Владо Камбовски (роден на 5 јануари 1948 во Битола) — македонски правник, универзитетски професор и политичар.

Владо Камбовски
Деветти претседател на МАНУ
На должноста
2011–2015
Претходник Георги Старделов
Наследник Таки Фити
Министер за правда
На должноста
30 ноември 1998 – 28 декември 1999
Претходник Ѓорѓи Спасов
Наследник Џевдет Насуфи
Лични податоци
Роден(а) 5 јануари 1948(1948-01-05)(76 г.)
Битола, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонец
Установа Правен факултет
Професија правник
политичар
академик
Вероисповед Православна

Животопис

уреди

Камбовски завршил основно и средно образование во родниот град. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во учебната 1969/1970 година кога бил избран за асистент на Катедрата за кривично право на Правниот факултет во Скопје. Во учебната 1972/1973 година се запишал на постдипломски студии по казнено право на Правниот факултет во Загреб.

Студиите ги завршил со одличен успех и во мај 1975 година ја одбранил магистерската работа на тема „Доброволно откажување од извршување кривично дело”. Од 15 јули 1975 до 1 јуни 1976 бил на отслужување на воениот рок.

Во 1977 година бил избран за предавач и држел предавања по кривично право на правните факултети во Скопје и во Битола, како и на Факултетот за безбедност во Скопје. Во 1980 година на Правниот факултет во Скопје ја одбранил докторската дисертација. Истата година бил избран за доцент по предметот кривично право, а потоа и за декан на Факултетот за безбедност, која должност ја вршел до 1984 година. Од 1984 до 1986 година ја вршел должноста директор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје.

Во периодот од 1986 до 1989 година бил потпретседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ од 1986, а од март 1989 до јули 1992 бил член на Сојузниот извршен совет и сојузен секретар за правосудство и управа. Бил и претседател на Републичката комисија за односи со верските заедници, до април 1989 година.[1] По независноста на Македонија, од 1 декември 1998 до 28 декември 1999 ја вршел должноста министер за правда во Владата на Република Македонија.

За редовен професор на Правниот Факултет бил избран во 1992 година, а реизбран во 2000 година. Во мај 2006 година бил избран за редовен член на МАНУ. Во декември 2011 година бил избран за претседател на МАНУ.[2], и на оваа функција се задржал до 2015 година.

Награди

уреди
  • Награда „11 Октомври“ во 2012 година [3]

Наводи

уреди
Претходник
Ѓорѓи Спасов
Министер за правда на Република Македонија
30 ноември 199828 декември 1999
Наследник
Џевдет Насуфи