Орден Света Мајка Тереза
Орден Света Мајка Тереза е орден на Република Македонија кој се доделува за промовирање на хуманоста, милосрдието и добротворноста на локално, регионално и глобално ниво. Овој орден, за разлика од сите други оредни и медали, не го доделува Претседателот на Република Македонија, како што е според Уставот, туку посебна Комисија.
Орден Света Мајка Тереза | |
---|---|
Доделена за | Промовирање на хуманоста, милосрдието и добротворноста на локално, регионално и глобално ниво |
Држава | Македонија |
Доделува | Именувана комисија |
Одлики
уредиИако овој орден се наоѓа во Законот за одликувања и признанија на Република Македонија, тој по својата природа е државна награда, бидејќи не го доделува Претседателот, туку надворешна комисија. Изгедот на орденот сѐ уште не е утврден, со што истиот не се доделува.
Криетриуми
уредиОрденoт Света Мајка Тереза се доделува на лица за особени достигнувања во ширењето на хуманоста, милосрдието, добротворноста, толеранцијата и соживотот кои даваат хуман придонес преку помагањето на болните, гладните, сираците, напуштените, луѓето отфрлени од општеството, обесправените, сиромашните, угнетените, бездомниците, бегалците, лица со особен социјален ризик и лица од други ранливи категории на локално, регионално и глобално ниво.[1]
Орденот Света Мајка Тереза се доделува во пет ранга, во зависност од обемот, ефектот, влијанието и нивото на достигнувањето во областите и нивоата. 1. степен се доделува на лица за особени достигнувања каде што обемот, ефектот и влијанието на извршените достигнувања се од особено значење на глобално ниво. 2 и 3 степен се доделува на лица за особени достигнувања каде што обемот, ефектот и влијанието на извршените достигнувања се од особено значење на регионално ниво. 4 и 5 степен се доделува на лица за особени достигнувања каде што обемот, ефектот и влијанието на извршените достигнувања се од големо значење на регионално ниво.
Комисија
уредиКомисија ја назначува Собранието на Република Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и има седум члена и тоа:
- Министерот за надворешни работи;
- Претставник на Католичката црква, на предлог на Католичката црква во Република Македонија;
- Два члена државјани на Република Македонија со висок авторитет во областите за кој се доделува овој орден, по еден на предлог на претседателот на Република Македонија и Македонската академија на науките и уметностите;
- Три члена државјани на странски држави со висок авторитет во областите за кој се доделува овој орден, на предлог на Министерството за надворешни работи.
Одлуките во Комисијата се носат едногласно.[2]
Наводи
уреди- ↑ „ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОДЛИКУВАЊА И ПРИЗНАНИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ (PDF). Службен весник на РМ, бр. 190 од 17.10.2016 година. Посетено на 2021-09-26.
- ↑ „ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОДЛИКУВАЊА И ПРИЗНАНИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ (PDF). Службен весник на РМ, бр. 190 од 17.10.2016 година. Посетено на 2021-09-26.