Чатисгар
Чатисгар е сојузна држава во Индија со површина од 135.194 км2 и 20.795.956 жители (сос: 1. јан. 2001). Чатигар настанал 2000. од деловите на Мадја Прадеш, во кој се зборува чатисгарскиот јазик. Раџпур е главен град. Името Чатисгар доаѓа од "чатис" и "гар". што на хинди значи 36 и тврдина, а претставувало 36 кнежевски државички од старите времиња. Се граничи со Мадја Прадеш на североисток, Андра Прадеш на југ, Ориса на исток, Џарканд на североисток и Утар Прадеш на север.
Чатисгар | |
---|---|
Чатисгар - छत्तीसगढ़ | |
Држава: | Индија |
Главен град: | Раџпур |
Површина: | 135.194 км2 |
Население: | 20.795.956 (2001) |
Густина на население: | 108 жит./км2 |
Јазик: | хинди, чатисгар |
Религија: | |
Мрежно место: | www.chhattisgarh.nic.in Архивирано на 26 октомври 2006 г. |
Мапа | |
Економија
уредиГрадот Корба е место каде се произведува доволно електрична енергија за неколку индиски држави. Тука се наоѓа и голема фабрика за алуминим. Во Чатисгар има и голема челичарница. А рудата на железо ги задоволува и челичрницата во Чатисгар и неколку други индиски држави. Дел од рудата се извезува и во Јапонија.
Најголеми градови
уреди(Спрема пописот од 2001.)
Град | Жители |
---|---|
Раџпур | 605.131 |
Билај | 553.837 |
Корба | 315.695 |
Биласпур | 265.178 |
Дург | 231.182 |
Раџнандгаон | 143.727 |
Рајгар | 110.987 |
Чирмири | 91.312 |
Чарода | 87.170 |