Сунизам
Сунизам[1][2] или сунитски ислам — најголемата гранка на исламот што ја следат од 85 % до 90 % од муслиманите во светот.[3][4][5] Сунитските муслимани (арап. أهل السنة والجماعة), се „верници што ја следат суната на пророкот Мухамед и го сочинуваат мнозинството од уметот“. Накратко, тие најчесто се нарекуваат сунитски муслимани или сунити. Сунитскиот ислам најчесто се нарекува православен облик на исламот.[6] Зборот сунит потекнува од зборот суна (арап. سنة) што значи сè што рекол и направил Мухамед, што е потврдено во хадисите.
Сунитите својата методологија ја црпат од Куранот и хадисите содржани во Ел Кутуб ел Ситах. Според овие два основни извори, се прават и закони со додавање на методи на правно расудување (кијас) и консензус на учените (иџма). Постојат неколку мислења на учените во однос на сите сегменти од изучувањето на верата, и со текот на времето тие се класифицирани во еден од четирите главни мезхеби, или одговорите на прашањата се бараат во исламското право (иџтихад). Сунитите веруваат дека учењата на сите четири школи се точни и дека тие не се разликуваат во основните верувања и практики на исламот, туку во различните сфаќања на фикхот од страна на имамите, основачите на мезхебот и нивните ученици.
Според сунитското предание, Мухамед не назначил јасно наследник и муслиманската заедница дејствувала во согласност со неговата суна и го избрала неговиот тест Абу Бакр за прв калиф. Ова е спротивно на шиитското гледиште, според кое Мухамед за време на настанот во Гадир-Хум објавил дека неговиот зет и роднина Али ибн Аби Талиб треба да биде негов наследник.[7][8] Политичките напнатости меѓу сунитите и шиитите продолжиле со различна жестина низ исламската историја и неодамна биле влошени со етничките судири и подемот на вахабизмот.[9]
Во 2009 година, сунитите сочинувале од 87 до 90 % од муслиманското население ширум светот.[10] Сунизмот е најголемата светска верска деноминација, по што следи католицизмот.[11] Неговите поддржувачи на арапски се нарекуваат ahl as-sunnah wa l-jamāʻah („луѓе од суните и заедницата“) или скратено ahl as-sunnah.[12] Сунизмот понекогаш се нарекува „православен ислам“.[13][14][15] Некои изучувачи на исламот, како Џон Бартон, веруваат дека не постои нешто како „православен ислам“.[16]
Куранот, заедно со хадисот[17][18][19] (особено оние собрани од Кутб ас-Сита ) и иџмата ја образуваат основата на сите традиционални закони во сунизмот. Шеријатските одлуки се изведени од овие основни извори, комбинирани со аналогно расудување, разгледување на јавната благосостојба и правна дискреција, користејќи начела на судска практика развиени од традиционалните правни школи.
Во однос на верата, сунитската традиција ги поддржува шесте столба на иманот (верата) и ги опфаќа асхаридските и матуридските школи на рационалистичка теологија, како и текстуалистичката школа позната како традиционалистичка теологија.
Школи за шеријатско право (мезхеб)
уредиИсламскиот закон е познат како шеријат, тој се заснова на Куранот и суните. Мезхебот се преведува како „начин“, различни мезхеби одразуваат различни мислења за некои права и обврски на шеријатот, па на пример еден мезхеб гледа нешто како обврска, додека друг не.[21][22] Постојат четири школи на шеријатските мезхеби:
Ханифиски мезхеб
уредиОсновач на оваа школа бил Абу Ханифа (702-† 767), кој е роден во Куфа, Ирак. Следбениците на оваа школа се муслимани од: Бангладеш, Пакистан, Индија, Авганистан, голем дел од Средна Азија, Јужна Русија, Кавказ, Балканот, Турција и делови од Ирак. Оваа школа има следбеници кај муслиманите од Велика Британија и Германија.
Маликиски мезхеб
уредиОсновач на ова училиште бил Малик ибн Анас (-† 795 год.) Тој ги развил своите идеи во Медина, каде што бил еден од последните преживеани придружници на Мухамед и неговото потесно семејство). Неговото учење е запишано во книгата Мувата која е закон за повеќето муслимани во Африка, освен за оние во Долен Египет, Занзибар и Јужна Африка. Маликиската школаисто така е популарно меѓу муслиманите во Франција. Малик ибн Анас бил личен учител на Ханефи и Идрис еш Шафи.
Шафиски мезхеб
уредиПрвиот човек на оваа школа бил Мухамед ел Шафи (-† 820 ), ученик на Малик ибн Анас. Работел во Ирак, а потоа во Египет . Учењата на оваа школа се држат од муслиманите во: Индонезија, Долен Египет, Малезија, Брунеј, Сингапур, Сомалија, Јордан, Либан, Сирија, Керала во Индија, Шри Ланка, Малдиви, Палестина, Јемен и Курдистан. Ал Шафи особено ја нагласувал суната на Мухамед (сè што правел, кажал или тивко одобрил), кој според него бил хадис (што рекол Мухамед ) и извор на шеријатот.
Ханбелиски мезхеб
уредиРодоначалник на ова училиште бил Ахмад ибн Ханбели († 855 ), кој бил роден во Багдад. Тој детално ги проучувал учењата на Ал-Шафи. И покрај забраните и прогоните, тој цврсто останал на ставот дека светата книга Куран не е створена. Ова училиште има најмногу следбеници на Арапскиот Полуостров.
Теологија на четирите школи
уредиСледбениците на сите четири школи го следат истиот основен збир на верувања, но тие се разликуваат едни од други во практичното извршување на верските ритуали и во правните толкувања на „божествените начела“ (шеријатот), односно во толкувањето на Куранот и хадисот (зборови). Сунитските муслимани сметаат дека двата извора имаат еднаква вредност.[12]
Постојат и други сунитски шеријатски школи. Сепак, тие имаат многу малку следбеници и се релативно непознати во споредба со популарноста на четирите главни школи. Исто така, многу од другите школи изумреле бидејќи немале доволно следбеници за да преживеат.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „сунизам“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „сунизам“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ архивска копија. Oxford. Архивирано од изворникот на 2010-10-28. Посетено на 7. 03. 2019. Укажано повеќе од еден
|accessdate=
и|access-date=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|access-date=
(help) - ↑ Press, Oxford University (2010). Sunni Islam: Oxford Bibliographies Online Research Guide. Oxford University Press. стр. 3. ISBN 978-0-19-980429-0.
- ↑ „Sunnism“. -Ologies & -Isms. The Gale Group. Посетено на 5 октомври 2016.
- ↑ Галеова енциклопедија Блиског истока и сјеверне Африке (ен) "Највећи огранак ислама, некада означен као 'ортодоксни ислам'..."
- ↑ Jafri, Syed Husain Mohammad (27 август 1976). The Origins and Early Development of Shi'a Islam (Millennium (Series)) (The Millennium (Series).). Karachi, Pakistan: Oxford University Press (First Published By Longman Group Ltd and Librairie du Liban 1979). стр. 19–21. ISBN 9780195793871.
The Shi'a unequivocally take the word in the meaning of leader, master, and patron, and therefore the explicitly nominated successor of the Prophet. The Sunnis, on the other hand, interpret the word mawla in the meaning of a friend, or the nearest kin and confidant.
- ↑ Harney, John (3 јануари 2016). „How Do Sunni and Shia Islam Differ?“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 3 јануари 2016. Посетено на 4 јануари 2016.
Shiites believe that he chose Ali, his cousin and son-in-law
- ↑ Tayeb El-Hibri, Maysam J. al Faruqi (2004). „Sunni Islam“. Во Philip Mattar (уред.). The Encyclopedia of the Modern Middle East and North Africa (Second. изд.). MacMillan Reference.
- ↑ „Mapping the Global Muslim Population“. 7 октомври 2009. Архивирано од изворникот на 14 декември 2015. Посетено на 10 декември 2014.
- ↑ Connie R. Green, Sandra Brenneman Oldendorf, Religious Diversity and Children's Literature: Strategies and Resources, Information Age Publishing, 2011, p. 156. Quote: "Catholicism is the second largest religious body after Sunni Muslims"
- ↑ 12,0 12,1 . Oxford. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ John Richard Thackrah (2013). Dictionary of Terrorism (2, revised. изд.). Routledge. стр. 252. ISBN 978-1-135-16595-6.
- ↑ Nasir, Jamal J., уред. (2009). The Status of Women Under Islamic Law and Modern Islamic Legislation (revised. изд.). Brill. стр. 11. ISBN 9789004172739.
- ↑ Braswell, George W. You Need to Know about Islam & Muslims (2000). What (illustrated. изд.). B&H Publishing Group. стр. 62. ISBN 978-0-8054-1829-3.
- ↑ An Introduction to the Hadith. John Burton. Published by Edinburgh University Press. 1996. p. 201. Cite: "Sunni: Of or pertaining sunna, especially the Sunna of the Prophet. Used in conscious opposition to Shi'a, Shi'í. There being no ecclesia or centralized magisterium, the translation 'orthodox' is inappropriate. To the Muslim 'unorthodox' implies heretical, mubtadi, from bid'a, the contrary of sunna, and so 'innovation'."
- ↑ Forte, David F. (1978). „Islamic Law; the impact of Joseph Schacht“ (PDF). Loyola of Los Angeles International and Comparative Law Review. 1: 2. Посетено на 19 април 2018.
- ↑ Hans Wehr English&Arabic Dictionary.
- ↑ Mohammad Taqi al-Modarresi (2016). The Laws of Islam (PDF) (англиски). Enlight Press. ISBN 978-0994240989. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 август 2019. Посетено на 22 декември 2017.
- ↑ Wilfrid Scawen Blunt and Riad Nourallah, The future of Islam, Routledge, 2002, page 199
- ↑ Murtada Mutahhari. „The Role of Ijtihad in Legislation“. Al-Islam.org. Архивирано од изворникот на 2012-03-04.
- ↑ Meinhaj Hussain, A New Medina, The Legal System, Grande Strategy, January 5th, 2012
Литература
уреди- Mohammad Taqi al-Modarresi (2016). The Laws of Islam (PDF) (англиски). Enlight Press. ISBN 978-0994240989. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 август 2019. Посетено на 22 декември 2017.
- Hans Wehr English&Arabic Dictionary.
- Braswell, George W. You Need to Know about Islam & Muslims (2000). What (illustrated. изд.). B&H Publishing Group. стр. 62. ISBN 978-0-8054-1829-3.
- Nasir, Jamal J., уред. (2009). The Status of Women Under Islamic Law and Modern Islamic Legislation (revised. изд.). Brill. стр. 11. ISBN 9789004172739.
- John Richard Thackrah (2013). Dictionary of Terrorism (2, revised. изд.). Routledge. стр. 252. ISBN 978-1-135-16595-6.
- Jafri, Syed Husain Mohammad (27 август 1976). The Origins and Early Development of Shi'a Islam (Millennium (Series)) (The Millennium (Series).). Karachi, Pakistan: Oxford University Press (First Published By Longman Group Ltd and Librairie du Liban 1979). стр. 19–21. ISBN 9780195793871.
The Shi'a unequivocally take the word in the meaning of leader, master, and patron, and therefore the explicitly nominated successor of the Prophet. The Sunnis, on the other hand, interpret the word mawla in the meaning of a friend, or the nearest kin and confidant.
- Press, Oxford University (2010). Sunni Islam: Oxford Bibliographies Online Research Guide. Oxford University Press. стр. 3–. ISBN 978-0-19-980429-0.
- Branon Wheeler, Applying the Canon in Islam: The Authorization and Maintenance of Interpretive Reasoning in Ḥanafī Scholarship, SUNY Press, 1996.
- Patler, Nicholas (2017). From Mecca to Selma: Malcolm X, Islam, and the Journey Into the American Civil Rights Movement. The Islamic Monthly. Архивирано од изворникот на 30 декември 2022. Посетено на 7. 03. 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - Ahmed, Khaled. Sectarian war: Pakistan's Sunni-Shia violence and its links to the Middle East (Oxford University Press, 2011).
- Charles River Editors (2010). The History of the Sunni and Shia Split: Understanding the Divisions within Islam. CreateSpace Independent Publishing Platform. ISBN 978-1502389985. 44pp excerpt; brief introduction.
- Farooqi, Mudassir, Sarwar Mehmood Azhar, and Rubeena Tashfeen. . „Jihadist Organizations History and Analysis“ (PDF). Journal of Social, Political, and Economic Studies. 43 (1–2): 142–151. 2018.
- Gesink, Indira Falk (2010). Islamic reform and conservatism: Al-Azhar and the evolution of modern Sunni Islam. Tauris Academic Studies. ISBN 978-1-84511-936-2.
- Haddad, Fanar. Understanding 'Sectarianism': Sunni-Shi'a Relations in the Modern Arab World (Oxford UP, 2020).
- Haddad, Fanar. "Anti-Sunnism and anti-Shiism: Minorities, majorities and the question of equivalence." Mediterranean Politics (2020): 1-7 .
- Halverson, Jeffry. Theology and creed in Sunni Islam: the Muslim Brotherhood, Ash'arism, and political Sunnism (Springer, 2010).
- Hazleton, Lesley (2010). After the prophet: the epic story of the Shia-Sunni split in Islam. Anchor..
- Kamolnick, Paul (2017). The Al-Qaeda Organization and the Islamic State Organization: History, Doctrine, Modus, Operandi, and US Policy to Degrade and Defeat Terrorism Conducted in the Name of Sunni Islam. Strategic Studies Institute, United States Army War College. online.
- Khaddour, Kheder (2019). Localism, War, and the Fragmentation of Sunni Islam in Syria. Carnegie Endowment for International Peace. online.
- McHugo, John (2018). A Concise History of Sunnis and Shi'is.. excerpt
- Nuruzzaman, Mohammed (2017). „Conflicts in Sunni Political Islam and Their Implications“. Strategic Analysis. 41 (3): 285–296. doi:10.1080/09700161.2017.1295612. .
- Nydell, Margaret K. Understanding Arabs: A guide for modern times (3rd ed. Hachette UK, 2018).
- Patler, Nicholas (2017). From Mecca to Selma: Malcolm X, Islam, and the Journey Into the American Civil Rights Movement. The Islamic Monthly. Архивирано од изворникот на 30 декември 2022. Посетено на 7. 03. 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - Tezcan (2020). „The Disenchantment of Sufism, the Rationalization of Sunni Islam, and Early Modernity“. Journal of the Ottoman and Turkish Studies Association. 7: 67. doi:10.2979/jottturstuass.7.1.21.
Надворешни врски
уредиПовеќе за Сунизам на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |