Преднонепчена согласка
Преднонепчените согласки (тврдонепчени или палатали)[1][2] се согласки коишто се создаваат со доближување на главнината на јазикот до тврдото непце. Кога врвот на јазикот се доближува до непцето свртен наназад, добиената согласка се нарекува свиена (ретрофлекс).
Места на творба |
---|
Уснени |
Двоуснени |
Уснено–заднонепчени |
Уснено–преднојазични |
Усненозабни |
Забноуснена |
Двозабни |
Преднојазични |
Јазичноуснени |
Меѓузабни |
Забни |
Забно-венечни |
Венечни |
Задновенечни |
Заднонепчено-венечни |
Свиени |
Среднојазични |
Задновенечни |
Венечно-преднонепчени |
Преднонепчени |
Уснено-преднонепчени |
Заднонепчени |
Ресични |
Ресично-надгласилни |
Заднојазични |
Голтнички |
Надгласилно-голтнички |
Надгласилни |
Гласилни |
Облик на јазикот |
Врвнојазични |
Рамнојазични |
Подјазични |
Странични |
Преднонепчени |
Голтнички |
Поврзано: Начин на творба |
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош] |
Особености
уредиНајчест вид на преднонепчени согласки е сеприсутната приближна согласка [j] (ј), која се вбројува во десетте најзастапени гласови во светските јазици. Носната согласка [ɲ] (њ) е исто така честа, и се јавува во околу 35% од јазиците,[3] но, за разлика од македонскиот, во највеќето нејзината еквивалентна препречна согласка не е [c] (ќ), туку слеаната [t͡ʃ] (ч). Само неколку јазици во северна Евроазија, Америка и средна Африка ги разликуваат преднонепчените избувни од задновенечни слеани согласки - како македонскиот, унгарскиот, чешкиот, словачкиот, латвискииот, турскиот и албанскиот.
Согласките со други главни творби можат да се палатализираат (омекнуваат)[4], каде површината на јазикот се доближува до тврдото непце. На пример, македонското [ʃ] (ш) има таков предонепчен дел, иако главната творба се образува со ставање на јазикот на горното непце (оваа творба се нарекува преднонепчено-венечна или „палатоалвеоларна“).
Во фонологијата, венечно-преднонепчените, преднонепчено-венечните и преднонепчено-заднонепчените согласки се групираат како преднонепчени, бидејќи овие категории ретко се разликуваат од вистинските преднонепчени согласки. Понекогаш на овој начин може да се анализираат и палатализираните венечни и забни согласки.
Преднонепчени согласки по МФА
уредиВо македонскиот, преднонепчени се гласовите њ, ќ, ѓ, ј и љ. Согласно Меѓународната фонетска азбука (МФА), постојат следниве преднонепчени согласки:
МФА | Опис | Пример | |||
---|---|---|---|---|---|
Јазик | Правопис | МФА | Значење | ||
преднонепчена носна согласка | македонски | чешање | [t͡ʃɛʃaɲɛ] | чешање | |
безвучна преднонепчена избувна согласка | македонски | вреќа | [vrɛca] | вреќа | |
звучна преднонепчена избувна согласка | македонски | раѓање | [raɟaɲɛ] | раѓање | |
безвучна преднонепчена струјна согласка | германски | nicht | [nɪçt] | не | |
звучна преднонепчена струјна согласка | шпански | yema | [ʝema] | жолчка | |
преднонепчена приближна согласка | македонски | крај | [kraj] | крај | |
преднонепчена странична приближна согласка | македонски | љубов | [ʎubɔv] | љубов | |
звучна преднонепчена уфрлена согласка | свахили | hujambo | [huʄambo] | здраво | |
преднонепчена чрапава согласка | нǀу | ǂoo | [ǂoo] | маж |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Кепески, Круме (1990). Граматика на македонскиот литературен јазик (X. изд.). Скопје: Просветно Дело. стр. 65.
- ↑ „палатал“ — Лексикон на македонскиот јазик
- ↑ Ian Maddieson (со глава од Sandra Ferrari Disner); Patterns of sounds; Cambridge University Press, 1984. ISBN 0-521-26536-3
- ↑ „палатализација“ — Лексикон на македонскиот јазик
- Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell. ISBN 978-0-631-19815-4.
Табела на белодробни согласки по МФА аудио
| ||||||||||||||||||||||||
По место → | Уснени | Преднојазични | Среднојазични | Заднојазични | Гласилни | |||||||||||||||||||
↓ По начин | Двоуснени | Уснено-забни | Забни | Венечни | Задно-венеч. | Свиени | Предно-непчени | Заднонепчени | Ресични | Голтнички | Надгласилни | Гласилни | ||||||||||||
Носни | m̥ | m | ɱ | n̪ | n̥ | n | n̠ | ɳ | ɲ̥ | ɲ | ŋ̊ | ŋ | ɴ | |||||||||||
Избувни | p | b | p̪ | b̪ | t̪ | d̪ | t | d | ʈ | ɖ | c | ɟ | k | ɡ | q | ɢ | ʡ | ʔ | ||||||
Струјни | ɸ | β | f | v | θ | ð | s | z | ʃ | ʒ | ʂ | ʐ | ç | ʝ | x | ɣ | χ | ʁ | ħ | ʕ | ʜ | ʢ | h | ɦ |
Приближни | ʋ | ɹ | ɻ | j | ɰ | |||||||||||||||||||
Трепетни | ʙ | r | ɽ͡r | ʀ | я * | |||||||||||||||||||
Едноударни | ⱱ̟ | ⱱ | ɾ | ɽ | ɢ̆ | ʡ̯ | ||||||||||||||||||
Стран. струј. | ɬ | ɮ | ɭ˔̊ | ʎ̥˔ | ʎ˔ | ʟ̝̊ | ʟ̝ | |||||||||||||||||
Стран. прибл. | l | ɭ | ʎ | ʟ | ||||||||||||||||||||
Стран. едноуд. | ɺ | ɺ̠ | ʎ̯ |
Чкрапави | ʘ | ǀ | ǃ | ǂ | ǁ | ||
ʘ̃ | ʘ̃ˀ | ʘ͡q | ʘ͡qʼ | ||||
Уфрлени | ɓ | ɗ | ʄ | ᶑ | ɠ | ʛ | |
Исфрлени | pʼ | tʼ | cʼ | ʈʼ | kʼ | qʼ | |
fʼ | θʼ | sʼ | ɬʼ | xʼ | χʼ | ||
tsʼ | tɬʼ | cʎ̝̥ʼ | tʃʼ | ʈʂʼ | kxʼ | kʟ̝̊ʼ |
p̪f | b̪v | ts | dz | tʃ | dʒ | tɕ | dʑ | ʈʂ | ɖʐ |
tɬ | dɮ | cç | ɟʝ | cʎ̥˔ | ɟʎ˔ | kʟ̝̊ | ɡʟ̝ |
Незаградни | ʍ | w | ɥ | ɧ |
Заградни | k͡p | ɡ͡b | ŋ͡m |
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош] |
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка. |
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби. |
* Симболот го нема во МФА. |