Супстанца
Супстанцата е облик на материјата од којашто се изградени најголем број од телата на Земјата и вселената. Во природата, супстанциите може да се сретнат во три агрегатни состојби: цврста (цврсти супстанци), течна (течни супстанци) и гасовита (гасовити супстанции).
Од аспект на хемискиот состав, супстанците во природата може да се сретнат како чисти супстанци и смеси.
Чисти супстанциУреди
Чистите супстанции се такви супстанции кои имаат дефиниран и постојан состав и, при определени услови-определени својства. Кај нив со никакви постапки не може да се докаже присуство на други супастанции. Тие имаат еднороден состав, односно се изградени од еден вид единки.Супстанцата ја има насекаде околу нас.
Од своја страна, чистата супстанца може да биде елементарна (проста) и во вид на хемиско соединение.
СмесиУреди
Смесите се физички мешавини од чисти супстанци. Пооделните состојки на смесата се викаат фази. За разлика од чистите супстанци, смесите имаат променлив состав и својства. Својствата на смесата зависат од својствата и количествата на компонентите во смесата. При образување на смеса, пооделните состојки не го менуваат својот идентитет.
Смесите можат да бидат хомогени и хетерогени.
- Хомогени се смеси со еднороден состав во сите свои делови. Меѓу компонентите од хомогената смеса не се забележува видлива граница меѓу одделните фази. Примери за вакви смеси се воздухот, како и најголемиот број гасови, раствори и различни легури.
- Хетерогени се смеси со нееднаков состав во сите свои делови. Кај нив постои јасно видлива граница меѓу пооделните фази, кои, сами за себе се хомогени. Примери се: масло и вода, песок и вода, карпи со различни минерали, чадот итн.
Својства и промени на супстанцитеУреди
Секоја супстанција поседува определени својства според кои се разликува од останатите. Својствата на супстанциите може да се поделат на физички и хемиски.
Физички се оние својства кои можеме да ги забележиме со нашите сетила или да ги регистрираме или измериме со инструменти. Карактеристични физички својства се:
- густина,
- цврстина,
- температура на топење,
- температура на вриење,
- растворливост,
- електрична спроводливост и др.
Физичките својства не зависат од големината на примерокот. На пример, готварската сол може да биде во облик на фин прав или во вид на крупни кристали од камена сол, а сепак секој примерок има иста густина од 2,163 g/cm3, температура на топење Тt = 803 °C итн.
Физички промени, пак, се такви промени на една супстанца при кои не доаѓа до промена на нејзиниот состав, туку се менуваат физичките својства или нивните вредности.
Хемиски се оние својства кои ја карактеризираат способноста на една супстанца да претрпи определен вид хемиска промена. Хемиските промени (хемиска реакција или хемиски процес) се таков вид на промени при кои доаѓа до промена на составот на супстанцата, при заемодејство со други супстанци или под надворешни влијанија. При тоа, таа го губи својот идентитет и се претвора во сосема друга супстанца.Сè на сè постојат околу 100 атоми,но затоа има милион различни соединија.Повеќето соединија прават одредени комбинации на меѓусебно поврзани атоми наречени молекули.