Карачајци
Карачајци (Карачевци) се туркиски народ кој живее во Русија, односно во автономната република Карачаево-Черкесија, каде по Русите се најголемо етничко население во републиката. Повеќе од Карачајците се со муслиманска вероисповед, зборувајќи карачајско-балкарски јазик. Нивниот вкупен број изнесува околу 145 000.