Горанчо Котески (р. 18 август 1965) е македонски воен генерал, деветти началник на Генералштабот на АРМ (2011-2015).

Горанчо Котески

Роден во:Прилеп
Служба во:Македонија Македонија
Род: АРМ
Чин:Генерал-мајор

Животопис

уреди

Котески е роден во Прилеп на 18 август 1965 година. Средно воено училиште завршил во Сараево, а воена академија во Белград и во Сараево. Дипломирал на престижниот воен колеџ на НАТО во Рим, а бил и воен аташе во Германија. Котески ја извршуваше и функцијата аѓутант на претседателот Ѓорге Иванов, како и советник за воени прашања, а во март годинава беше назначен за командант на Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ. Во армиските кругови позитивно се гледа на назначувањето на Котески, кој важи за пронатовски и прореформски настроен генерал.[1]

Генерал Горанчо Котески, со указ на Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов е именуван за Началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија за 16 август 2011.[2] Генерал-мајор Методија Величковски доаѓа на местото на досегашниот началник на генералштабот на АРМ, Котески, за 18 август 2015.[3]

Наводи

уреди
  1. „Горанчо Котески нов началник на Генералштабот“. Архивирано од изворникот на 2017-02-02. Посетено на 2016-05-01.
  2. „Бригадниот генерал Горанчо Котески – нов началник на Генералштабот на АРМ“. Архивирано од изворникот на 2016-05-31. Посетено на 2016-05-01.
  3. „Методија Величковски е нов началник на Генералштабот на АРМ“. Архивирано од изворникот на 2016-04-09. Посетено на 2016-05-01.
Претходник
Мирослав Стојановски
Началник на Генералштабот на АРМ
2011-2015
Наследник
Методија Величковски