Медал за храброст (Македонија)

Медалот за храброствоено одличие на Република Македонија кое се доделува за искажана храброст во воено-безбедносни операции или ситуации.

Медал за храброст
Видвоено одличие
Доделена заПокажана лична храброст и самопрегор во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија
ДржаваМакедонија Македонија
ДоделуваПретседател на Македонија
Статуссе доделува
Прво
доделување
21 декември 2011[1]
Статистика
Посмртни одликувања97
Вкупно добитници104

Особености

уреди

Има основна четворокрака ѕвездеста форма во димензии од 55мм. Медалот е стилизирана четворокрака ѕвезда под која се вкрстени два меча. Во полето на ѕвездата има осум златни краци кои се спојуваат во централната точка на средишниот круг во кој е напишано мотото - „за храброст“.

Медалот е изработен од сребро, позлата, тониран топол емајл. Има соодветна лента и минијатурна лента. Редниот број на орденот, соодветен жиг за чистота на металот од кој е изработен и жигот на производителот се втиснати на задниот дел на орденот.

Секој орден и медал има соодветна кутија, во одредена боја, која димензионално одговара на димензиите на одличјата. На поклопецот на кутијата со златовтиснување е името на одличјето.

Лентите за ордените се изработени од маорирана свила во пропишаната боја и димензија.

Критериуми

уреди

Медалот за храброст се доделува на:

Добитници

уреди
  • потполковник Орце Јордев
  • мајор Драганчо Војнески
  • мајор Димче Велков
  • постар водник Стојче Стоилов
  • постар водник Зоран Ристов
  • водник Зоран Трајков
  • Сами Нуредин
  • 46 загинати припадници на АРМ од 2001 г., посмртно
  • 11 припадници на мисијата АЛТЕА, посмртно
  • 32 загинати припадници на МВР од 2001 г., посмртно
  • 8 загинати припадници на МВР од Вооружената престрелка во Куманово (2015), посмртно.[2]

Наводи

уреди
  1. „Иванов врачи седум медали за храброст“. Вечер. Скопје. 21 декември 2011. Посетено на 27 декември 2017.[мртва врска]
  2. http://president.mk/mk/2011-09-03-12-21-37/3810-dodeluvanjeordenzavoenizaslugimedalzahrabrost.html[мртва врска]