Ристо Лозановски
Ристо Лозановски (3 април 1925 Битола - 22 октомври 2011 Скопје) − македонски агроном, професор на Земјоделскиот факултет и академик на МАНУ.
Ристо Лозановски | ||
Роден | 3 април 1925 Битола, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 22 октомври 2011 Скопје, Македонија | |
Националност | Македонец | |
Занимање | агроном |
Образование и работен век
уредиРоден е во Битола каде што завршил гимназија. Студирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Земун, а по отворањето на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје ги продолжил студиите на овој факултет. Дипломирал во 1950 година. Во 1962 година ја одбранил докторската дисертација "Плевелна вегетација по органичарските површини во Пелагонија и нејзиното земјоделско значење". Веднаш по дипломирањето 1951 година бил задржан на тогашниот Земјоделско-шумарски факултет во Скопје, прво како асистент, подоцна доцент и вонреден професор, а од 1971 година е редовен професор на денешниот Земјоделски факултет во Скопје.
Научно-истражувачка дејност
уредиД-р Ристо Лозновски има развиено голема активност во научноистражувачката работа. Раководел со пет покрупни научно-истражувачки проекти (компетициски односи меѓу плевелите и некои нивски култури, влијание на агротехничките мерки и хербицидите врз биоценолошките промени во агроекосистмит, реонирање вобрдско-планински подрачја врз основа на агроеколошките фактори, проучување на нови техничко-технолошки решенија за одгледување на втори култури во СРМ и сл. ). Тематиката што ја обработува во својата научно-истражувачка дејност опфаша научни подрачја што не се покриени со други истражувачи во Републиката, а се од значење за натамошен развој на земјоделството и за добивање нови современи техничко-технолошки решенија. Потесните научни подрачја во кои др. Ристо Лозановски ја исполнува својата научноистражувачка дејност се: обаботка на почвата, вегетација, биологија и екологија на плевелите, примена на хемиски средства (хербициди) во борбата против плевелите; ѓубрење и агротехника, агроеколошки проблеми во врска со продуктивните потенцијали што ги овозможуваат определени агроеколошки (агроклиматски и др.) фактори. Д-р Ристо Лозановски спаѓа меѓу најактивните научни и наставни работници кои своите научни сознанија и стручни искуства ги пренесуваат во поизодната практика. Неговата стручна дејност се манифестира нив повеќе форми: објавување на стручни трудови, активно учество на стручни советувања, конгреси и симпоиуми, изработка на елаборати и програми, како и директна соработка со организациите на здружениот труд. Посебно е ангажиран во борбата против плевелите, во која област се вбројува меѓу најеминентните стручњаци во Југославија. За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 7 октомври 1988 година. Починал на 22 октомври 2011 година[1].
Наводи
уреди- ↑ „МАНУ“. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2011. Архивирано од изворникот на 2016-11-09. Посетено на 20 октомври 2016.