Орден Илинден - 1903 година
- За други значења на поимот Илинден воидете на појаснителната страница
Орденот Илинден - 1903 година — високо македонско одличие за разни заслуги за државата. Именуван е во чест на Илинденското востание кое се одиграло во 1903 година.
Орден Илинден - 1903 година | |
---|---|
Доделена за | Заслуги во борбите за национално и социјално ослободување, за исклучителен придонес, за државно правен и општествен развој и јакнење на односите на заедниците во Република Македонија. |
Држава | Македонија |
Доделува | Претседател на Македонија |
Особености
уредиОрденот е всушност редизајн на Илинденската споменица од 1951 година[1]. Орденот има основна форма на четворокрака ѕвезда со димензии од 71 мм. Изработен е од сребро и позлата и не се носи на лента.
Редниот број на орденот, жигот за чистота на металот од кој е изработен и жигот на производителот се втиснати на задниот дел на орденот.
Секој орден и медал има соодветна кутија, во одредена боја, која димензионално одговара на димензиите на одличјата. На поклопецот на кутијата со златовтиснување е името на одличјето.
Лентите за ордените се изработени од маорирана свила во пропишаната боја и димензија.
Критериуми
уредиОрденот Илинден - 1903 година се доделува на:
- истакнати личности во борбите за национално и социјално ослободување; за политичките затвореници и лица прогонувани, судени и затворани за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност; за лица, државни органи, установи, владини и невладини организации и слично, кои со нивни посебни залагања придонеле во создавањето на сувереноста, независноста, територијалниот интегритет на Република Македонија; како и за исклучителен придонес за нејзиниот државно - правен и општествен развој и за јакнење на односите на заедниците во Република Македонија и
- лица за извонредни дела и заслуги на полето на безбедноста и одбраната на Република Македонија, како и за меѓународна соработка на овие полиња.