Сандра Анет Булок (родена на 26 јули 1964 година) — американска глумица и продуцент која станала славна во 1990 години, по успешните улоги во филмовите Брзина и Додека ти спиеше. Оттогаш таа ја зацврсти нејзината кариера во филмовите Убавица на задача и Судир за којшто добила позитивна критика. Во 2007 г., таа беше рангирана на 14 место на листата за најбогати жени со проценето богатство од $85 милиони. Во 2009 г., Булок учествуваше во главната улога во најуспешните финансиски филмови од нејзината кариера Брачна понуда и Слепата страна. Булок беше наградена со наградата Златен Глобус за најдобра глумица, Screen Actor Guild Award за најдобра женска актeрка во главна улога, и академска награда за најдобра глумица за улогата на Ли Ен Туи во филмот Слепата страна.

Сандра Булок
Булок во јуни 2009
Роден(а)Сандра Анет Булок
Sandra Bullock
Занимањеглумица, продуцент
Активен1986–сегашност
СопружникЏеси. Џеј. Џејмс (2005-2010)

Ран живот

уреди

Сандра Анет Булок е родена во Арлингтон, Вирџинија како ќерка на Џон В. Булок (роден во 1925 г. ) кој бил вработен во армијата и исто така бил музички тренер од Бирмингем, Алабама, и неговата жена Хелга Д.Мејер (1942 — 2000), која била германска оперска пејачка и учител по глас. Бабата на Булок била ракетен инженер од Нирнберг, Германија. Џон Булок, кој за тоа време бил надлежен во Поштенската Воена Служба во Европа, бил стациониран во Нирнберг кога ја запознал неговата жена. Тие се венчале во Германија, а подоцна се преселиле во Арлингтон, каде Џон работел со Материјалната Команда на Армијата, пред да стане договарач за Пентагон. Булок често ја придружувала својата мајка на нејзините оперски турнеи низ Европа: таа поминувала време во Салцбург и Нирнберг со нејзината тетка и баба и течно зборува германски. Булок студирала балет и вокална уметност како дете, учествувајќи во мали улоги во оперските претстави на нејзината мајка.Таа пеела во детскиот оперски хор на Staatstheater Nürnberg. Булок учела во средното училиште Вашингтон-Ли, каде била навивачка и изведувач во театерските претстави. Откако дипломирала во1982 година, таа се запишала на Универзитетот Источна Калифорнија во Гринвил, Северна Каролина. Меѓутоа го прекинала студирањето во нејзината четврта година во пролетта 1986 г., со недостиг од 3 кредити за дипломирање, за да стане глумица. Се преселила во Менхетен, и таму работела како барменка, келнерка за коктели, и на касата за палтиња. Подоцна дипломирала на Универзитетот Источна Каролина.

Глума

уреди

Додека била во Америка Булок одела на часови по глума кај Сенфорд Мејснер. Таа се појавила во неколку студентски филмови, а подоцна добила улога во драмата No Time Flat. Режисерот Алан Џ. Леви бил импресиониран од изведбата на Булок и и понудил улога во ТВ филмот Бионичка конфронтација: Човекот со милион долари и бионичка жена (1989 година). Подоцна и биле доделени серија на мали улоги во неколку независни филмови, како и главната улога во краткотрајната NBC‏‎ телевизиска верзија на филмот Работна девојка (1990 година). Таа подоцна се појавила во неколку филмови: Љубовна напивка број 9 (1992 година), Нештото наречено љубов (1993 година ) и во филмот Пожар на Амазон. Значајната споредна улога во научно фантастичниот акционен филм Уништувачки човек во 1993 година доведе до нејзино пробивање во филмот Брзина следната година. Таа стана филмска ѕвезда во доцните 1990 ти, носејќи низа на успеси вклучувајќи ги филмовите Додека спиеш и Убавивца на задача во 2000 година. Булок доби $11 милиони за филмот Брзина 2: Крстаречка Контрола, каде се согласи да учествува поради финансиска поддршка за нејзиниот сопствен проект Надежта плови, и открива дека жали за учеството во продолжението. Подоцна доби $17,5 милиони за филмот Убавица на задача 2 : Вооружена и Волшебна. Булок беше избрана како една од најубавите 50 луѓе во светот во 1996 и во 1999 година од People магазинот, и исто така беше рангирана на 58 место на топ 100 списокот на филмски ѕвезди на сите времиња во Empire магазинот. Таа ја доби наградата за извонредност во 2002 година од Раул Хулија за нејзините напори како извршен продуцент на серијата на Џорџ Лопес, помагајќи да се отворат и прошират кариери за шпански таленти во медиумите и во забавната индустрија. Таа исто така неколкупати настапи на шоуто како несреќната Ејми, една вработена склона кон несреќи која доживува успех во фабриката на Лопес. Во 2002 г. глумеше во главната улога наспроти Хју Грант во глобалниот хит Двонеделно Известување, и во филмот Божествени тајни на Ја ЈА сестринството. Во 2004 г. Булок играше во споредната улога во филмот Crash. Таа добила позитивни критики за нејзината изведба, во кои некои критичари сугерирале дека тоа била најдобрата изведба во нејзината кариера. Во 2005 г. таа беше ко-добитник на Кристалната Наградата Жените во Филм. Булок подоцна се појавила во филмот Lake House, романтична драма во која учествува Кеану Ривс, филмот беше издаден на 16 јуни 2006 година. Бидејќи нивните филмски ликови се одделени во филмот (поради заплет кој патува низ времето) за време на снимањето Булок и Ривс беа на сцена заедно само 2 недели. Истата година таа се појави во филмот Infamous играјќи го авторот Харпер Ли. Булок исто така ја играше главната улога во филмот Претчувство со Џулиен МекМахон, кој беше издаден во март 2007 година. 2009 година се покажа посебно добра за Булок давајќи и и на глумицата две рекордни нивоа во нејзината кариера, бидејќи во почетокот на годината го издаде филмот Брачен Предлог, со ко-ѕвездата Рајан Рејнолдс, огромен хит со кој оствари добивка од $314 милиони ширум светот, правејќи ја нејзината најуспешна слика досега. Во ноември 2009 година Булок учествуваше во главната улога во филмот Слепа Страна кој се најде на второто место по Млада Месечина со остварена добивка од $34 милиони, со што стана најпрофитабилен филм негогаш во првиот викенд. Филмот Слепа Страна е уникатен по тоа што добивката се зголеми за 17,6 % во вториот викенд, и се најде на врвот во неговиот трет викенд. Според Box Office Mojo снимањето на филмот чинело $29 милиони. Филмот досега има зароботено $250 милиони, и ова го прави филм со најголема заработувачка, и воедно и прв филм во историјата кој има поминато добивка од $200 милиони со учество на само една женска главна улога. Таа ја освои наградата за најдобра глумица на Златниот Глобус, Оскарите, и Screen Actors Award Guild за нејзината изведба во Слепа Страна. Во почетокот Булок трипати ја одбила улогата како резултат на неудобност да игра со побожен Христијанин. Освојувањето на Оскарот исто така и даде уште една уникатна разлика, откако ја освои наградата за најлоша изведба- Razzie, претходниот ден, за нејзината изведба во филмот Се во врска со Стив. Таа е единствениот изведувач кој некогаш има освоено најдобра и најлоша награда во една година.

Признавање

уреди

Почнувајќи од 2009 година филмовите на Булок заработиле повеќе од $31 милијарди ширум светот. Според бројките нејзиниот бруто-домашен производ изнесува $1,7 милијарди, ставајќи ја меѓу ТОП 100 ѕвезди на Box Office. Критичарите додека го величаат нејзиниот screen persona, се помалку се насочени кон нејзините филмови. Почнувајќи со издавањето на филмот Брачен Предлог, Марк Кермод изјави дека таа има направено само три добри филмови во нејзината кариера: Брзина , Додека Спиеш и Судир. Исто така изјави дека таа е смешна, прекрасна и невозможно е да не ја сакаш, а сепак прави грозни филмови. Почнувајќи од 18 декември 2009 година, Булок се појавила 3 пати на насловната страна на магазинот Entertainment Weekly. Таа беше избрана на жена на годината во 2010 година, од страна на магазинот People.

Претприемништво

уреди

Булок води своја сопствена продуцентска компанија, Fortis Films. Нејзината сестра Жезин Булок-Прадо беше претседателка на компанијата, но се повлекла, и се преселила во Монтпеље, Вермонт каде што отворила слаткарница и објавила книга. Нејзиниот татко Џон Булок е главен извршен директор. Булок била извршен продуцент на шоуто на Џорџ Лопес , со што освоила профитабилен синдикален договор кој и донел некои $10 милиони (ко-продукција со Роберт Борден). Булок се пробала да продуцира филм заснован на F.X Расказот на Тул, Девојка од Милион Долари, но не успеала да ги заинтересира студијата за женска бокс драма. Приказната на крајот била адаптирана и режирана од Клинт Иствуд како победнички филм за Оскар, насловен Девојка од Милион Долари во 2004 година. Продукцијата на Булок Fortis Films исто така го продуцира филмот Се во врска со Стив, кој беше издаден во септември 2009 година. Од ноември 2006 година Булок е сопственичка на ресторанот Bess Bistro во Остин, Тексас. Таа подоцна отвори друг бизнис во центарот на Остин наречен Walton's Fancy and Staple, пекарница и цветна продавница која исто така нуди услуги за планирање на настани.

Личен живот

уреди

Врски

уреди

Булок некогаш беше свршена за глумецот Тејт Донован кој го запознала за време на снимањето на филмот Љубовна напивка 9 ; нивната врска траела 4 години. Таа претходно излегувала со фудбалерот Трој Аикмен, со музичарот Боб Шнајдер (2 години) со глумецот Метју МекКонахи и Рајан Гослинг. Булок се омажила за конструкторот на мотоцикли и домаќин на емисијата Monster Garage Џеси Џејмс на 16 јули 2005 година. Тие прво се сретнале кога Булок организирала нејзиното 10 годишно кумче да го запознае Џејмс како Божиќен подарок. Во ноември 2009 година Булок и Џејмс се бореле за старателство со втората бивша сопруга, поранешна порнографска ѕвезда Џанин Линдемулдер. Подоцна Булок и Џејмс добијаа целосно старателство над 5 годишната ќерка на Џејмс. Во март 2010 година настана скандал кога неколку жени тврделе дека имале афера со Џејмс за време на неговиот брак со Булок. Булок го откажала промотивното европско појавување за филмот Слепа Страна наведувајќи непредвидени лични причини. На 18 март 2010 година Џејмс одговори на гласините за неверството јавно извинувајќи и се на Булок. Тој изјави “Мнозинството од пријавените тврдења се неточни и неосновани. Покрај тоа нема да ги возвишувам овие приватни работи со никакви понатамошни коментари.“ Џејмс изјави дека само една личност треба да се обвинува за целата ситуација и таа личност сум јас и побара од неговата жена и деца еден ден да го најдат во нивните срца и да му простат за сегашната болка и срам. Новинарот на Џејмс на 30 март 2010 година објави дека Џејмс се пријавил во центар за рехабилитација за да се справи со личните проблеми и да го спаси неговиот брак со Булок. Сепак на 28 април 2010 г. беше објавено дека на 23 април во Остин, Булок поднела барање за развод. Нивниот развод бил финализиран на 28 јуни 2010 г., и како причина е наведен судир на лични интереси. Булок на 28 април 2010 г. изјавила дека таа ќе продолжи со плановите за посвојување на машко дете од Њу Орлеанс. Булок и Џејмс го започнале процесот четири години претходно. Детето почнало да живее со нив во јануари 2010 г., но решиле да ја задржат веста до доделувањето на Оскарите во март 2010 г.. Меѓутоа разделувањето со Џејмс а подоцна и разводот не ја спречи Булок да го продолжи процесот за посвојување како самохран родител.

Транспортни несреќи

уреди

На 20 декември 2000 г. Булок заедно со уште еден патник ја преживеја несреќата на еден изнајмен бизнис џет авион за време на ноќните обиди за слетување на аеродромот Џексон Хол. Пилотите не можеле да го активираат осветлувањето на пистата, заради тоа што имале старомодни таблички за пристап, и го продолжиле слетувањето. Авионот слетал во безбедносната област на аеродромот помеѓу пистата и паралелниот приод и удрил во снежен нанос. Несреќата предизвикала одделување на носот и на опремата за слетување, делумно одделување на десното крило, и свиткување во левото крило. На 18 април 2008 г. додека Булок заедно со нејзиниот сопруг била во Масачусетс за снимањето на филмот Брачен Предлог, додека се возела со нејзиниот сопруг нивниот џип директно бил удрен од пијан возач со умерена брзина. Штетата предизвикана на возилото не била голема и немало повреди.

Правни работи

уреди

Во октомври 2004 г. Булок добила мултимилионска пресуда против Бени Деиншоу, градителот на нејзиниот дом во Лејк Остин, Тексас, кога поротата одлучила дека куќата не е погодна за живеење. Куќата била урната и повторно изградена. На 22 април 2007 г. пред домот на Булок и Џејмс во Округот Оринџ, Северна Калифорнија била пронајдена Марија Дијана Валентајн како лежи надвор во нивниот двор. Кога Џејмс и се спротивставил на жената, избегала во својот среберен Мерцедес, седнала зад воланот и се обидела да го прегази. За жената се мисли дека е опседната обожавателка на Сандра Булок. Жената беше обвинета за кривично дело за тешка телесна повреда и скришно следење, а Булок доби наредба со која и се забранува на Валентајн да контактира или да се прибижи до нејзиниот дом, фамилија или работа три години. Валентајн се изјаснила невина за обвинувањата. Подоцна била осудена на три години условна казна за скришно следење.

Добротворна работа

уреди

Булок е јавен поддржувач на Америкаскиот Црвен Крст, и има донирано по $1 милион на организацијата најмалку четири пати. Нејзината прва јавна донација со тој износ беше за Фондот на Црвениот Крст Liberty Disaster Relief. Четири години подоцна во 2004 г. таа донирала пари кога се случија земјотресот и цунамите на Индискиот Океан. Во 2010 г. кога се случи земјотресот во Хаити, Булок донирала помош од $1 милион, и повторно ја донирала истата сума за земјотресот во Јапонија во 2011 г. Заедно со некои други ѕвезди, Булок побарала од луѓето да потпишат петиција за чистење на нафтата која се истури во Мексиканскиот Залив. Булок ја поддржува непрофитната организација од Тексас The Kindred Life Foundation, Inc. Кон крајот на 2008 г. таа им се приклучи на некои други познати личности во поддршката за работата на извршниот продуцент и основач Амос Рамирес. Ова го сподели на гала која се одржуваше со цел да собере пари за организацијата, “Амос направи многу напори низ нашата земја кои им помогнаа на семејства кои се во неволја. На нашата земја и се потребни повеќе организации како што е Kindred Life.

Избрана филмографија

уреди
  • Љубовен напиток број 9 (1992)
  • Нештото наречено љубов (1993)
  • Разбијач (1993)
  • Брзина (1994)
  • Додека ти спиеше (1995)
  • Мрежа (1995)
  • Време за убивање (1996)
  • Љубовни магии (1998)
  • Агент под стрес (2000)
  • 28 дена (2000)
  • Мис таен агент (2000)
  • Фатална несреќа (2004)
  • Куќата на езерото (2006)
  • Претчуство (2007)

Наводи

уреди