Ровине (Псача)
археолошко наоѓалиште во Македонија
Ровине — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Псача. Претставува населба и некропола од доцноантичко време.
На 250 м северно од Крива Река и јужно од селото, на една мала височинка се среќаваат фрагменти од керамички садови, [[питоси и градежен материјал. Во непосредната близина е откриена и некропола со гробови од камени плочи. На ова место, пред десетина години, В. Петковски нашол бронзена статуетка, која не е зачувана, и керамичка ламба- ефески тип, која се чува во Музејот на Македонија во Скопје.[1]
Поврзано уреди
- Влашки Дол - населба од доцноантичкото време;
- Градиште - утврдена населба од доцноантичкото време;
- Долно Лозје - некропола од римското време;
- Манастириште - населба од доцноантичкото време;
- Ровине - населба и некропола од доцноантичкото време;
- Црквиште - старохристијанска базилика;
- Псача;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко.
Наводи уреди
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 201. ISBN 9989649286.
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |