Флојд Ландис
Флојд Ландис (англиски: Floyd Landis; р. 14 октомври 1975) — поранешен американски професионалeн велосипедист, кој бил активен во периодот од 1999 до 2010 година. Пред тоа, Ландис возел планински велосипедизам и бил во 1993 година национален шампион за возачи до 23 години. Најголемиот успех во кариерата го остварил во 2006 година кога го освоил Тур Де Франс, но му ја одзеле победата после позитивен допинг-тест и победата е препишана на Оскар Переир.[1]
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Флојд Ландис | ||
Роден | 14 октомври 1975 Фармерсвил, Пенсилванија, САД | ||
Висина | 1,78 м | ||
Маса | 68 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | пензиониран | ||
Дисциплина | друмски | ||
Улога | возач | ||
Професионални клубови | |||
1999–2001 2002–2004 2005–2006 2009 2010 | Меркури Дискавери Канал Фонак АУЧ-Максис Бахати Фаундејшн | ||
Значајни победи | |||
|
Детство и аматерска кариера
уредиФлојд е второ дете на Пола и Арлене Ландис, пораснал во Фармерсвил, Пенсилванија.[2] Лендис во почетокот велосипедот го користел само кога одел со другар му на риболов, а наскоро почнал да ужива во возењето и одлучил да учествува во локална трка, на која се појавил во долниот дел на тренерки бидејќи неговата религијата не му дозволубала да облече шорц.[3] Лендис победил во таа трка и продолжил да се натпреварува на локалните трки.
На неговиот татко не му се допаѓало што син му се занимава со велосипедизам и се обидувал да го обесхрабри давајќи му додатни обврски, така Лендис немал време да тренира преку ден и се извлекувал преку ноќ да тренира. Неговиот татко ја примил дојавата дека син му се извлекувал преку ноќта[4], а бидејќи не ја ценил неговата страст за велосипедизам, мислел дека користи дрога или алкохол. Честопати го следел, да се осигура дека нема да падне во некоја неволја. Неговиот татко подоцна станал еден од најголемите негови навивачи.[5][6]
Кариерата ја започнал во Моунтајн бајк, 1993 година го освоил државното првенство во Моунтајн бајк за јуниори. На 20 години се преселил во Јужна Калифорнија.
Професионална кариера
уредиЛендис прејде во друмски бициклизам и ја почна професионалната кариера, во 1999 година во тимот Меркур. Во првата сезона остварил една победа и освоил трето место на трка Тур Авенир. 2000 година освоил трка во Француска Пуату—Шаренте. Во текот на првите две години, бил доста приметен и Ленс Армстронг го однел со себе, во тимот Ју Ес Постал и го изабрал да вози со него на три Тур Де Франс по ред, од 2002 до 2004 година Армстронг ги освоил сите три. Лендис во прва сезона освојил етапа на трето Тирено—Адриатико и друго место на Критеријуму Дофине Либере. Новата победа ја чекал до 2004 година кога ја освоил трката во Португал, Волта Алгарве, со една етапна победа. На Тур Де Франс 2004 година Ландис бил прв помошник на Армстронг, во текот на етапата 17, благодарение на Лендис, некои од Армстронговите соперници се откажале при последниот успон, а за Лендис веќе пишувале како нов водач на тимот. Сепак, на крајот на сезоната, поминал во тимот Фонак.
2005 година завршил трет на Турнир на Грузула и деветти на Тур Де Франс, што му бил најдобар дотогашни резултат.
2006 година Лендис го освоил Тур Грузија, Калифорнија и Париз-Ница, после што станал водач во УЦИ рангирање. На Тур Де Франс возел со болки поради повреда, кој го опишал како ужасен „коска се трие од коска“. И покрај болките Лендис го освоил Тур Де Франс и победата ја нарекол „тријумф на упорност“, поради јаките болки кои ги трпел. На 27 септември 2006 година објавил дека колкот успешно му е заменет со метален.
Допинг
уредиНа 27 јули 2006 година тимот Фонак објавил дека Лендис бил позитивен на допинг тест, имал високо ниво на тстостерон при етапата 17. Ландис го отфрлил тоа, истакнувајќи дека се надева на негативниот резултат на Б примерок. Но и тој бил позитивен, и Ландис бил отуштен од тимот Фонак. Со почетокот на август, свецката антидопинг агенција го прогласила Лендис крив за допинг, а светската бициклистичка федерациа УЦИ му ја одземала победата на Тур Де Франс, и таа му припаднала на друго пласираниот Оскар Переиру. 20 септември 2007 година Лендис е прогласен крив за допинг пред званичниот комитет и суспендиран е на две години, ретко активно до 1 јануари 2007 година. Лендис на таа одлика се жалел на судот за спортска арбиража, и сослушувањето трајало од 19 до 24 март 2008 година, во Њујорк. Пресудата е донесена на 30 јуни 2008 година, каде е само потврдено дека е крив и суспензијата останала на сила.
Враќање на велосипедизмот
уредиПосле истекот на суспензијата, 2009 година, се вратил на возењето во малиот тим Максис, со кој учествувал на трката Калифорнија и го завршил на 23 место. Го напуштил тимот на крајот на сезоната, истакнувајќи дека сака да вози поголеми трки во Европа. На почетокот на 2010 година, прешол во Бахат тим, но откако што признал дека користел допинг и ги обвинил поголемиот број американски возачи, тимот Бахат почнал да се растура. Лендис во јули 2010 година, возел класик во тимот Орегон, како самостоен возач.
Во наредните неколку месеци не успеал да пронајде тим во кој ќе вози, и ја завршил кариерата во јануари 2011 година.
Приватен живот
уредиВо јули 2011 година, Лендис дал интервју на Грахам Бесинегер, во кој го опишал својот план и тренинг за натпреварот во НАСКАР. Во април 2012 година, откриено е дека федералните тужители водат истрага против Лендис, поради телегравски и поштенски измами, почнувани додека Лендис се бранел од обвинување за допинг, во 2007 година. Во август 2012 година, Лендис ги признал измамите, и му е одредено да плати казна од 478.000 долари.
Во 2016 година ја отворил фабриката Канабис во Колорадо.
Наводи
уреди- ↑ „Phonak Cycling Team to clarify consequences“. Phonak Cycling Team. 2006-08-05. Архивирано од изворникот на 2006-08-27. Посетено на 2006-08-05.
- ↑ Everson, Darren (2006, July 30). Landis lived in the Conestoga Valley School District. World Descends on Farmersville. New York Daily News, p. 62-63.
- ↑ Zarembo, Alan (2010-05-22). „Floyd Landis has nothing left to lose – Los Angeles Times“. Articles.latimes.com. Посетено на 2010-07-17.
- ↑ Floyd Landis – Mennonite in tights. The Religion Report 26 July 2006
- ↑ OLN Television broadcast of the 2006 Tour de France, July 22, 2006
- ↑ Coyle, Daniel (July 2006). „The New American in Paris“. Outside Magazine. Архивирано од изворникот на 2010-09-26.