Началник на Генералштабот на АРМ
Началник на Генералштабот на АРМ е функција која ја врши лицето кое стои на чело на Генералштабот на АРМ. Ваквата функција ја извршуваат воени лица со генералски чин. Досега има 11 началници. Прв началник по осамостојувањето е Митре Арсовски, назначен во 1992, а тековен началник е генерал-мајорот Васко Ѓурчиновски, назначен во 2018 година. Досега најратко служел Панде Петровски, само околу 3 месеци, а најдолго Мирослав Стојановски, околу 6 години.
|
Име | Во служба |
---|---|
Митре Арсовски | 1992-1993 |
Драгољуб Боцинов | 1993-1996 |
Трајче Крстевски | 1996-2000 |
Јован Андревски | 2000-2001 |
Панде Петровски | 2001-2001 |
Методи Стамболиски | 2001-2004 |
Ѓорѓи Бојаџиев | 2004-2005 |
Мирослав Стојановски | 2005-2011 |
Горанчо Котески | 2011-2015 |
Методија Величковски | 2015-2018 |
Васко Ѓурчиновски | 2018- |
Надворешни врски
уреди- Началник на ГШ на АРМ Архивирано на 15 јануари 2019 г.
- Поранешни Началници на ГШ на АРМ Архивирано на 8 мај 2016 г.