Хералд
Хералд (од старофр. herault = „гласник“) — грбовен службеник, по ранг помеѓу персевант и грбовен крал. Честопати оваа титула погрешно се употребува за сите грбовни службеници.
Хералдите најпрвин биле гласници кои ги испраќале владетелите или благородниците за да носат пораки или да разгласуваат објави, и во овој смисол тие се претходници на денешните дипломати. За време на Стогодишната војна, француските хералди го предизвикале англискиот крал Хенри V на борба. Во текот на Битката кај Азенкур, англискиот и францускиот хералд Монжоа, ја гледале Битката заедно од еден соседен рид; обајцата се согласиле дека Англичаните се победници. Потоа Хенри V, како победник, го добил правото да ја именува битката, и тогаш Монжоа му го препорачал името на блискиот замок.[1]
Како и другите грбовни службеници, хералд носи шинел наречен табард, украсен со грбот на неговиот господар. Хералдите најверојатно почнале да се занимаваат со грбови во доцниот Среден век кога имале за задача да ги регулираат грбовите на витезите кои учествувале во турнири. Со намалувањето на улогата на ладното оружје, хералдиката добила уште повеќе на важност, бидејќи сега хералдичките обележја станале главен начин на идентификација на род, семејство и потекло. Низ вековите хералдиката претрпела разни регулации. Така, главната задача на хералдот денес е да биде експерт по грбови. Во Обединетото Кралство хералдите сѐ уште се повикуваат да читаат јавни прогласи, носејќи табард извезен со кралскиот грб.
Хералдите денес
уредиДенес во неколку земји постојат активни државно-назначени хералди, меѓу кои и Обединетото Кралство, Република Ирска, Канада и ЈАР. Во Англија и Шкотска највеќето хералди се вработени од владетелот со полно работно време и се нарекуваат „Редовни хералди“ (Heralds of Arms in Ordinary). Хералдите во привремена служба се нарекуваат „Вонредни хералди“ (Heralds of Arms Extraordinary). Овие се ангажираат за големи државни свечености, како крунисување. Покрај ова, Хералдичкиот орган на Канада има создадено посебен вид на херад наречен „Почесен хералд“ (Herald of Arms Emeritus), што претставува посебна почесна титула која се доделува на истакнати хералдичари со голем стаж. Во Шкотска, некои поглавари на кланови, сѐ уште имаат свои приватни грбовни службеници кои се занимаваат со случаи од генеалошко значење за членовите на кланот, иако овие службеници обично се само персеванти.
Во Македонија
уредиВо Република Македонија има три хералди на Македонското грбословно друштво: [2]Главен хералд, д-р Јован Јоновски, Вардарски хералд, д-р Иван Нацевски, и Еригонски хералд, д-р Павле Арсоски.
Англиски хералди
уредиАнглиски редовни хералди
уредиАнглиски вонредни хералди
уредиШкотски хералди
уредиШкотски редовни хералди
уредиШкотски вонредни хералди
уредиКанадски хералди
уредиКанадски редовни хералди
уреди- Главен хералд на Канада
- Herald Асинибојн
- Хералд Атабаска
- Хералд Копермајн
- Хералд Фрејзер
- Хералд Мирамичи
- Хералд Сагене
- Хералд Сен-Лорен
Канадски вонредни хералди
уредиКанадски почесни хералди
уредиМакедонски хералди
уредиНаводи
уреди- ↑ Keegan, John. The Face of Battle, 1983, Penguin Classics, ISBN 0-14-004897-9, стр. 74, 77, 104-105
- ↑ Македонско грбословно друштво
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Македонско грбословно друштво (македонски)
- Суд на Лордот Лајон Архивирано на 7 јуни 2014 г. (англиски)
- Колегијат на Грбови (англиски)
- Канадски хералдички орган Архивирано на 10 март 2007 г. (англиски)
- Служба на Главниот хералд на Ирска Архивирано на 24 јули 2020 г. (англиски)