Војна на ѕвездите Епизода 3: Одмаздата на Сит

Војна на ѕвездите Епизода 3: Одмаздата на Сит (англиски: Star Wars Episode III: Revenge of the Sith) е американски филм од 2005 година напишан и режиран од страна на Џорџ Лукас. Тој е шестиот филм кој беше издаден во серијалот Војна на ѕвездите, и трет според неговата хронологија на настаните. Овој филм ја комплетираше целата приказна од Војна на ѕвездите.