бангладеш)   Бангладеш одделите Кулна, Дака и Читагонг
23°26′N 91°14′E / 23.433° СГШ; 91.233° ИГД / 23.433; 91.233 (Индија)   Индија сојузната држава Трипура
23°26′N 91°56′E / 23.433° СГШ; 91.933° ИГД / 23.433; 91.933 (Бангладеш)   Бангладеш одделот Читагонг
23°26′N 92°19′E / 23.433° СГШ; 92.317° ИГД / 23.433; 92.317 (Индија)   Индија сојузната држава Мизорам
23°26′N 93°23′E / 23.433° СГШ; 93.383° ИГД / 23.433; 93.383 (Мјанмар)   Бурма сој. држава Чин, окрузите Сагаин и Мандалеј и сој. држава Шан
23°26′N 98°54′E / 23.433° СГШ; 98.900° ИГД / 23.433; 98.900 (Кина)   НР Кина покраините Јинан (минува околу 7 км северно од границата со   Виетнам), Гуангсји и Гуангдунг
23°26′N 117°8′E / 23.433° СГШ; 117.133° ИГД / 23.433; 117.133 (Тајвански Проток) Тајвански Проток
23°26′N 120°8′E / 23.433° СГШ; 120.133° ИГД / 23.433; 120.133 (Тајван)   Тајван окрузите Чиаји и Хуалиен
23°26′N 121°29′E / 23.433° СГШ; 121.483° ИГД / 23.433; 121.483 (Тихи Океан) Тихи Океан минува веднаш јужно од островот Некер, Хаваи,   САД
23°26′N 110°15′W / 23.433° СГШ; 110.250° ЗГД / 23.433; -110.250 (Мексико)   Мексико сојузната држава Јужна Долна Калифорнија
23°26′N 109°24′W / 23.433° СГШ; 109.400° ЗГД / 23.433; -109.400 (Калифорниски Залив) Калифорниски Залив
23°26′N 106°35′W / 23.433° СГШ; 106.583° ЗГД / 23.433; -106.583 (Мексико)   Мексико сојузните држави Синалоа, Дуранго, Закатекас, Сан Луис Потоси, Нов Леон и Тамаулипас
23°26′N 97°45′W / 23.433° СГШ; 97.750° ЗГД / 23.433; -97.750 (Мексикански Залив) Мексикански Залив
23°26′N 83°0′W / 23.433° СГШ; 83.000° ЗГД / 23.433; -83.000 (Атлантски Океан) Атлантски Океан минува низ Флоридскиот Проток и каналот Свети Никола
минува веднаш јужно од Ангвилски Насипи (  Бахами)
минува низ каналот Сантарен и во отворено море
23°26′N 76°0′W / 23.433° СГШ; 76.000° ЗГД / 23.433; -76.000 (Бахами)   Бахами архипелагот Ексума и островот Лонг Ајленд
23°26′N 75°10′W / 23.433° СГШ; 75.167° ЗГД / 23.433; -75.167 (Атлантски Океан) Атлантски Океан
23°26′N 15°57′W / 23.433° СГШ; 15.950° ЗГД / 23.433; -15.950 (Западна Сахара) Западна Сахара полага право   Мароко
23°26′N 12°0′W / 23.433° СГШ; 12.000° ЗГД / 23.433; -12.000 (Мавританија)   Мавританија
23°26′N 6°23′W / 23.433° СГШ; 6.383° ЗГД / 23.433; -6.383 (Мали)   Мали
23°26′N 2°23′W / 23.433° СГШ; 2.383° ЗГД / 23.433; -2.383 (Алжир)   Алжир

Надворешни врски

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Повратник во движење[мртва врска] (шпански)
  2. Миланковиќевите циклуси и глацијацијата Архивирано на 6 август 2011 г. - Државен унверзитет на Монтана (англиски)