Медал за учество во хуманитарни или мировни операции, надвор од територијата на Република Македонија

Медал за учество во хуманитарни или мировни операции надвор од територијата на Македонија е сервисен медал за учество во странски мисии. Ова е единствениот медал кој на лентата и рибонот има број кој укажува на редниот број на медалот на добитникот.

Медал за учество во хуманитарни или мировни операции надвор од територијата на Македонија
Видвоено одличие
ДржаваМакедонија Македонија
ДоделуваПретседател на Македонија
Статуссе доделува
Претставена2012
Прво
доделување
18 август 2023


Одлики уреди

Медалот има кружна форма со димензии од 35 мм, тежина од 14 гр и дебелина од 2,5 мм. Изработен е од замак - легура на цинк, галванизирана со бакар, никел и 24-каратна позлата.

Основата на медалот е рапава на допир. Од горниот десен агол кон долниот лев агол се подига елемент во форма на стилизирана ѕвезда со 16 краци, со силно заоблени врвови, која има дијаметар од 32 мм. На неа се прикажани зраци. Површината на овој елемент е мазна на допир.

На средината на медалот се издига стилизирана претстава на глобус, со прикажани меридијани и напоредници, кои можат да се почувствуваат на допир. Неговиот дијаметар е 18,8 мм.

На десната страна на медалот се издигнува стилизирана маслинова гранка.

Лентата и рибонот на медалот се комплементарни со лентите и рибоните на останатите медали и ордени, а се диференцираат со вметнување на сината боја, како боја вообичаена за претстава на светот, како боја на мирот, на безбедносните сили, на речиси сите меѓународни организации, особено ОН, НАТО и ОБСЕ.

Димензиите на лентата се 35 мм х 50 мм. Во средината на истата има прицврстено осумкрака ѕвезда, која е со дијаметар од 12 мм и која е изработена од истата легура како медалот. Sвездата е златна, сребрена или бронзена, со и без аплицирани бројки, согласно бројот на учество во операции.

Рибонот е со истиот дезен и шара како лентата и е со димензија од 35 мм х 10 мм. На него исто така е прицврстена ѕвезда, соодветна на онаа на лентата, со дијаметар од 8 мм.

Автор уреди

Автор на идејно-графичкото решение на медалот е Коста Стаматовски, хералдички уметник и графички дизајнер, автор и на грбовите на Општина Охрид и Општина Ново Село, како и на веб-страницата посветена на знамето на Македонија, zname.mk.[1]

Прво доделување уреди

Иако воспоставен уште во 2012 година, овој медал првпат е доделен на 18.8.2023 година, Денот на Армијата, на 13 припадници на Армијата како првите македонски мировници во Авганистан, кои на 8 септември 2002 година го означија почетокот на нашиот ангажман и придонес за меѓународниот мир и безбедност.[2]

Критериуми уреди

Медалот се доделува:

  • на припадниците на безбедносните сили на Македонија, како и на граѓаните на Македонија ангажирани во активности во хуманитарни или мировни операции надвор од територијата на Македонија.

Медалот се доделува за секое учество во хуманитарни или мировни операции надвор од територијата на Македонија, и тоа:

  • прво учество - медал со чист рибон и лента;
  • второ учество - медал со бронзена ѕвезда на средина на лената и рибонот;
  • трето учество - медал со бронзена ѕвезда и број 1 на средина на лената и рибонот;
  • четврто учество - медал со сребрена ѕвезда на средина на лената и рибонот;
  • петто учество - медал со сребрена ѕвезда и број 1 на средина на лената и рибонот;
  • шесто учество - медал со златна ѕвезда на средина на лената и рибонот и
  • за учество во секоја следна мисија - медал со златна ѕвезда и последователен број на средина на лената и рибонот.[3]

Наводи уреди

  1. „Медал за учество во операции — Хералдички уметник Коста Стаматовски“.
  2. „Пендаровски утре ќе одликува припадници на Армијата со Медал за учество во хуманитарни или мировни операции“.
  3. http://www.slvesnik.com.mk/Issues/73F958203F227F499B450C2A61A17508.pdf