Касос
Касос (грчки: Κάσος) — грчки остров кој се наоѓа во јужниот дел на Егејско Море. Припаѓа на групата острови Додеканези и е дел од регионалната единица Карпатос. Од 2011 година, населението било 1084 луѓе. Островот е познат на италијански како Касо[1].
Касос Κάσος | |
---|---|
Местоположба во областа 2011 Dimos Kasou.png | |
Координати: 35°24′N 26°55′E / 35.400° СГШ; 26.917° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Јужен Егеј |
Округ | Карпатос |
Површина | |
• Општина | 69,464 км2 (26,820 ми2) |
Најг. вис. | 550 м |
Најм. вис. | 0 м |
Население (2011: 1084) | |
• Општ. | 1.084 |
• Општ. густина | 0,016/км2 (0,040/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 85800 |
Повик. бр. | 22450 |
Рег. таб. | ΚΧ, ΡΟ, ΡΚ |
Мреж. место | www.kasos.gr |
Географија
уредиКасос се наоѓа југозападно од Карпатос, меѓу островот и Крит. Во непосредна близина на островот е теснецот Касос[2]. Неговата форма е елиптична и наликува на онаа на Родос. Главниот остров има површина од 49 квадратни километри, должина од 17 километри и широчина од 6 километри[3]. Островот претежно е планински, а неговата највисока планина е Прионас, чиј врв е висок 550 метри[3]. На островот има свежа вода[3].
Општината вклучува неколку ненаселени острови, од кои најголеми се Арматија и Макрониси. Нејзината вкупна површина е 69.464 квадратни километри[4]. Општината се состои од пет села, Фри (население од 47 луѓе), Агија Марина (14), Панагија (18), Поли (78) и Арванитохори (169). Фри е главен град и дом на пристаништето на островот, Агија Марина е најнаселеното село. Аеродромот се наоѓа во близина на Фри и е доволно голем за да слета ATR 42.
Касос е забележлив поради недостатокот на голем туризам, квалитетот на своите риби, сирења и други кулинарски специјалитети, како и гостопримството кон посетителите.
Историја
уредиВо антички времиња, Касос (тогаш познат како Амфи, Астраб и, најчесто, Ахнис) се користел како безбедно пристаниште на Филистејците. Првите познати населби се од минојско и микенско потекло[5]. Според Хомер (Илијада, 2.676), Касос имал бродови во Тројанската војна.
За време на класичната антика, Касос внимателно ја следел историјата на блискиот Карпатос. Заедно со Карпатос, тој бил како феудален имот даден на венецијанското семејството Корнаро во 1306 година, и фамилијата со островот владеела до 1537 година кога бил освоен од Отоманското Царство.
Касос бил првиот остров кој прогласил независност за време на Грчката револуција. Во 1824 година, Мехмет Али-паша од Египет ја испратил својата флота на островот. Египетската армада го запалила целиот остров и убила поголем дел од населението[6][7].
Населението на островот се опоравлои како и економијата, која во голема мера се засновала на превозот. Воведувањето на бродовите со пареа го направило бродоградилиштето на Касос (кое произведувало дрвени бродови) излишно и нејзината економија претрпела соодветно. Почнувајќи од подоцнежната половина на 19 век, многумина од жителите на островот емигрирале, првично во Египет (околу 5.000 луѓе), потоа во Истанбул, Грција, САД и Јужна Африка. До 1920-тите, од околу 2.300 куќи на островот, само 400 биле трајно населени.
На 12 мај 1912 година, за време на Италијанско-турската војна, по таканаречената „Битката за Касос“ што се случила на 29 јануари 1912 година, островот бил окупиран од страна на италијанските сили. Со Договорот од Лозана (1923), Касос се придружил на другите острови на Додеканезите станувајќи дел од италијанското владеење на италијанските егејски острови, и бил отстапен од Италија на Грција со Париските мировни договори од 1947 година. Островот формално се приклучил кон Кралство Грција во 1948 година.
Наводи
уреди- ↑ Bertarelli, 139
- ↑ Peter Saundry, C.Michael Hogan & Steve Baum. 2011. Sea of Crete. Encyclopedia of Earth. Eds.M.Pidwirny & C.J.Cleveland. National Council for Science and Environment. Washington DC.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Bertarelli, 138
- ↑ „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (грчки). National Statistical Service of Greece. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-21.
- ↑ „MINOAN AND MYCENAEAN SETTLEMENT IN KASOS AND KARPATHOS“. Bulletin of the Institute of Classical Studies. 30: 53–61. 2010-03-12. doi:10.1111/j.2041-5370.1983.tb00435.x. Посетено на 2013-03-26.
- ↑ Paul D. Hellander, Greece, pg 530
- ↑ „Κάσος: Τουρκοκρατία και Ολοκαύτωμα“. Insitu.gr. Архивирано од изворникот на 2012-06-14. Посетено на 2013-03-26.
Надворешни врски
уреди- Bertarelli, L.V. (1929). Guida d'Italia, Vol. XVII. Consociazione Turistica Italiana, Milano..
- Official website (англиски) (грчки)