Јован Јоновски
Јован Јоновски (Скопје, 7 август 1971) — хералдичар, хералд и претседател на Македонското грбословно друштво[1], историчар, теолог и физичар, најпознат по своите активности во хералдиката, вексилологијата и фалеристиката.
Јован Јоновски | ||
Роден | 7 август 1971 Скопје, СР Македонија, СФРЈ | |
---|---|---|
Занимање | Хералдичар, теолог, историчар, физичар |
Животопис
уредиЈоновски е роден на 7 август 1971 година во Скопје, каде што дипломирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на Институтот по физика. Теологија студирал во Будимпешта, Лондон и Нови Сад, каде магистрирал во 2008 година. Во 2014 година магистрирал по историја во Скопје на Институтот за национална историја. Докторирал во 2018 исто на ИНИ со темата „Сонцето и лавот како симболи во хералдиката и вексилологијата на Македонија“.
Јоновски е претседател и хералд на Македонското грбословно друштво од основањето во 2018 година. Од 2003 до 2018 година бил претседател на духовниот наследник на МГД, наречено Македонско хералдичко здружение. Придружен член е на Меѓународната академија на хералдика, член на Интернационалната комисија за витешки редови, член на Комисијата за Одликувања и признанија на Македонија на Претседателot на Македонија (2009-2019), како и член на голем број национални хералдички здруженија.
Главен уредник е на „Македонски Хералд“, член на уредничкиот одбор на „Херолд“ од Софија. Автор e на поставката „Грбовите на Македонија“ во Музејот на Македонија во 2009 година.
Носител е на рускиот орден „Свети Станислав“.
Книги
уреди- Симболите на Македонија, Силсон, 2015.[2]
- Илустрирана Библија, Библиска лига, 2015.[3]
- Историја на евангелско-протестантските цркви во Македонија, Изгрев, 2017.[4]
- Прирачник за возачи за превоз на опасни материи во меѓународниот патен сообраќај ADR, АСУЦ, 2017[5]
- Сонцето и лавот како симболи во хералдиката и вексилологијата на Македонија, Македонско грбословно друштво, 2019.[6]
- The Sun and the Lion as Symbols of the Republic of Macedonia: A Heraldic and Vexillological Analysis, Flag Heritage Foundation, Danvers, 2020.[7]
- Историја на евангелско-протестантските цркви во Македонија, каталог на изложба, Изгрев, 2021.[8]
Целосна библиографија.[9]
Наводи
уреди- ↑ https://heraldika.org.mk/about-us/members/
- ↑ Јоновски, Јован (2015). Симболите на Македонија. Скопје: Силсон. ISBN 9786082190914. Укажано повеќе од еден
|author=
и|last=
(help) - ↑ Јоновски, Јован (2015). Илустрирана Библија. Скопје: Библиска лига. ISBN 978-608-4678-02-1. Укажано повеќе од еден
|author=
и|last=
(help) - ↑ Јоновски, Јован (2017). Историја на Евангелско-протестатнските цркви во Македонија. Скопје: Изгрев. ISBN 9786086604615. Укажано повеќе од еден
|author=
и|last=
(help) - ↑ Јоновски, Јован (2017). Прирачник за возачи за превоз на опасни материи во меѓународниот патен сообраќај ADR. Скопје: АСУЦ. ISBN 978-9989-145-11-7. Укажано повеќе од еден
|author=
и|last=
(help) - ↑ Јоновски, Јован (2019). Сонцето и лавот како симболи во хералдиката и вексилологијата на Македонија. Скопје: Македонско грбословно друштво. ISBN 978-608-66337-0-7. Укажано повеќе од еден
|author=
и|last=
(help) - ↑ Јоновски, Јован (2020). The Sun and the Lion as Symbols of the Republic of Macedonia: A Heraldic and Vexillological Analysis. Danvers: Flag Heritage Foundation. ISBN 978-1-4507-2437-1. Укажано повеќе од еден
|author=
и|last=
(help) - ↑ Јоновски, Јован (2021). Историја на Евангелско-протестатнските цркви во Македонија, каталог на изложба. Скопје: Изгрев. ISBN 9786086604660. Укажано повеќе од еден
|author=
и|last=
(help) - ↑ https://heraldika.org.mk/jovan-jonovski/