Рајан Рејнолдс

канадски глумец

Рајан Родни Рејнолдс (англиски: Ryan Rodney Reynolds, роден на 23 октомври 1976) — канадски глумец. Тој го глуми ликот Мајкл Берген во ситкомот "Две момчиња и една девојка" (Two guys and a Girl) на ABC (1998-2001), Били Симпсон во YTV Канадската тинејџерскa сапунска опера "Ридот" (The Hill), како и Марвел Стрип ликовите "Ханибал Кралот" (Hannibal King) во "Сечилото: Троица" (Blade: Trinity), "Вејд Вилсон / Оружје XI" (Wade Wilson / Weapon XI) во "X-Men Потекло: Wolverine" (X-Men Origins: Wolverine) и ликот Дедпул во истоимениот филм (2016 година) за кој тој бил номиниран и добил Златен Глобус.

Рајан Рејнолдс
Рејолдс во 2015 Сан Диего Комик-Кон интернационал
Роден(а)Рајан Родни Рејнолдс
23 октомври 1976 (40 г.)
Ванкувер, Британска Колумбија, Канада
ЗанимањеГлумец, Филмски режисер
Активен1991–се уште
СопружникСкарлет Јохансон (в. 2008; разв. 2011)
Деца2

Освен тоа, тој го глуми ликот на Green Lantern во истоимениот филм, по верзијата на  Хал Јордан  на DC Comics. Рејнолдс, исто така стана познат во филмовите како што се: "National Lampoon's Van Wilder", "Ужасот во Амитивил" (The Amityville Horror), "Дефинитивно, Можеби" (Definitely, Maybe), "Запросување" (The Proposal), "Закопан" (Buried), "Крудс" (The Croods) и "Жена во Злато" (Woman in Gold).

Ран живот

уреди

Рајан Родни Рејнолдс е роден на 23 октомври 1976 година, во Ванкувер, Британска Колумбија.[1]  Неговиот татко, Џејмс Честер "Џим" Рејнолдс (1941-2015),[2][3] работел во магацин за храна и неговата мајка, Тами, како продавачка.[4] Тој има Ирско потекло и бил израснат како римокатолик.[5][6] Најмлад од четири браќа,[7] дипломирал во Kitsilano Средно Училиште во Ванкувер во 1994 година. Тој учел во Kwantlen Политехнички Универзитет, исто така  во Ванкувер, но подоцна го напуштил.[8] Двајца од неговите постари браќа работат како полицајци во Британска Колумбија,[9] од кој еден е член на Кралската Канадска Монтирана Полиција.[10]

Кариера

уреди

1991-2004

уреди

Кариерата на Ренолдс започнува во 1991 година, кога станува познат како Били Симпсон во Канадската тинејџерска сапуница "Ридот" (The Hill), прикажан од страна на Nickelodeon како Петнаесет. Во 1996, тој глуми заедно со Мелиса Џоан Харт во ТВ филмот "Сабрина, Тинејџерската вештерка" (Sabrina the Teenage Witch).[11] Како возрасен, Рејнолдс глуми во Американските телевизиски серии "Две Момчиња, Девојче и Пица Место" (Two Guys, A Girl and a Pizza Place), глумејќи го медицинскиот студент Михаил "Берг" Берген и во филмот Royal Canadian Mounted PoliceВан Вајлдер" (Van Wilder). Во 1993-94 тој имал периодична улога во "Одисеја" (The Odyssey) како ликот Макро.[12] Тој, исто така, имал камео улога во филмот "Харолд и Кумар одат во Белиот Замок" (Harold & Kumar Go to White Castle) како медицинска сестра, се појавува во "Заклетва" (The In-Laws) со Мајкл Даглас и Алберт Брукс, како и во Канадската продукција FoolProof.[13]

2005-2015

уреди
 
Рејнолдс во април 2007 година

Во 2005 година, тој глуми келнер со име Монти во филмот "Чекање...", и како Крис Брандер во романтичната комедија "Само Пријатели" (Just Friends) заедно со Ејми Смарт и Ана Фарис. Рејнолдс го глуми протагонистот во филмот "Дефинитивно, Можеби" (Definitely, Maybe).[14] Тој, исто така, се појавува во втората сезона на телевизиската серија "Scrubs". Во 2007 година, Рејнолдс гостува како пријателот на Брендан, Хамс во епизодата "Кретен во градот" на TBS ситкомот "Моите Момчиња" (My Boys). Во 2009 година, тој го глуми  Андреј Пакстон, заедно со Сандра Булок, во филмот "Запросување",[15] и како Мајк Конел во "Adventureland".[16]

Иако тој има настапувано пред се, во комедии, Рејнолдс оди на интензивен физички тренинг за да игра улога во акција-филм, ликот "Ханибал Кралот" (Hannibal King) во филмот "Сечилото: Троица" (Blade: Trinity).[17] Рејнолдс го глуми ликот Џорџ Луц во 2005 година, преработката од хорор филмот во 1979 година, "The Amityville Horror".[18] освен тоа, тој игра агент на ФБИ, заедно со Реј Лиота во криминалниот филм од 2006 година "Smokin' Aces".[19]

Рејнолдс во март 2005 година во интервју, зборуваше за неговиот интерес и учество во големата филмска адаптација на "Deadpool" со сценаристот Дејвид С. Гојер, како и можноста за играње на The Flash познат како Wally West во прилагодување на популарниот DC Comics карактер во претстојниот филм. Рејнолдс го глуми Вејд Вилсон / Оружје XI во споредна улога во вториот X-men филм, "X-Men Origins: Wolverine" (2009).

 
Рејнолдс на премиера на филмот: "X-Men Потекло: Wolverine" во Темпи (Аризона) (2009)

Во 2010 година, Рејнолдс глуми во Шпанскиот и Американски трилер "Buried", кој е за првпат прикажан во Sundance филм фестивалот. Во јуни 2010 година, Рејнолдс бил поканет да се приклучи на Академијата за филмски уметности и науки. Рејнолдс го глуми Green Lantern по верзијата на Хал Јордан во филмот "Green Lantern" на Warner Bros., објавен на 17 јуни 2011 во 3D.  Во 2011 година, глуми во комедијата, "The Change-UP", исто така е и раскажувачот во  документарниот филм "The Whale". Во 2012 година, тој глуми како агент во "Safe House", заедно со Дензел Вашингтон. Тој тогаш глуми улоги во две Dreamworks Animation долгометражни филмови; "The Croods" и "Turbo", двата филма објавени во 2013 година. Неговата следна улога е Ник Вокер во Universal studios филмската адаптација на Dark Horse Comics' R.I.P.D. (Почивај во Мир Оддел), кој беше издаден во 2013 година. Рејнолдс продолжи да глуми во нискобуџетни филмови како што се, "The Voices" (2014), "The Captive" (2014 година), и "Mississippi Grind" (2015); пред да има споредна улога во биографскиот филм, "Woman in Gold" (2015). Рејнолдс се враќа на жанрот трилер со "Self/Less" (2015 година), каде што тој има играно двојна улога (нешто што има направено пред неговата кариера).

 
Рејнолдс во Торонто Меѓународниот Филмски Фестивал. (2014 година)

2016 година–тековно

уреди

Во 2016 година, Рејнолдс доби критички и комерцијален успех со "Deadpool", филм, кој бил во развој од почетокот на 2000 година. Deadpool направи неколку box-office рекорди, вклучувајќи: светско отворање со $264.9 милиони од 62 пазари, што е најголем во 2016 година, најголем за R-отценети филмови, а втор најголем за Фокс, само зад "Војна на ѕвездите Епизода 3: Одмаздата на Сит($303.9 милиони денари). Исто така е најголемото IMAX 2D отворање на снимен филм во светот на сите времиња со $27.4 милиони евра од 606 IMAX театри, надминувајќи го "The Dark Knight Rises" ($23.8 милиони евра). Финансискиот и критичкиот успех што го имаше филмот, го доведе студиото да направи втор дел. Исто така таа година, Рејнолдс имал споредна улога во филмот "Criminal" од режисерот Ариел Вромен. 

На 15 декември 2016 година, Рејнолдс доби ѕвезда на Hollywood Walk of Fame, на 6801 Холивуд Булевар. Рејнолдс глуми заедно со Џејк Џиленхол и Ребека Фергусон во научно-фантастичниот трилер филм "Живот" (Life), кој повторно го обединува со режисерот Даниел Еспиноса .[20]

Рејнолдс го започна снимањето "Deadpool 2" во јуни 2017, премиерата ќе биде на 1 јуни 2018.[21][22]

Во медиумите

уреди

Во октомври 2008 година, Рејнолдс напиша за Хафингтон Пост во однос на неговиот план да се кандидира на Њујорк Маратонотот за неговиот татко, кој, во тоа време, страда од паркинсонова болест.[23] Рејнолдс се појави во People's Sexiest Man Alive листи во 2008 година[24] и во 2009 година[25] и му беше доделен врвот во 2010 година.[26]

Личен живот

уреди
 
Рејнолдс со Блејк Лајвли, промовирање на Green Lantern во Комик-Кон 2010

Во 2002 година, Рејнолдс почна да се запознава со канадската пејачка Аланис Морисет. Тие ја најавиа својата свршувачка во јуни 2004 година. Во Февруари 2007 година пријателите на Рејнолд и Аланис кажаа дека двајцата заеднички ја прекинале нивната врска. Морсиет отрива дека нејзиниот албум Flavors of Entanglement е напишан од нејзиниот гнев после раскинувањето. А нејзината песна "Torch" била напишана за Рејнолдс.

Набргу после неговото раскинување со Мориет во 2007 година, Рејнолдс почна да се запознава со американската глумица Скарлет Јохансон. Двојката ја најавија нивната свршувачка во мај 2007 година и се ожениле на 27 септември 2007 година, во приватна церемонија во Тофино, Британска колумбија. На 14 декември 2010 година Рејнолдс и Скарлет го најавија својот развод. Двајцата подале развод во Лос Анџелес на 23 декември 2010 година. Нивниот развод финализира на 1 јули 2011 година.

Рејнолдс за првпат се запознава со Блејк Лајвли на снимањето на филмот Green Lantern во 2010 година. Во Октомври 2011, Hollyscoop најавува дека тие одат заедно. Двојката се оженила на 9 септември 2012 година, во Boone Hall Plantation во Маунт Плезант (Јужна Каролина). Тие имаат две ќерки, Џејмс (родена 2014) и Инес (родена 2016).

Филмографија

уреди
Филмови
Година Филм (Оригинален наслов) Улога Белешка
1993 Ordinary Magic Jeffrey/Ganesh
1995 Serving in Silence: The Margarethe Cammermeyer Story Andy Телевизиски филм
1996 When Friendship Kills Ben Colson Телевизиски филм
Sabrina the Teenage Witch Seth Телевизиски филм
In Cold Blood Bobby Rupp Телевизиски филм
1997 The Alarmist Howard Ancona
1998 Tourist Trap Wade Early
1999 Coming Soon Henry Lipschitz
Dick Chip
2000 Teen Monster Carl
2001 Finder's Fee Quigley
2002 National Lampoon's Van Wilder Van Wilder
Buying the Cow Mike Hanson
2003 The In-Laws Mark Tobias
Foolproof Kevin Kraft
2004 Harold & Kumar Go to White Castle Медициски брат
Blade: Trinity Hannibal King
2005 School of Life Michael D'Angelo Телевизиски филм
The Amityville Horror George Lutz
Waiting... Monty
Just Friends Chris Brander
2007 Smokin' Aces Richard Messner
The Nines Gary/Gavin/Gabriel
Chaos Theory Frank Allen
2008 Definitely, Maybe William Matthew 'Will' Hayes
Fireflies in the Garden Michael Taylor
2009 Adventureland Mike Connell
X-Men Origins: Wolverine Wade Wilson/ Deadpool Дели улога со Скот Адкинс
The Proposal Andrew Paxton
Paper Man Captain Excellent
2010 Secret Origin: Story Of DC Comics' Раскажувач
Buried Paul Conroy
2011 Green Lantern Hal Jordan
The Change-Up Mitchell "Mitch" Planko
2012 Safe House Matthew "Matt" Weston
Ted Jared
2013 The Croods Guy (глас) Цртан филм
Turbo Turbo (глас) Цртан филм
R.I.P.D. Nick
2014 The Voices Jerry Hickfang
The Captive Matthew Lane
2015 Mississippi Grind Curtis
Woman in Gold Randol (Randy) Schoenberg
Self/less Mark Bitwell
2016 Дедпул Дедпул
Criminal Bill Pope
Телевизија
Година Филм (Оригинален наслов) Улога Белешка
1990 Fifteen Billy Simpson
19931994 The Odyssey Macro Епизода 14
1995 The Outer Limits Derek Tillman Сезонa 1, Епизодa 20
1996 The X-Files Jay "Boom" DeBoom Сезонa 3, Епизодa 13
The John Larroquette Show Tony Hemingway Сезона 4, Епизода 7
1997 The Outer Limits Paul Nodel Сезонa 3, Епизодa 12
1998 Сезонa 4, Епизода 23
19982001 Two Guys and a Girl Michael Burgan Епизода 81
2003 Scrubs Spence Сезона 2, Епизода 22
2007 My Boys Hems Сезонa 1, Епизодa 19

Наводи

уреди
  1. „Ryan Reynolds Biography (1976-)“. FilmReference.com. Посетено на May 27, 2016.
  2. „Ryan Reynolds remembers late father with touching photo tribute“. Entertainment Weekly. October 28, 2015.
  3. „Ryan Reynolds' father dies at 74“. USA Today. October 28, 2015.
  4. „Ryan Reynolds profile at FilmReference.com“. filmreference.com. Посетено на April 28, 2010.
  5. Posner, Michael (September 1, 2007). „Ryan Reynolds' Disappearing Act“. enRoute (Air Canada's inflight magazine). Архивирано од изворникот на 2010-02-18. Посетено на June 17, 2010. Reynolds grew up in an Irish-Catholic household in the Vancouver neighbourhood of Kitsilano. As a child, he went to church regularly
  6. „Ryan Reynolds“. Glamour. Архивирано од изворникот на 2012-01-01. Посетено на January 16, 2012.
  7. „Ryan Reynolds bio“. Tribute Entertainment Media Group. Посетено на March 12, 2009.
  8. „Ryan Reynolds Biography“. Yahoo! Movies. Yahoo!. Архивирано од изворникот на 2011-09-03. Посетено на July 10, 2011.
  9. „About Ryan Reynolds“. Canada.com. Архивирано од изворникот на 2008-05-10. Посетено на May 6, 2008.
  10. „Ryan Reynolds almost copped it“. The Sydney Morning Herald. smh.com.au. Посетено на October 1, 2010.
  11. „Ryan Reynolds“. nytimes.com. Посетено на May 16, 2015.
  12. „A Look Back at Ryan Reynolds' Weird and Wonderful TV Career“. film.com. Посетено на May 16, 2015.
  13. „Foolproof (2003)“. movie-gazette.com/. Посетено на May 16, 2015.
  14. „Ryan Reynolds is stuck in the wrong movie in 'Definitely, Maybe'. New York: nydailynews.com. June 3, 2008. Посетено на May 16, 2015.
  15. „Sandra Bullock and Ryan Reynolds Discuss 'The Proposal'. about.com. Посетено на May 16, 2015.
  16. „Ryan Reynolds Finds Himself Lost in 'Adventureland'. movieweb.com. Посетено на May 16, 2015.
  17. „Ryan Reynolds talks 'Blade: Trinity'. movieweb.com. Посетено на May 16, 2015.
  18. „Ryan Reynolds Goes for Scares with "The Amityville Horror". About.com. Посетено на May 16, 2015.
  19. „Smokin' Aces RYAN REYNOLDS INTERVIEW“. movieweb.com. Архивирано од изворникот на 2015-07-25. Посетено на May 16, 2015.
  20. Fleming, Mike Jr. 'Deadpool's Ryan Reynolds To Star With Rebecca Ferguson In 'Life'. Deadline.com.
  21. „The Complete Guide to 'Deadpool 2': Rhett Reese Says 'No Good Deed' Short Isn't a Trailer“. Fuse. Посетено на March 7, 2017.
  22. 'Deadpool 2' – release date, cast, trailers and everything you need to know - NME“. NME (англиски). March 7, 2017. Посетено на March 7, 2017.
  23. Reynolds, Ryan (October 9, 2008). „Ryan Reynolds: Why I'm Running the New York City Marathon“. The Huffington Post. Посетено на March 12, 2009.
  24. „The Sexiest Men Alive“. People (magazine). November 14, 2007. Архивирано од изворникот на 2016-03-09. Посетено на March 6, 2010.
  25. „The Sexiest Men Alive 2009“. People. November 18, 2009. Архивирано од изворникот на 2016-09-28. Посетено на March 6, 2010.
  26. „People Magazine Names Ryan Reynolds As Sexiest Man Alive“.