Сагаин е округ во Мјанмар кој е сместен во северозападниот дел на земјата и се наоѓа момеѓу латитудата 21° 30' север и лонгитудата 94° 97' исток . Се граничи со индиските држави Нагаланд и Манипур на север, и со Качин, Шан, и Мандалај на исток, Магве на југ и со реката Иравади во поголем дел ја формира источната и југоисточната граница со соседната Чин.

စစ္‌ကုိင္‌း‌တုိင္‌း
Сагаин

(sackuing: tuing:)

Главен град Сагаин
Регион Централен северозападен
Површина 93.527 km²
Население 5,325,347[1]
Народи Бамари, Шани, Наги, Чини
Религија Будизам, Христијанство, анимизам

Географија и административна поделба

уреди

Сагаин има повржина од 93.527 км2, и население (1996) од 5.300.000. Главен град е истоимениот Сагаин.

Сагаин е поделена на 198 квартови и градови, 38 градски општини,8 дистрикта како; Сагаин, Швебо, Монива, Ката, Кале, Таму, Мавлаик и Хкамти.

Демографија

уреди

Бамарите (Бубманците) се мнозинсво во сувите региони и предели на провинцијата. Шаните се населени во долините на горниот дел на реката Чиндвин. Има и позабележителен дел он народот Нага, кои се населени во северните и северозападните планински предели и Чини кои се населени во југот на земјата. Има и две помали етнички групи како Каду и Гананг, кои живеат во долините на реките Му и Меза.

Стопанство

уреди

Земјоделието зазема најголем процент во Сагаинската економија. Приматот го има оризот, па следи пченицата и сусамот. Исто така се одгледува и кикиритки, памук и тутун.

Постојат и доста рудници од кои се екплоатита злато, јаглен, сол а има и помали наоѓалишта и на Нафта. Од индустриските гранки најзастапени се текстилната и петрохемијата.

Историја

уреди

Сагаин во 1315 година бил главен град на кралството на Шаните, после падот на Баган кога бил создаден политички вакуум во централна Бурма.

 
Главниот град Сагаин

Наводи

уреди
  1. Извештај од пописот. Пописот на населението и домувањето во Мјанмар во 2014 година. 2. Непјидо: Министерство за имиграција и население. мај 2015. стр. 17.


Административна поделба на Мјанмар  
Окрузи:   Иравади |   Баго |   Магве |   Мандалај |   Сагаин |   Танинтаји | Јангон
Држави:   Чин |   Качин |   Каја |   Карен |   Мон |   Ракајн |   Шан
Самоуправувачки зони: Дану | Кокан | Нага | Па Лаун | Пао
Самоуправувачки округ: Ва
Сојузна територија: Непјидо


Координати: 21°30′N, 95°37′E